@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
По разгледувањето и донесувањето на мировниот договор со Германија силите победнички на Антантата на Париската мировна конференција пристапиле и кон разгледувањето на мировните договори со останатите држави од блокот на Централните сили. Во тие рамки се разгледувал и мировниот договор со Бугарија, кој бил потпишан на 27 ноември 1919 година во Неј. Со тој договор е дефинирано санкционирана поделбата на Македонија меѓу балканските држави.
Со склучувањето на Договорот за мир со Бугарија, била во истото време склучена и Конвенцијата помеѓу Бугарија и Грција за иселување на малцинствата. За ова прашање дискутирал „Комитетот за нови држави" и се согласил да се донесе ваква Конвенција за реципрочна емиграција на населението помеѓу Грција и Бугарија. Тоа е извршена за сметка на македонскиот народ во приморскиот и пиринскиот дел на Македонија. Од Конвенцијата, која била ратифицирана на 4 октомври 1920 г., донесуваме изводи објавени во “ДОКУМЕНТИ за борбата на македонскиот народ за самостојоност и за национална држава”, том први, Универзитет “Кирил и Методиј”, Скопје, 1981)
ЗАПИСНИК ОД 49-ТА СЕДНИЦА НА КОМИТЕТОТ ЗА НОВИ ДРЖАВИ
5 септември 1919 г.
Комитетот дискутираше за решението на Високиот совет од 4 септември, во врска со предложените клаузули од г-н Венизелос (Елефтериос Венизелос, претседател на грчката влада, водач на грчката делегација на Париската мировна конференција. н.з.) за емиграцијата меѓу различните балкански држави. (Анекс (А)). Се реши нацрт-писмото во врска со овие предлози во форма одобрена од Комитетот да се испрати до г-н Венизелос и до делегацијата на СХС, а г-н Кастолди вети да подготви нацрт за разгледување на следната седница на Комитетот... (А.некс (Б))
На седницата на Високиот совет, одржана на 4 септември 1919 г., се реши:
1. Ниедна клаузула во врска со реципрочната емиграција на Балканот да не се внесе во Мировниот договор со Бугарија.
2. Извештајот на Комитетот за нови држави да се прими и да се овласти Комитетот да се консултира со г-н Венизелос по каков најдобар метод ќе се остварат неговите предлози.
Претседателот на Комитетот за нови држави до г-н Венизелос,
претседател на грчката делегација
Париз, 10 септември 1919 г.
Комитетот за нови држави и за заштита на малцинствата ги испита предлозите на грчката делегација во однос на емиграцијата што, при примена на правото за избор, треба да стане помеѓу Грција и Бугарија.
Комитетот сметаше дека не е компетентен да ги испита некои од оние клаузули што изгледа дека се поврзани со прашањето на репарацијата.
Им се обрна внимание на предлозите во однос на прашањето во врска со малцинствата што е изгледа корисно во целост во поглед на регулирањето на емиграцијата, индивидуална или колективна, и прашањата на сопственоста поврзани со тоа.
Комитетот смета дека оваа генерална концепција не може првенсвено да се ограничува на населението на териториите предавани во сегашниот Договор за мир, туку да се прошири на сите жители од која и да било балканска држава, кои имаат желба да се иселат од своето место на живеење и да живеат во друга држава. Комитетот верува дека ако оваа генерална идеја се прошири вака, ќе придонесе многу за совладување на немирите, кои долго време го потресуваа Балканот и ќе ја зголеми ефикасноста во заштитата на малцинствата. Комитетот не мисли дека ќе биде можно да се ограничи овој принцип, дека овие предлози се во полза на некои малцинства, на националностите или расите; единствениот реален критериум ќе биде желбата на заинтересираните.
Комитетот верува дека за да почне извршувањето на овој план е потребно да се добие согласност од различните заинтересирани држави за формирање на мешана комисија, која ќе ја регулира емиграцијата; исто така е потребно заинтересираните држави да авансираат фондови за трошоци на мешаната комисија.
На тој начин ќе се направат реципрочни стимулации за сите заин-тересирани балкански држави и нивното извршување ќе и се довери на специјална комисија...
... Јас ќе Ви бидам благодарен ако бидете толку добар да му ги соопштите на Комитетот сите забелешки што ќе Ви изгледаат корисни за да се заврши ова.
Ве молам примете итн.
Ф. Бертело
Претседател на Комитетот
за нови држави
D. H. Miller, Му Diary,, р. 441-447.
ЗАПИСНИК ОД 62-ТА СЕДНИЦА НА КОМИТЕТОТ ЗА НОВИ ДРЖАВИ
24 ноември 1919 г.
Комитетот го разгледа ревидираниот нацрт на Договорот меѓу Грција и Бугарија за реципрочна емиграција на малцинствата подготвен од Комитетот за редакција. Претседавачот извести дека Комитетот за редакција смeта оти потписот од главните сојузнички и придружени сили на конвенцијата за емиграција не е суштествен, туку треба да влезе во записникот дека има одредба како анекс кон Договорот - формално решение на Високиот совет дека тие клаузули се прифатени од главните сојузнички и придружени сили согласно со член 56 од бугарскиот Договор...
Комитетот беше информиран дека Високиот совет, на 19 ноември, го прифатил неговиот извештај во врска со согласноста на предложениот Договор на бугарската делегација и дека нацрт-согласувањето и било соопштено на делегацијата со барање да даде одговор во рок од 48 часа...
Комитетот, го разгледа исто така, одговорот на делегацијата на СХС од 23 ноември, во кој изразува готовност да го потпише малцинскиот Договор...
D. H. Miller, Му Diary,, р. 535-550; Recueil, р. 351-361.
КОНВЕНЦШЈА ПОМЕЃУ БУГАРИЈА И ГРЦИЈА ЗА ЕМИГРАЦИЈА НА МАЛЦИНСТВАТА
Неј, 27 ноември 1919 г.
Согласно со уредбата, предвидена во чл. 56, став 2, од Договорот за мир со Бугарија, склучен на 27 ноември 1919 г. и усогласено со решение-то на Сојузените и Здружените Големи Сили од 27 ноември 1919 г., кое гласи:
„Со оглед на чл. 56, став 2 од Мировниот договор во Бугарија, Сојузените и Здружените Големи Сили сметаа за навремено дека заемната и доброволната емиграција на етничките малцинства по вера и јазик во Грција и Бугарија да биде установена со една конвенција, склучена помеѓу тие две Сили под услови установени на денешен ден."
Потпишаните полномошници на Грција, од една страна, и на Бугарија, од друга, откако ги разменија полномоштијата, се согласија за следниве уредби:
Високите земји договорнички им го признаваат на своите поданици од етничките малцинства, по вера или јазик, правото да се иселат слободно во нивните соодветни територии.
Високите земји договорнички се задолжуваат да го применат правото предвидено во чл. 1 и да не пречат, ниту директно ниту индиректно, во слободата на иселувањето, и покрај противните закони или наредби, кои во тој однос ќе се сметаат за обессилени. Со примената на правото на иселување не ќе ги накрнуваат имотните права на преселениците, така што тие права постојат во моментот на иселувањето.
... Иселениците го губат поданството на земјата, што ја напуштаат, уште од моментот на отпатувањето и добиваат поданство на земјата, во која заминуваат, со самото пристигнување во оваа земја.
... Во рок од една година по влегувањето во сила, кон оваа конвенција ќе можат да се присоединат државите кои имаат заедничка граница со една од земјите што ја потпишале оваа конвенција...
Б. Кесиков, Принос., стр. 84-87.
Тихомир Каранфилов

Анекс (А) кон 49-та свдница

Анекс (Б) кон 49-та седница

Член 1
Високите земји договорнички им го признаваат на своите поданици од етничките малцинства, по вера или јазик, правото да се иселат слободно во нивните соодветни територии.
Член2
Високите земји договорнички се задолжуваат да го применат правото предвидено во чл. 1 и да не пречат, ниту директно ниту индиректно, во слободата на иселувањето, и покрај противните закони или наредби, кои во тој однос ќе се сметаат за обессилени. Со примената на правото на иселување не ќе ги накрнуваат имотните права на преселениците, така што тие права постојат во моментот на иселувањето.
Член5
... Иселениците го губат поданството на земјата, што ја напуштаат, уште од моментот на отпатувањето и добиваат поданство на земјата, во која заминуваат, со самото пристигнување во оваа земја.
Член 16