Берово

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки да прашам,колку дискотеки има во центарот и ако може да ми пратите некоја добра понуда за нова година во дискотека за дочекот
 
Дечки да прашам,колку дискотеки има во центарот и ако може да ми пратите некоја добра понуда за нова година во дискотека за дочекот
Кафич-дискотеки има 3, има една дискотека среде центар, една понадоле по главната улица. Чинам дека можете слободно да си влегувате без некоја посебна понуда, само што пијалоците ќе бидат поскапи и секако ако е се зафатено, ќе треба да стоите.
 
Поздрав беровчани, еден период по маркетиве се вртеше многу вкусно Беровско сирење, што више го нема скоро година дена, ме интересира што се случи со сирењето и дали постои друг начин да се набави?
 
Поздрав беровчани, еден период по маркетиве се вртеше многу вкусно Беровско сирење, што више го нема скоро година дена, ме интересира што се случи со сирењето и дали постои друг начин да се набави?


Ќе дојдеш во Берово и ќе си купиш цела канта, уште поубаво. :D
 
Дечки, ресторан во Берово што гледа на Езерото, со добра храна и цени кои не се како на Матка?

За Манастир, Вип Хотел и Аурора знам.
 
Дечки, ресторан во Берово што гледа на Езерото, со добра храна и цени кои не се како на Матка?

За Манастир, Вип Хотел и Аурора знам.
Манастир не гледа на езерото. Само Вип и Аурора се. Имаше еден одма до езерото, ама тој не работи веќе неколку години. За сега точно не знам, ама мислам дека и сега не работи.
 
Сакав да кажам, познати ми се рестораните во поглед на локација, иако ВИП нема ресторан, туку е мотелче мало.
 
Сакав да кажам, познати ми се рестораните во поглед на локација, иако ВИП нема ресторан, туку е мотелче мало.
Добро, низ градот имаш еден куп ресторани со добра храна, ама горе на езерото само тоа е.
 
Освен природата на и околу Беровското езеро и сирење. ништо друго не ми остави позитивен впечаток од Берово...

Бев во зимски период, што е дефинитивна утка пошто очигледно сезоната таму е во лето. Сместен во Вип Хотел, кој дефинитивно не е хотел туку на ниво обичен смештај во куќа. Прекрасна тераса со поглед на езерото има али на пример парното работи само дури е „домарот“ во објектот (а он е од кај 10-11 до кај 3-4). После тоа гаси парното само и снајди се, треба дрва да ставаш во печка за да се загрееш, клими имаше али не работеа. Да напоменам дека плативме 20 евра од ден екстра за да имаме 24 часовно греење... ужас.

Хотелот Манастир е преубав со автентичен амбиент и скопски цени, има традиционални локални јадења и слични ствари, убаво е.

Градот како град е минијатурен, рурален, нема нешто посебно али тоа е и очекувано.

Кој иде во летна сезона обавезно да го посети ресторанот кој се наоѓа на патот кон Бугарска граница. Горе над патот има ресторан и куќички за смештај, во кој летно време спремаат навидум јаки домашни пити, печења, чуда кои дефинитивно треба да се пробаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom