Работнички - Ливерпул 29.07.2010 - 20:45

  • Креатор на темата Креатор на темата RAUL
  • Време на започнување Време на започнување

Rabotnicki vs Liverpool


  • Вкупно гласачи
    134
незнам кој максимум го барате стварно сте смешни.Работнички да го помиел Ливерпул?Како прво со 3 состав ни играа и пак се 2 класи подобри толку е моќта на Работнички разберете!Ливерпул е Ливерпул крај Работнички еднаш годишно игра пред полни трибини првентсвото ни е катастрофа толку се спренми за вакви предизвици
Па баш дека играа пред полни трибини требаа бар малце поенергично да идат у дуели,да се борат ( иако бар на тв изгледаше ко да нема никој на стадионот :pos: ),а не да не пазат да се повредат и да се илежаваат на терен,Глигоров 10 пати го дадоа у кадар како после клизач си брише лактот од трева :tapp: . Манекен ли е или фудбалер. ОСвен Вандаир по мене никој друг не се трудеше да направи нешто.
Да,првенството ни е катастрофа,али сум видел многу поинтересни и повозбудливи утакмици од оваа.
 
Уште се чудам како Работнички го прими првиот гол :tapp:
 
Колку ми се смешни овие со подршкава за свирежите према Киргјакос...
Велат спортот и политиката не одат заедно... ние напротив масовно учествуваме во таа синтеза (а после сакаме деполитизиран спорт... е нема).
Некако (иако и тоа не го оправдувам) пак ќе разберам да се свири на грчка спортска репрезентација (зошто со тоа се свири и на државата)... ама да се свири на поединец кој игра во англиски фудбалски клуб... кој е професионалец и кој како и мнозинството спортисти веројатно е незаинтересиран за политиката, е навистина патетично. (човекот на крај и аплаудираше на публиката- жално).

Ама нормално, како и секогаш нашата енергија/гнев/револт секогаш е насочена во погрешно време, на погрешен начин, кон погрешна мета...
Ќе му свират на гркот, па ќе се напијат скопско или кока-кола, па ќе си пазарат викендов во веро, ќе си земат кредит од стопанска банка и ќе си точат бензин во окта... важно му свиреле на Киргјакос!!!
Немаме фудбал, немаме спорт, ама немаме ни култура... кратко и јасно!
 
Абе да не беше гркот јас ќе заминев уште во 20мин. :) Најинтересно ми беше ко викавме дај му ја на гркот, дај му ја и после пак свири по него. :pos:
 
Ваков мизерен натпревар не сум гледал во животот досега. Стратев кутриот изгледа се надеваше нашиве да издржат на 0-0 цела утакмица и на крај да се посере как опротив големиот Ливерпул сме направиле голем резултат. Кога падна килавиот гол веќе беше се јасно. Стравот уште повеќе влијаеше на играта која уште повеќе се успори, се развлече, овие неспособниве не можат 2- додавања да сврзат па камоли шанса за гол да направат. Требаше малку поотворено, похрабро па макар изгубиле и 4-0. Никој немаше да им замери ако малку поотворено играат. Како и да е далеку сме од некакви посериозни успеси во фудбалот посебно клубскиот. Ама и репрезентативниот не стигнува далеку ако немаме јако првенство и ако репрезентативците ни играат во Ш лиги како Кипар, Азербејџан, Украина, Полска, Романија....баш вчера си реков: Еј види ги србиве сега имаат 4 играчи во Премиер Лига-Видиќ, Ивановиќ, Јовановиќ, Жигиќ, а другите им играат уште во Шпанија, Италија, Германија....
 
Колку ми се смешни овие со подршкава за свирежите према Киргјакос...
Велат спортот и политиката не одат заедно... ние напротив масовно учествуваме во таа синтеза (а после сакаме деполитизиран спорт... е нема).
Некако (иако и тоа не го оправдувам) пак ќе разберам да се свири на грчка спортска репрезентација (зошто со тоа се свири и на државата)... ама да се свири на поединец кој игра во англиски фудбалски клуб... кој е професионалец и кој како и мнозинството спортисти веројатно е незаинтересиран за политиката, е навистина патетично. (човекот на крај и аплаудираше на публиката- жално).

Ама нормално, како и секогаш нашата енергија/гнев/револт секогаш е насочена во погрешно време, на погрешен начин, кон погрешна мета...
Ќе му свират на гркот, па ќе се напијат скопско или кока-кола, па ќе си пазарат викендов во веро, ќе си земат кредит од стопанска банка и ќе си точат бензин во окта... важно му свиреле на Киргјакос!!!
Немаме фудбал, немаме спорт, ама немаме ни култура... кратко и јасно!

Македонци работат таму, поголема е иронијата за тие што свиреле а се редовни гости кај гејците.

П.С. Еве ги Лузерпулциве на аеродром

flightBoarding.gif
BLE 953 LIVERPOOL BLU LINE 10:30 CHECK-IN 1

:D
 
Liverpool’s Europa League qualifier against Macedonian team FK Rabotnicki was marred by racist taunts.

The Reds won the game in the Philip II Stadium with David Ngog scoring in each half to secure a 2-0 victory for an inexperienced Reds side.

However, Rabotnicki could face action by UEFA authorities after pictures emerged of their supporters directing monkey chants towards Liverpool players Ngog and David Amoo.

Racism has reared its ugly head in Macedonian football before. Sol Campbell, Ashley Cole and Emile Heskey were all subjected to abuse from spectators in the same stadium in 2003 when England faced Macedonia.

An English flag was burnt on that occasion, which prompted UEFA to fine the Football Federation of Macedonia £10,730.


http://www.goal.com/en/news/166/eur...ropa-league-win-overshadowed-by-racist-taunts

Јас на ваква работа воопшто не се сеќавам. Имаше нешто вакво или сепак само UEFA не сфатила што, како и за кого било?
 
Изгледа овој што го напишал ова ги играл Работнички и Ливерпул на FIFA 2010 :pos: Немаше вакви свирежи кон црнчињата на Ливерпул.
 
Изглеа само јас сум задоволен од играта на Работнички.:pos:
 
ДА БЕ БАЧКО, СЕГА ДОЗНАВ!!!
А ви како те????? Че ме има ли на ТеВе мајке ми???

Ај сеа сериозно... :)

Ако имам друга преокупација освен тоа да гледам мрсулковци како се тетерават и се копаат на терен (тоа се добри 90% од играчите во македонската лига) секоја недела (сум пробал, стварно - ама некако не ми иде) - не значи дека не сакам да имаме квалитетна лига и дека не би гледал фудбал почесто доколку играта биде на ниво. Подобро ми е да изиграм фудбал у маало, отколку да гледам некој како игра под нивото на маалската екипа.



Сакам кажам - незнам речам...


Ама некако не ти иде со психоанализиве, нели?

Ме интересира фудбал, затоа и играм барем 2 пати неделно. Како дете дури играв за Вардар и Работнички. Се откажав затоа што ми беше преку тасета да гледам како форсираат мрсулковци кои не знаат да одат, само затоа што тате бил спонзор... Потоа почнав да играм ракомет. Сега играм футсал рекреативно. Последен фудбалски достиг (заедно со екипата нормално) е прво место на „Месец на спортот“.

Кога веќе почнавме со анализи на спортски план, јас сум убеден дека сум далеку пообразован на спортски план од тебе. Впрочем, такво образование и завршив - физичка култура. Имам настапувано пред полни сали и имам претрчано барем 1000 километри повеќе од тебе. За признанија, пехари, медали и тн... Не вреди да се објаснува на некој како тебе.

И сеа, ти најде да ме анализираш мене зошто јас ТРЕБА да бидам ПРИНЦИПИЕЛЕН и да НЕ ИДАМ на Работнички - Ливерпул? Па дали си ти нормален бе Климе? :)

Пак ќе речам. Спуштете се на земја копиљаци. Тоа што не сте купиле карта на време не значи дека треба да ги колнете сите тие што имаат. Плукајте по тие што ги препродаваат на пример. И не значи дека ако сте дремеле секоја недела на стадион (наместо да бркате некоја друга работа, или да поиграте фудбал со пријателите) - СИТЕ останати не смеат да гледаат фудбал. Немојте така. Тоа ви е лузерска констатација.

И на крај... не сум лоботомиран да губам време на стадион кога игра Работнички - Ренова. Ако вас ви се гледа, тоа е сосема во ред. Мене не ми е интересно. Нормално дека ќе дојдам кога ќе има квалитет. Гледачи се привлекуваат со квалитет. Јас ли треба да поработам на квалитетот? Не - тимовиве. Пак ќе речам... Без разлика дали е Ливерпул, Вардар или ЕМО Охрид - ако има квалитет, јас ќе дојдам да гледам.

1. Ако ти знаеш што зборуваш, ќе си го сечам, па ќе се пишам Jew :)
2. Некој како мене? Chill out dude ...
3. Копиљаци? Почитај го Уставот на Кајгана :)
4. Од такви како тебе, жал ми е што сум навивач на Ливерпул и на фудбалот воопшто.
5. Квалитет? АКо ти знаеш кој е квалитетен играч во Ливерпул без да ти кажат, ќе си го сечам и ќе се пишам муслим :)

--- надополнето ---

П.С. Ни трага ни глас од Работнички, а од навивање абер да се немало

Македонија, Македонија
Јави се јужна
сигурно „спортисти“ навивале .... што знаат фудбал појќе од мене оти истрчале километри.
 
Кај запалија знаме жити се?

не мислеше на вчерашната утакмица туку на една од претходните кога игравме со англија. за останатото што пишува, пак ќе кажам-сељачишта невидени, простаклук. Не заслужува овој народ ништо, ќе си останеме ние во нашиот круг уште долго, одвреме ќе налетаат вакви моменти како вчера, ќе си се издуваме на некој црнец или грк, и така ќе трае со децении. Повеќе не треба, фала!!!!
 
Абе некој ги виде головите?
Јасно и гласно. На првиот, и Нгог беше изненаден како топката се „протна“ и влезe во голот. Не знам кај отиде голманот :)
Вториот беше појасен, му беше подадено на Нгог од десно крило, па тој само ја „чукна“ кон голот :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom