Поповите ќе платат за блудничењето
Католичката црква се согласи да исплати по 5.000 евра за жртвите на сексуална злоупотреба
Католичката црква во Германија предложи отштета од 5.000 евра за секоја од жртвите на сексуална злоупотреба, во случаи кои повеќе нема да можат да бидат донесени пред суд, бидејќи премногу време мина откако се случиле наведените злосторства. Во некои посебно сериозни случаи ќе биде исплатена поголема сума. Освен тоа, црквата ќе ги плати трошоците за терапија на оние лица што биле злоупотребени од свештеници или од други црковни службеници.
Според Матијас Кач од групата на жртви „Квадратна маса“, тие ја отфрлаат понудата, нарекувајќи ја сумата „навредлива“. Кач изјави за весникот Франкфуртер Рундшау дека е „злобно тоа како најбогатата црква на светот се обидува да се амнестира од скандалот“.
Најавата од Католичката црква дојде во средата на владината тркалезна маса за испитување на прашањето за сексуална злоупотреба на деца. Околу 60 претставници од светот на политиката, религијата, општеството и од други интересни групи се сретнаа во Берлин да дискутираат за предлозите што ги даде Кристине Бергман, која заседава со форумот.
Бергман е поранешен семеен свештеник која сака да направи шема за компензација што ќе биде обезбедена од прилози од црквите, државата, школите и други организации. Од овој собран фонд ќе бидат покриени терапиите, советувањата и шемите за спречување идни злоупотреби.
Од своја страна, Католичката црква најави дека ќе вложи 500 илјади евра во таканаречениот „фонд за превенција“. Црквата категорично потенцираше дека парите нема да дојдат од даночните обврзници.
Од засегнатите ќе биде побарано да дадат писмена изјава со детали за нивните обвинувања. Тоа ќе биде разгледувано од комисија која ќе го одреди нивото на потенцијалната отштета. Не е јасно колку луѓе ќе излезат со такви тврдења.
Во меѓувреме, јавната дебата беше фокусирана на висината на финансиската компензација, која жртвите можат да ја добијат.
Во јануари редот на Језуитите беше една од првите групи кој го направија првиот чекор, доделувајќи симболичен износ од 5000 евра за секоја жртва. Некои други држави веќе одредија компензациски шеми со повисоки суми. Во Ирска, фондот создаден од државата и од Католичката црква веќе исплати по околу 65.000 евра за секој случај.
Кристијан Аренд, постар член на партијата Слободни демократи, за весникот Ное оснабрикер цајтунг изјави дека секоја сума помала од 5.000 евра нема да биде задоволителна. Аренд верува дека „најмалку“ соодветна ќе биде шема како онаа која е направена во Австрија. Таму Католичката црква исплати по 25.000 евра за секој случај, во зависност од сериозноста на обвинувањата.
„Компензација за жртвите е морална должност на Католичката црква“, изјави Аренд за весникот.
Тркалезната маса започна со работа во почетокот на 2010 година, по напливот од сознанија за сексуални злоупотреби во црквите и во другите установи. Комитетот, исто така, доби задача за да исцрпи сите правни можности, вклучувајќи можност за донесување статут на ограничувања, како и превенциски методи и поддршка за жртвите. Се очекува ова тело да ја заврши работата до крајот на 2011 година. (Дојче веле