Запоставување во врска

  • Креатор на темата Креатор на темата brokenaa
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јули 2010
Мислења
57
Поени од реакции
0
Не можам да најдам ваква тема :toe: ама муабетот ми е, дали се чувствувате запоставено во врската? и како се манифестира тоа? и што ви недостига? и како би реагирале? како би ставиле до знање? :smir:
 
Како мислиш запоставување?
Во кој смисол? Не обрнување на внимание? Осеќај дека сака да ти раскине?
Explain please :smir:
 
Запоставување во врска може да биде манифестирано на многу начини мора да бидеш поконкретна со прашањево.
Али ако се чувствувам запоставено во врска јас тоа и го кажувам на партнерката, разговараме, бараме решение доколку се има желба од двете страни да се реши или ќе раскинеме.
 
Сум се почувствувала така, во периодот кога е затрупан со работа и глава не може да крене, ама секогаш сум имала разбирање. Не можам да му се налутам кога го гледам изморен и едвај збори од шо му се спие.
 
Како мислиш запоставување?
Во кој смисол? Не обрнување на внимание? Осеќај дека сака да ти раскине?
Explain please :smir:

Па не обрнување внимание..барем не во мера во која ме навикнал претходно, нели, да ме мази и размази :jaj: конкретна ситуација, дечко ми доби полу брат пред скоро две години, и имам чувство дека од тогаш сум во заден план :nesum: сме разговарале за тоа и секогаш неговиот одговор е дека се лутам безвезе :nesum: и пред некоја вечер го барав касно, не можев да спијам и сакав да го чујам, и му ѕвонев и он спиел со малиот и сум го разбудила детето, и уште ми крева и ненормална ме направи како можам да ѕвонам тогаш и ми се развика :nesum: од кај да знам јас кој со кого спие, ако не ми кажал :nesum: ...а осеќај дека сака да ми раскине, па не знам, ми паѓа и тоа на памет, дека намерно ме лишува од некои ствари :(
 
Запоставеност

Запоставување во врска е состојба која ја чуствува едниот од партнерите најчесто кога:

1. едниот од партнерите губи интерес за другиот, односно

2. едниот од партнерите - бара - повеќе од другиот.

Во секој случај - очекувањата и потребите на двајцата партнери се различни па затоа се јавува чуство на запоставеност.

Знаци по кои се вели дека се препознава запоставеност се:

- незаинтересирност за тоа што другиот прави/ зборува

- отсуство на желба да му се јавиш на другиот/ да го видиш

- сеедно ти е што другиот прави итн...

Јас досега не сум се почуствувала запоставена .... или за среќа таквите моите врски завршиле со раскинување набрзо по утврдување на разлики во физичката и емотивна поврзаност/ привлечност
 
Па не обрнување внимание..барем не во мера во која ме навикнал претходно, нели, да ме мази и размази :jaj: конкретна ситуација, дечко ми доби полу брат пред скоро две години, и имам чувство дека од тогаш сум во заден план :nesum: сме разговарале за тоа и секогаш неговиот одговор е дека се лутам безвезе :nesum: и пред некоја вечер го барав касно, не можев да спијам и сакав да го чујам, и му ѕвонев и он спиел со малиот и сум го разбудила детето, и уште ми крева и ненормална ме направи како можам да ѕвонам тогаш и ми се развика :nesum: од кај да знам јас кој со кого спие, ако не ми кажал :nesum: ...а осеќај дека сака да ми раскине, па не знам, ми паѓа и тоа на памет, дека намерно ме лишува од некои ствари :(

Ова не е запоставување, има дечкото обврска плус. Нормално е да се љути на звонењето касно, па колку и да си близок, непристојни времиња постојат. Како и да е, бебе мало е голема обврска и одговорност, неможеш (читај: несмееш) да се љутиш за такви работи. Треба да го сватиш..
Сеа ептен ако не ти се јавува по една недела, па.. тогаш може да прајме мубает. Во ситуацијава, не, доаѓа дека ти смета времето што го посветува на брат му.. на еден начин - љубоморна си на тоа.
 
Па не обрнување внимание..барем не во мера во која ме навикнал претходно, нели, да ме мази и размази :jaj: конкретна ситуација, дечко ми доби полу брат пред скоро две години, и имам чувство дека од тогаш сум во заден план :nesum: сме разговарале за тоа и секогаш неговиот одговор е дека се лутам безвезе :nesum: и пред некоја вечер го барав касно, не можев да спијам и сакав да го чујам, и му ѕвонев и он спиел со малиот и сум го разбудила детето, и уште ми крева и ненормална ме направи како можам да ѕвонам тогаш и ми се развика :nesum: од кај да знам јас кој со кого спие, ако не ми кажал :nesum: ...а осеќај дека сака да ми раскине, па не знам, ми паѓа и тоа на памет, дека намерно ме лишува од некои ствари :(

Чувство на љубомора се јавува кога дечкото не ти посветува многу внимание, има малку слободно време и сл. и она што го има го посветува на некој(а) друг(а). Од друга страна ти му го посветуваш целото свое внимание нему. Поточно, ова е повеќе чувство на „Не е фер-љубомора“ и мислам дека најубаво ќе биде да поразговараш со него и сетоа ова да му го кажеш нему. (зашто нели ниту една врска не е иста и нема исти проблеми така што ние не може да дадеме соодветен совет)
Исто така, мораш да го сфатиш, има мало бебе дома, се грижи за него и му е во преден план зашто на мало бебе му треба повеќе внимание.
Кажи му дека не сакаш да ти се дере туку да ти каже како стојат работите, заинтересирај се и ти околу брат му, па прашај го и дали сака да ти раскине...
Кажи му дека сакаш повеќе внимание од него, можеби он не го приметува тоа дека се променил...
Се може да се реши со муабет и кажување на како ти е тебе, зашто нели, никој не чита мисли.

Ми се случило да сум во ситуација да се чувствувам слично, ама сум кажала отворено (или со малку кенкање :)) и нормално, работите потоа си добиваат друг тек. Партнерот знае што сакаш и што очекуваш од него.
 
Па не обрнување внимание..барем не во мера во која ме навикнал претходно, нели, да ме мази и размази :jaj: конкретна ситуација, дечко ми доби полу брат пред скоро две години, и имам чувство дека од тогаш сум во заден план :nesum: сме разговарале за тоа и секогаш неговиот одговор е дека се лутам безвезе :nesum: и пред некоја вечер го барав касно, не можев да спијам и сакав да го чујам, и му ѕвонев и он спиел со малиот и сум го разбудила детето, и уште ми крева и ненормална ме направи како можам да ѕвонам тогаш и ми се развика :nesum: од кај да знам јас кој со кого спие, ако не ми кажал :nesum: ...а осеќај дека сака да ми раскине, па не знам, ми паѓа и тоа на памет, дека намерно ме лишува од некои ствари :(
Веројатно се фрустрираме, бидејќи порано партнерот ни обрнувал повеќе внимание и трошел повеќе време на нас и сме се навикнале на тоа, а сега, има поважни обврски и му треба малку слобода т.е. со други зборови ти вика „Остај ме на раат, имам поважни ствари од тебе.“
И во право е. Можеби најдобро е да не му вртиш касно вечер/сабајле рано, бидејќи знаеш дека има мало бебе во куќата, биди толерантна, сфати го. Неможеш секогаш да му бидеш прва на листата на приоритети. Некогаш тоа ќе биде работата, некогаш тоа ќе биде друштвото, некогаш тоа ќе биде неговиот полу-брат, а некогаш тоа ќе бидеш ти. Мажите се такви. Жените не им се приоритет.
Жените им се приоритет само во фаза „заљубен сум“, но тоа поминува и останува само навиката и страста меѓу мажот и жената.
Научно докажано е дека вљубеноста во просек трае околу 2 години. Не треба да се чувствуваш запоставена, оваа појава е сосем нормална, чим велиш дека одите и повеќе од 2 години.
Искористи ја маштата. Keep the romance alive, што би рекле. Направи пак да се заљуби во тебе, ако тоа ти фали. Биди итра, затоа си жена (:
 
Tnx женски на сите за советите :smir:
Не сум љубоморна на малиот, него на вниманието кое му го посветува..порано цело беше резервирано само за мене :vozbud: сме разговарале повеќе пати, му укажувам секогаш кога ќе се почувствувам така, и се поправа неколку дена и после пак по старо :nenene: имам јас разбирање, НО не можам да знам кога можам да го барам а кога не, ако не ми каже, нели? :smir: а ме повреди тоа што изреагира така онаа вечер :nesum:...
Искрено, донекаде само ја разбирам таа опседнатост со малиот, пошто и јас имам полу-сестра, па уопште не ја рачунам за сестра.ама нели сите сме различни :toe:
 
За ова не си во право. Непишано правило е, и културно е, да не се јавуваш кај луѓево доцна ноќе, па уште ако е вклучено и мало дете, никако.

А за проблемов, мислам дека малку требит да намалиш на себичност, без навреда, и појќе да си склона кон промени и прифаќање на ситуацијата, сигурно си била свесна дека нема засекогаш да те третират ко кралица, всушност не мојш да бараш да те одберит тебе пред роднина.
Така да, или навикни се на помалку внимание и задоволи се со второ место во листа приоритети (барем дури е мало братчето), или... не знам шо да ти речам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom