Феноменот на нереални цени на Пазар3 ?

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Возраст
39
Локација
Париз, Франција
Темава ја отворам во автомобилизам, оти овде има најголем интерес за оваа веб страна. Не значи дека и недвижнините се реални на пазар3.
Само за илустрација. Гарсоњера во Ново Лисиче од 25квадрати = 40000, небаре купувам стан во Монте Карло.

Да се вратиме на автомобилизам...

Што е финтата со Пазар3? Зошто сопствениците мислат дека ги огласуваат автомобилите на интернет по автоматизам имаат за право да ставаат нереални цени?

Уште пострашно, зошто се оди на одредување на цена според марката а не според состојбата на возилото и/или годината на производство.

А најстрашно ми се соптсвениците на возила „први газди“. Колата дроп, а ја продаваат за 2000 евра поскапа од реалната цена на пазарот.

И јас сум прв газда на возило, ама сигурно нема да барма 6000 евра за кола што сега вреди 3500 евра, само затоа што сум прв газда.

Да не зборувам за сентименталната врска помеѓу сопствениците и возилата за која дебело наплаќаат.
Имав такво искуство со едно Југо. Сопругата на газдата многу го сакаше Југото, што е ОК. Југото палело на сабајле на плин и ја носело на работа. Супер.. АМА ... го свиткала задниот лим, скапано на амортизери, свиткани држачите на предниот браник, а и моторот дува па иберлауфот го ставиле кај ладњакот место да оди во карбураторот. Цена? 1200 еур ни денар пониско. Коментар: Абе имаме бебе па нема место во колата за намирници и ја продаваме планираме поголема да купиме.

Зошто по ѓаволите мислите дека јас ќе бидам сентиментален и ќе ги спружам парите за кола која нај реално вреди 500-600 евра само затоа што имате сентиментално непрактичен автомобил?

Трагикомични ми се и газдите на возила кои вредат одредна сума, до некаде се зачувани но да доловат повеќе пари ставаа непотребни џиџиња. Пример бандаши, нови лексус светла, HID светла, CD (мислам WOOOOW...треба да се напоменува ова нели?), а-тестиран плин што го тарифираат како нов итн.

А за делот на „олдтајмерите“ во Македонија веќе и врапчињата знаат дека сопствениците се налудничави. Веќе и се одвикнав да ги гледам тие коли и газди. Апатијата си го прави своето.

Ако некој од вас се пронајде во некои од овие категории и ако автомобилот ВИ Е за продажба, тогаш ставете реална цена имајќи во предвид

- година
- состојба на возилото
- сите потребни документи
- имајте во предвид дека пазарот е максимално либерализиран и немора да ви го купам вашиот крш
 
Обично се става повисока цена за да може после да се намали при пазарењето.

Знаеш 100? 60? 90? 70? 80? Deal

Купувачот секогаш се ценка, си бара намалување, а ако ја стават да биде реална секое намалување ќе ги води продавачите во загуба.

Инаку се согласувам дека не мал дел од цените се пренабилдани.
 
Да но да има поголеми цени до 400-500 евра а не продава автомобил 2000-3000 евра поскапо и колку и да слушташ над 500 нема да спуштиш.
 
Ау катастрофа е тешка југовците ги продаваат по стари цени а за таа цена имаш фиат пунто мареа брава, и други од новоувезените.....
 
И јас сум исфрустриран на цените од пазар3, искрено за автомибиле не сум разгледувам ама за недвижнине јас мислам дека оди по следново сценарио.

Субјектот А. има агенција за продавање на станови
Субјектот Б. кој/а му го пуши/ дупи секоја вечер на субјектот А. и на останати субјекти кој се ирелевантни во ситуацијава дава оглас се продава стан во Автокоманда 50 квадрати 120.000 еура.
Субјектот А во корелација со Субјектот Б. кој се мислат дека се многу паметни паблишираат уште седум - осум слични огласи со вакви цифри и со ист телефон(зошто толку им сече)

По неколку часови Субјектите А. и Б. огласуваат огласи од типот агенција "Пушиме курови" продава стан 50 квадрати 90.000 еура или 30.000 еура поефтин од тој објавен пред два часа.
Субјектот Ц. кој живее во Автокоманда и сака да продаде стан од 50 квадрати на кој реална вредност му е 40.000 еура се базира на цените од пазар3 и не може да го убеди ни свети Петар дека неговиот стан не вреди најмалку 70.000 еура.

Сценариото е слично и со автомобили , Како сум накарчун на тоа буљашите со агенции на кој му имам пратени неколку и-мејли каде му спомнувам одредени членови на фамилија така што сега не го ни отварам.
 
Мене па ме нервираат оние што на пример еве кола, ќе и стават почетна цена 10.000 евра, па ќе види дека има заинтересирани и по некој ден гледаш 13.000 евра кренал.... Не еднаш ни се има случено ова и тоа од пазар3 :tapp:
 
за среќа тука е Мобиле.де - што се однесува до автомобили/мотори/шлепери/цистерни...
 
Темата си е на место и морам да кажам дека некои луге си ги имаат преценето сопствените возила.И за Пазар3 мислам дека 90%од огласите на лугето кои не увезуваат коли(дилери) ги ставаат своите коли колку за да ги гледаат другите не дека им се за продавање па и затоа им ставаат пренабилдани цени нереални и си мислат "ајде можеби ке се најде некоја будала со пари без акл и ке ја купи колата а јас со тие пари ке си купам подобра,понова,и кола од повисока класа".Но доброто е што од тие речиси никој нема продадено кола.И најважното кога некој купува половна кола е тоа како народната "Не за кого е печено,туку за кого е речено"(мислам дека е така поговорката) и не можеш секогаш да го најдеш тоа што го сакаш а и "тоа што е мое самото ке си дојде".
 
Мислам дека ги ставаат огласите само колку да си го изрекламираат производот и дека не им е за продавање.Ваљда само да слушнат колку реално би вредел
 
тема на место.....почнав многу ретко да го отворам Пазар3 заради гореспоменатите коментари и слично.....автомобилот е изграден од потрошен материјал,целиот се амортизира,престанува да му важи гаранцијата и станува половен автомобил....очигледно кај нас не е сфатена цената на ДВИЖНИНИ и НЕДВИЖНИНИ !!!
 
како е можно некоја 30-годишна канта од голф 1 да вреди 3000+ евра? :toe:
у Македонија живееме, може некој ќе му го купи. :tapp:
 
Прво, работата е што немаме некој добро развиен пазар на половни работи каде си има правила и некој утврдува колку ќе биде цената на тоа што се продава и за тоа секој си става своја цена како му одговари плус нашиот менталитет, продавам ама не ми е за продавање си го прави своето. На пример, по сите норми банката или судот за некој стан дал реална цена од 50000 Е, а типот сака да го продаде за 200000 Е, и доста е да начека некоја будала и тоа е. Значи главен проблем е тоа што секој сам си одредува цена без некакви реални параметри.
 
Секој си ја пишува колата по негова цена - него толку му вреди иако пазарната економија вели поинаку. Затоа има огласи кои стојат со месеци а ништо чудно и со години. Нека чекаат - можеби ке најдат некоја будала...

Јас имам и уште една друга забелешка - офтопик е ама во МК по се изгледа ги имаме најдобрите возила - Во Словенија или Бугарија колку толку пишува некој реални изминати километражи, а кај нас ретки се тие со над 200.000 км !? :tapp: Дали е Голф, Астра, Вектра, 206ка, Пунто и сл. сите се околу 100.000 до 150.000 км. Речиси нови! :uvo:
 
Нејќам ни да коментирам на темата... пазар 3 е единствениот огласник кај шо важи обратното од секаде. Наместо колку повеќе стои колата толку да и паѓа цената (водени од муабетот дека добра кола ретко стои долго на било кој огласник) тука важи обратното. Како стои колата на огласникот така цената оди нагоре.

Астри, Фордови и незнамти какви коли од 90-тите кои иницијално од германија имале 200.000 км, + се дрнкани 3-4 години по македонските патишта ги продаваат за нереални и смешни суми на пари а згора на тоа имаат и нереална километража. Неможе возило старо 20 години да нема 200.000 км. Можи, ама не сите. На пазар 3 неможиш да најдиш кола со 300.000 да бараш.

Летаме, летаме.... ќе видиме до кога и каде.
 
Секој си ја пишува колата по негова цена - него толку му вреди иако пазарната економија вели поинаку. Затоа има огласи кои стојат со месеци а ништо чудно и со години. Нека чекаат - можеби ке најдат некоја будала...

Јас имам и уште една друга забелешка - офтопик е ама во МК по се изгледа ги имаме најдобрите возила - Во Словенија или Бугарија колку толку пишува некој реални изминати километражи, а кај нас ретки се тие со над 200.000 км !? :tapp: Дали е Голф, Астра, Вектра, 206ка, Пунто и сл. сите се околу 100.000 до 150.000 км. Речиси нови! :uvo:

Последниот коментар сосем на место! Значи, во последно време гледам џипови (Дискавери двојка, Гранд Чироки 2002-2003 година, Фрилендер) и го забележав следното. Во Германија, Ланд Ровер Дискавери II Тd5 со километража од 180.000 до 200.000 и во супер состојба вреди од 6500 до 9000 евра. Ситни гребнатини, корозија на подвозјето и секое оштетување коректно сликано и прикажано. Сега иде интересниот дел - возилата во Бугарија. Истото Дискавери бугарска верзија - 2001 година Td5, возено од жена, никогаш по терен, нашминкано до макс. (хемиски внатре, полирање и слични глупости) поминати 110.000км, инаку донесено од Италија (како божем тој шо го продава лично го купил од жената и точно знае каде е возено 10 години). Треба да си ибрик и да не забележиш ништо... Возилата кои ги има кај соседите се сите со по 100.000км (добро, има и со по 113.700 ама ретко) Значи италјаните и бугарите се феномен и поштен народ - нема штети, нема возење без потреба.

Од 10.000 возила кои влегоа последниот период ако има повеќе од 100 кои се навистина ОК частам пиво.

Инаку, најреални се (т.е. беа, не сум ѕирнал некое време) цените во огласниците во весник, единствена мана е што нема слика. Пазар3 отворам колку да видам некое интересно возило, ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom