Верски вести II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе оди во прва посета на Хрватска на 4-ти и 5-ти јуни 2011 год., се вели во соопштението на Хрватската бискупска конференција. Претходникот на Бенедикт, починатиот папа Јован Павле Втори, ја посети Хрватска трипати. (Хина, ХРТ, Вечерњи лист, radio.net,)
 
Папата Бенедикт во својата нова книга ги ослободи Евреите од вината за смртта на Исус.

Римокатоличката црква официјално ја отфрли идејата за колективна вина на Евреите за смртта на Исус во важен документ на Вториот ватикански совет во 1965 година.

АлсатМ.

Овие ептен биле забегани...
 
Поповите ќе платат за блудничењето
49B46E078AFAA840AFD408A19566D67B.jpg

Католичката црква се согласи да исплати по 5.000 евра за жртвите на сексуална злоупотреба
Католичката црква во Германија предложи отштета од 5.000 евра за секоја од жртвите на сексуална злоупотреба, во случаи кои повеќе нема да можат да бидат донесени пред суд, бидејќи премногу време мина откако се случиле наведените злосторства. Во некои посебно сериозни случаи ќе биде исплатена поголема сума. Освен тоа, црквата ќе ги плати трошоците за терапија на оние лица што биле злоупотребени од свештеници или од други црковни службеници.

Според Матијас Кач од групата на жртви „Квадратна маса“, тие ја отфрлаат понудата, нарекувајќи ја сумата „навредлива“. Кач изјави за весникот Франкфуртер Рундшау дека е „злобно тоа како најбогатата црква на светот се обидува да се амнестира од скандалот“.

Најавата од Католичката црква дојде во средата на владината тркалезна маса за испитување на прашањето за сексуална злоупотреба на деца. Околу 60 претставници од светот на политиката, религијата, општеството и од други интересни групи се сретнаа во Берлин да дискутираат за предлозите што ги даде Кристине Бергман, која заседава со форумот.

Бергман е поранешен семеен свештеник која сака да направи шема за компензација што ќе биде обезбедена од прилози од црквите, државата, школите и други организации. Од овој собран фонд ќе бидат покриени терапиите, советувањата и шемите за спречување идни злоупотреби.

Од своја страна, Католичката црква најави дека ќе вложи 500 илјади евра во таканаречениот „фонд за превенција“. Црквата категорично потенцираше дека парите нема да дојдат од даночните обврзници.

Од засегнатите ќе биде побарано да дадат писмена изјава со детали за нивните обвинувања. Тоа ќе биде разгледувано од комисија која ќе го одреди нивото на потенцијалната отштета. Не е јасно колку луѓе ќе излезат со такви тврдења.

Во меѓувреме, јавната дебата беше фокусирана на висината на финансиската компензација, која жртвите можат да ја добијат.

Во јануари редот на Језуитите беше една од првите групи кој го направија првиот чекор, доделувајќи симболичен износ од 5000 евра за секоја жртва. Некои други држави веќе одредија компензациски шеми со повисоки суми. Во Ирска, фондот создаден од државата и од Католичката црква веќе исплати по околу 65.000 евра за секој случај.

Кристијан Аренд, постар член на партијата Слободни демократи, за весникот Ное оснабрикер цајтунг изјави дека секоја сума помала од 5.000 евра нема да биде задоволителна. Аренд верува дека „најмалку“ соодветна ќе биде шема како онаа која е направена во Австрија. Таму Католичката црква исплати по 25.000 евра за секој случај, во зависност од сериозноста на обвинувањата.

„Компензација за жртвите е морална должност на Католичката црква“, изјави Аренд за весникот.

Тркалезната маса започна со работа во почетокот на 2010 година, по напливот од сознанија за сексуални злоупотреби во црквите и во другите установи. Комитетот, исто така, доби задача за да исцрпи сите правни можности, вклучувајќи можност за донесување статут на ограничувања, како и превенциски методи и поддршка за жртвите. Се очекува ова тело да ја заврши работата до крајот на 2011 година. (Дојче веле
 
„Компензација за жртвите е морална должност на Католичката црква“, изјави Аренд за весникот.

За кој морал зборат овие .. ц ц ц ...
сакаат да кажат плаќаме 5000 евра за сексуална употреба на вашето дете ..
и после платената оштета никому ништо ...
и тоа париве ќе ги собирале од покрај другото и од школи ... абе нека се скријат таму ... која иронија ..

во овој момент треба да си ги искористат законите од инквизицијата и да се спалат ...

морав да искоментирам на оваа глупост ... немој да продолжувате :)
 
За кој морал зборат овие .. ц ц ц ...
сакаат да кажат плаќаме 5000 евра за сексуална употреба на вашето дете ..
и после платената оштета никому ништо ...
и тоа париве ќе ги собирале од покрај другото и од школи ... абе нека се скријат таму ... која иронија ..

во овој момент треба да си ги искористат законите од инквизицијата и да се спалат ...

морав да искоментирам на оваа глупост ... немој да продолжувате :)

Како модератор треба да знаеш да коментарот во кој повикуваш на линч е НЕДОСТОЕН и глупав. Те соверувам, како некој кој треба да е пример за толеранција, во иднина ова да не ти се повтори.
 
Значи шо убавиње се изначитав во ова “Верскиве вести“... Ех, што ти значи... чекај чекај... темава треба да се вика “Религиски вести“.

Немојте да ја навредувате верата!
 
Како модератор треба да знаеш да коментарот во кој повикуваш на линч е НЕДОСТОЕН и глупав. Те соверувам, како некој кој треба да е пример за толеранција, во иднина ова да не ти се повтори.

Хм,
можеби си у право ... но можеби си и пристрасен, шо мислиш?

иронично, глупо и недостојно е да се надеваш дека ќе си ги откупиш гревовите со 5000евра, а не мојот коментар,
никогаш не би посакал ова да му се деси на некој, но само виртуелно пробај да си замислиш да му се деси на твое дете (Недај „Боже“) па да видам како ќе реагираш ...

Инаку толеранција меѓу религиите Да, но ова нема никаква допирна точка со тоа ... ни пак оние кои го направиле делото не заслужуваат ни трошка толеранција.
 
Протести на христијаните во Египет

Причина за протестите е палењето на христијанска црква во Каиро од страна на муслиманите поради љубовна афера на христијанин и муслиманка.

Оваа афера веќе однесе две жртви во судирот на членовите на семејството на муслиманката.
Муслиманите од селото на жената пред два дена ја запалија христијанската црква, изјави еден од сведоците на настанот, што доведе до денешниоте протести пред египетската државна телевизија каде се собраа околу илјада лица, пренесоа агенциите.

Протестот почна во саботата вечерта и ескалираше денеска, а групите за човекови права предупредуваат дека религиските судири во земјата се во пораст.

Во Египет мнизинството од населението се муслимани, а околу 10 отсто се Копти, припадници на христијанската религија

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=72273
 
Католиците од Македонија кои литургиското славење го вршат по Источниот обред, Златоустовата литургија и примена на Јулијанскиот календар, Великиот пост го започнаа на 07,03,2011 година, на чист понеделник.

Католиците од Македонија пак кои литургиското славење го вршат по Западен обред и го пименуват Грегоријанскиот календар, Великиот пост го започнуват на 09,03,2011 година, на Пепелница, среда.
 
Германскиот министер за внатрешни работи ги разлути муслиманите
spacer.gif
img43993691.jpg
08.03.2011 | 14:21
spacer.gif
Извор: Нетпрес
spacer.gif
Прочитано: 195 пати
spacer.gif
pliko.gif
Испрати на пријател
spacer.gif
facebook_small.png
Сподели на Facebook
spacer.gif
ga.gif
Зголеми го фонтот
spacer.gif
ma.gif
Намали го фонтот Ханс Петер Фридрих, новиот германски министер за внатрешни работи изјавил дека на Исламот “не му е местото во Германија“, држава во која живеат четири милиони муслимани, пишува британскиот весник “Индипендет“, пренесува НетПрес. Фридрих, кој припаѓа на баварското крило на христијанските демократи, познато по спротивставувањето на доселувањето на муслимани, станал шеф на полицијата пред две недели во оквирот на реконструкцијата на владата, но неговата изјава предизвикала остри реакции кај опозицијата и жестоки коментари од исламските организации, кои порачале дека ова е “шлаканица за сите муслимани“.

“Дека на Исламот му е местото во Германија е факт кој не може да се поткрепи со историски податоци“, изјавил Фридрих. Тој додал дека емигрантите мора да бидат свесни за “христијанските корени“ на Германија и дека “пред се’ мора да научат да зборуваат германски“.

Овие ставови се во спротивност со гледиштата на Кристијан Вулф, конзервативниот претседател на Германија, кој минатата година, настојувајќи да ги намали расправите за интеграцијата на странците во Германија, одржал говор во кој нагласил дека “на Исламот местото му е во Германија“, токму поради тоа што во неа живеат голем број муслимани.

Ангела Меркел, канцеларката на Германија минатата година изјавила дека обидите да се изгради мултикултурно општество целосно пропаднале.
 
^Што значи дека местото на муслиманите не им е во Германиј, а со тоа и во Европа.
 
toa znacii odeteesi muslimani od germanijaa i sirenjee islamofoboja omraza edni so drugi ,, tooaa ne dobro za nikogoo
 
КОЛУМНА
Верските слободи и еднаквост
Случајот „Паљурци“
22A14BEBCFCDD747B00457171971216A.jpg
Секоја чест на православието и на историските заслуги, но има ли еднаквост на црквите? И како не се разбира, дека освен и надвор од нив има и други Македонци, а има и Македонци-муслимани, па има и Македонци-католици, протестанти, а има и лаици или неверници (така ги викаат), а има и граѓани од други вероисповеди како што има и граѓани од други етникуми, а православни?
...


Повеќе: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5A636DD9A85AF74FBFF20AA6BDF72327
 
Уапсени Бахаисти во Иран

Повеќемина Бахаисти биле уапсени во Иран денеска поради промовирањето на нивната вера, јави новинската агенција „Ирна“. Медиумот ја пренесува изјавата на обвинител од градот Бам, кој потврдил дека Бахаистите биле уапсени по сознанијата на тајната полиција во земјата, дека ја промовирале верата во детски градинки во градовите Бам, Керман и Техеран. За сега не се знае за колку лица станува збор. На Бахаистите во Иран им е забрането да учествуваат во образовниот процес и не смеат да извршуваат државни функции. Тие се гонат пред и по исламската револуција во Иран во 1979 година.
 
Уапсени пиромани кои запалиле црква

Четири момчиња од слеото Пласница, Македонски Брод, биле приведени од полицијата поради сомневање дека подметнале пожар во црквата “Свети Никола“ во селото.
Полицијата информира дека вчераутро во полициската станица во Македонски Брод, кичевецот Д.И. (60) пријавил дека околу 9,30 часот кога пристигнал пред црквата “Свети Никола“ во селото Пласница, забележал пожар на еден од прозорите. Тој заедно со уште неколку работници од фирмата “Евро Градба“, кои вршеле градежни работи на црквата, успеале да го изгаснат пожарот.
Полициска екипа извршила увид и утврдила дека опожарена била дрвената конструкција од прозорецот на црквата како и констатирани биле оштетувања на гробовите околу црквата. Потоа полицајците ги уапсиле А.Л. (20), М.Б.(18), Е.Д. (15) и Ќ.М.(11), сите од селото Пласница, како можни сторители.

http://www.macedonia.eu.org/vesti/?id=2331093&t=/Uapseni piromani koi zapalile crkva
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom