Што има во потрошувачката кошничка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
па и лебот е малце .. за друго да не праиме муабет ..
 
Па да, храна која користи македонско семејство за 1 месец што не значи дека е квалитетна. Се формира врза основа на едно истражување за потрошувачка на домаќинствата.
Баш е интересно да се спореди со прехрамбената кошница на некоја еу држава...во смисол на квалитетот на исхрана.
СугурнО/а/ен си дека дека е кошничкава е составена според истражување во кое е утврден просечниот внес на продукти во едно МК семејство?
Мене ми изгледа дека е од бафтана акнато и дека има ужасно шпарање на свежи производи. Додуше не дека не шпараат македонците :raz:
 
Налетав на нешто интересно деновиве а тоа беше формирање на цена на исхраната. Па вака оди земјоделецот кој што работи со земја за да купи механизација за истата мора да земи банкарски кредит. Откупувачот односно преработувачот на тој производ во краен продукт за да биде ликвиден и тој зема банкарски кредит. Дистрибутерот за да го обнови возниот парк за дистрибуција и тој има земено кредит. Па следи локалната продавница кај што се продава тој продукт хасап ти реков ми рече и таа кредит. Потоа државата го даночи тој продукт за да ги врати кредитите што ги има земено, и сето тоа влегува во крајната цена на тој продукт (Пример лебот). Киро (крајниот потрошувач) кој што рмба по 10 саати дневно 6 дена во неделата и е платен најминимално што може затоа што газдата негов има кредит за мерцедесот и за викендицата, и тој зема кредит за да го купи тој продукт и прехрани својата фамилија.
Пууууууууууууууууууууууууууууууууууууу ебаси мамата луд систем, ете како се формира цената на тој продукт, а горивото и ел. енергија се друг муабет.
 
Мене ме буни шо ова е изгледа потрошувачка кошничка за работничка багра и пролетери.
Јас одбивам да јадам и не трошам такви продукти. Дали има негде да се најде цена на кошничка за елитата на ова општество, за нас добро сиѕуорани господа. Јас не јадам прости јадења и запршки со брашно. Камо цена на препелици поточни пастрмки, јастози, дивеч, папаја, авокадо, шампањ, португалски вина, чадени шварцвалдски сувомеснати......
 
СугурнО/а/ен си дека дека е кошничкава е составена според истражување во кое е утврден просечниот внес на продукти во едно МК семејство?
Мене ми изгледа дека е од бафтана акнато и дека има ужасно шпарање на свежи производи. Додуше не дека не шпараат македонците :raz:
Уф, не сум сигурен. Официјално знам дека е од некое истражување за тоа што трошат домаќинствата, а дали "мрдаат" со производите, дали ја преправаат листата...не би знаел да кажам. И мене ми се нелогични некои производи и нивното количество...башка и што квалитет се. Едно е чоколадо краш или милка, друго е некое ноу нејм чоколадо, едно е кашкавал кравји радово, друго е овчи...некако недоречени податоци.
И стварно, нема многу производи на листава, а британци ставаат дури и трошење на кладилници/лозови (некои такви податоци).
 
Мене ме буни шо ова е изгледа потрошувачка кошничка за работничка багра и пролетери.
Јас одбивам да јадам и не трошам такви продукти. Дали има негде да се најде цена на кошничка за елитата на ова општество, за нас добро сиѕуорани господа. Јас не јадам прости јадења и запршки со брашно. Камо цена на препелици поточни пастрмки, јастози, дивеч, папаја, авокадо, шампањ, португалски вина, чадени шварцвалдски сувомеснати......

auu . a jas mislev deka sme retki so takov fin vkus...., a za tvoja uteha.. skoro site tie koi gi esapis elita se seljacaana u naviki za hrana...to tuka biduva....moze posle edno 2-3 generacii ke gi bide...:)
.......ianku izbegavaj prepelici i divec ..moze samo nekoj virus da fatis....drugoto od spisokot ti e vo red....:)
 
Потрошувачката кошница е добар показател само за размерот на платата.Колку е просечна и колку се минималните потреби за едно семејство,без струја,вода,облека,театар,не дај боже одмор.Е сега просечната плата во Македонија е напишана рачно над 20 000,а потрошувачката кошница рамно на африканската говори дека сме преживари.Методологијата е застарена со сигурност,но зошто зимаат плата статистичариве,може да објаснат оние кој седат на тие фотељи:)
Во секој случај,во потрошувачка кошница влегуваат основни продукти,како кравјо млеко,кашкавал растителен,свинско месо од Бразил,итн,итн.:)))
 
hmmm, da ne zaboravam...rastitelniot kaskaval se pravi od palmino maslo..pretezno , a toa e kancerogeno do tuka biduva.....
 
Според податоците од кошничката, нашата (месечна) ке изгледа како на Чад (неделна) (најдолната слика) од следниов линк: http://www.rustylime.com/show_article.php?id=1497

Таму има сликовито прикажано колку троши просечна фамилија од разни земји, и со конкретни производи.

Според изгледот и начинот на исхрана, мислам дека нашата би била слична на Полска, но таква би коштала повеќе од 11.000 месецот.
 
Според податоците од кошничката, нашата (месечна) ке изгледа како на Чад (неделна) (најдолната слика) од следниов линк: http://www.rustylime.com/show_article.php?id=1497

Таму има сликовито прикажано колку троши просечна фамилија од разни земји, и со конкретни производи.

Според изгледот и начинот на исхрана, мислам дека нашата би била слична на Полска, но таква би коштала повеќе од 11.000 месецот.
Италијанската види го бројот на лебови кај Сицилијанецот и се ќе ти стане јасно :pos2:. Македонската исхрана е комбинација од Сицилијнската и Египетската слика.
Најбољи е Мексинканецот со Кока-колите Јаки слики нема што
 
Која разлика имаат у живот. На германецот третина слика му е месо, пиво и вино, на Чад (чадијанци) пола слика им е шаторот и чергата.
 
da koshnicata e 11 iljadi , super mislam ama kade ke gi kopneme drugite pari za da platime struja,voda , ... mm? Kade ke gi najdeme tie pari koga prosechnata plata vo mkd e 10 iljadi :S nemash ni koshnicata da si ja platish , Kade pari za obleka da kupish , kade pari za da izlezish charshija na vechera ? Prosto ne mozham da veruvam vo ovaa drzhava kako soli pamet :S a nish ne realizira :S
 
SRAMOTA be- ubavo i stoi nazivot

potrishuvachka kochniCHKA

12.000 denari . - shto se bre- da kasne neshto kolku da ne umri chovekot

KOLKU netochni podatoci -nerealno sostaveno potroshuvachka koshnichka
ALI JASNO E OTI E taka-
ZA DA BIDE OD KORIST NA DRZAVNITE INSTITUCII, no ne i na gragjanite na kogo e prvobitno nameneta.
 
Хебо те ваков етиопски просек

Посна статистичка трпеза
Заводот за статистика пресметал дека на едно четиричлено домаќинство месечно му се доволни 13 литри млеко, 1,2 килограм риба, 1,3 килограм свинско со коска и уште 400 грама кртина и 400 грама чоколада
Две парчиња леб дневно, 100 грама млеко, еден гриз јаболко и две голтки сок по избор - газиран или џус. Ова смеат да си го дозволат македонските граѓани на дневното мени на домашната трпеза ако сакаат статистички да се прехранат.

Заводот за статистика измери дека за јули на граѓаните им биле потребни 11.892 денари за да ја наполнат домашната трпеза, но подолго време се поставува прашањето колку нивните пресметки се реални за да ги задоволат месечните потреби за храна на едно четиричлено семејство.

Граѓаните се револтирани и велат дека мерењата на Заводот за статистика се невистинити. Тврдат дека потрошувачката кошничка за четиричлено домаќинство не е пониска од 30.000 денари.

- Математиката е проста и вели дека ако потрошувачката кошница за четиричлено домаќинство од 11.892 денара се подели на 30 дена излегува дека едно семејство треба да троши 396 денари дневно за да се прехрани. Или секој член од семејството има на располагање по 99 денари дневно за храна, односно со по 33 денари треба да си обезбеди три оброци дневно (минимален број оброци на ден). Еден фастфуд-оброк чини околу 100 денари. Од друга страна, богат оброк разновидна здрава храна приготвена во домашни услови не е поевтин од 200 денари. Реално потрошувачката кошница за четиричлено семејство не е пониска од 30.000 денари месечно. А со 11.892 денара не знам дали може да се преживее или да се умре од некое хронично заболување предизвикано од неправилна исхрана и хроничен стрес како да се прехрани семејството - вели еден наш редовен читател.

Што се' влегува на менито во кошничката, ако не е смешно е повеќе од апсурдно. Заводот пресметал дека на едно четиричлено семејство месечно им се доволни 13 литри млеко или 3,25 литри млеко по член или секој смее да пие по само 100 грама дневно вклучувајќи ги и децата. Семејството месечно смее да се омрси и со уште 3,6 литри јогурт месечно и 2,5 килограма кисело млеко вкупно за сите четворица. Според статистичката диета, граѓаните може да изедат уште 2,5 килограма сирење месечно или на секој член му следуваат по 600 грама сирење кое треба да си го подели точно за да му стигнат за 30 дена. Затоа, пак, потребата од белковини и протеини граѓаните ќе си ја надокнадат со 66 јајца месечно или околу 16 јајца по член, односно секој втор ден по едно јајце.

Од овошјето на трпезата смеат да се сервираат најмногу јаболки. Така за четиричлено семејство статистика измерила дека се доволни 3,6 килограми месечно или по три-четири јаболка во зависност од големината. Потоа уште 800 грама лимони, 1,6 килограм портокали и 1,8 килограм банани за цел месец за сите. За да се надополни потребата од овошје, статистичарите понудиле и 100 грама ореви без лушпа месечно, вкупно за сите четворица.

Згора на тоа едно семејство смее да испие вкупно 9,3 килограми сок од кои дури 7 литри газирани сокови и 2,3 литри џус за цел месец за четворица. Статистичарите не штеделе ниту на месо. Понудиле дури 600 грама стек месечно за четворица, вкупно 300 грама телешко со коска и 400 грама без коска, 1 килограм колбаси, 1,6 килограм јунешко без коска и уште 700 грама со коска, цели 1,3 килограм свинско со коска за цел месец и уште 400 грама кртина. На статистичка трпеза се сервирани и 1,2 килограм риба месечно за цело семејство и тоа само ослиќ.

Статистичарите не биле баш хумани кон децата. Предвиделе дека едно четиричлено домаќинство смее да изеде 400 грама чоколадо месечно. Значи, на децата според македонската кошничка им следуваат 100 грама чоколадо за еден месец. Ако, пак, не можат да издржат смеат да консумираат и уште 300 грама „еурокрем“ месечно под услов подеднакво да го делат со своите родители.
Без комуналии и без сапун
Во статистичките пресметки за потрошувачката кошничка не влегуваат средствата за хигиена кои се неопходни за граѓаните, комуналиите, превозот, образованието, ниту, пак, потребата од културно-забавен живот на граѓаните.

Според објаснувањето од Државниот завод за статистика, на едно четиричлено домаќинство откако ќе ја наполни потрошувачката кошничка му остануваат уште 40 отсто од просечната плата или 9.000 денари.

Ако се мери животниот стандард на македонските граѓани, тогаш мора и да се одговори на прашањето како тој успева да (пре)живее со една просечна плати ако се знае дека еден вработен издржува четворица. А уште полошо ако се знае и дека околу 70 проценти од вработените не ја заработуваат просечната плата од 20.800 денари вкупно со храна и превоз до работа, додека голем дел, пак, имаат плата пониска дури и од износот потребен да се наполни потрошувачката кошничка, онаква каква што ја мери статистиката.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom