Може ли да се направи милон долари-евра во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата concrete
  • Време на започнување Време на започнување

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Веб-сајт
www.luft46.com
Ацид ја заклучил темата малку пред време...., но мислам дека е интересна..па ќе пробам да го препрашам прашањето..
Факт е дека во Македонија денес има ПОВЕЌЕ доларски( евра) МИЛИОНЕРИ од било кога пред тоа во подолгата историја.
Значи такви пари можат да се направат и да се легални..т.е. не слушам дека некои од милионерите имаат некакви проблеми за да бидат тоа...
Интересно би било да се продискутираат можностите :)
-берзата е т'нка тука нема баш милионерски леб....
-трговија??? каква???
-производство ??? кое???
-концесии??? какви???
-тендери и мување со владетелите???
-родиме мајко со среќа па фрли ме на улица...
-друго???
-има ли било какво влијание во Македонија идета, иновацијата, инвентивниот пристап????
-дали некој има примери за Self-Made милионери во Македонија
Нормално зборуваме за милион направен во Македонија , не некој донесен од надвор:)
 
Може ама нормално треба да имаш почетен капитал барем за едно 100-150 хектари овошни насади или винова лоза. За едно 10 години највеќе милионер си или блиску до тоа :)
 
хмммм..и процесот на стварање на почетен капитал е дел од рецептурата за ПРАВЕЊЕ МИЛИОН ДОЛАРИ..., немој сеа ти одма по Македонски обичај , фаќање на пречици и кривини :)
 
хмммм..и процесот на стварање на почетен капитал е дел од рецептурата за ПРАВЕЊЕ МИЛИОН ДОЛАРИ..., немој сеа ти одма по Македонски обичај , фаќање на пречици и кривини :)

Епа сеа и ти ептен бараш, за милионер така наеднаш за помалку од 15 години со мал капте комитал немаш речиси никакви шанси барем не во земјоделство и со чесни работи. Ама факт е дека за ова погоре што го напишав на времето кога се распаѓаа земјоделски комбинати во земјава и се распродаваше нивното земјиште ќе ти беше потребно околу 60.000 евра за почнување на бизнисот... за 2-3 години враќање на капиталот + заработка тие што биле паметни си се вклучиле во бизнисот и сега си прават профити како Свето Јаневски кој ги зема барем 90% од тие површини.

Ама сепак како што кажав немора милионер ама за пристојна заработувачка со скоро никаква работа се со механизација можеш да имаш солиден живот со овошни насади и винова лоза иако првото носи повеќе пари.
 
Легално, без блиски луѓе до власта да се направат милион долари/евра во Македонија јас мислам дека е тешко.
И да, не го кажа почетниот капитал, со 900.000 евра лесно е да се направат еден милион :)
 
Self made millioner без голем стартен капитал во Македонијаа без теорија неможеш да станеш илјардер не пак милионер.
Исто како што на Плутон нема живот зошто нема вода така и во Македонија милионери без стартен капитал и над тоа чесни НЕ ПОСТОЈАТ.
 
Ja planiram so 50 denarai da napravam edno milionce vo rok od tri godini . Kako ? So kockanje :D

Seriozno , tesko toa da se sluci , barem ja taka mislam . ne sum expert u finansii , ali barem gledam kako e situacijata ovde , za da se vrabotis vo eden mocan market ti trebaat vrski , a za poveke da ne zborime .. I d anapravis pari , odma ke te fatat na radarot i ako ne si za crvenite ili za plavite , si go obral bostanok , ako ostanes tuka ..
 
за да направам Милион долари (евра) ќе треба да се здружам со било Која АКТУЕЛНА ВЛАДА и неам проблем .... иначе вака тешкоооо , единствено ако не почнам да шиткам дрога или такви некои срања :pos2:
 
Влези во влада и оп милионер.
 
хмммм..како ми се гледа......, значи се само заебанти овде на муабетов :) милионерите изгледа немаат време.....праат пари :)
Aко мислиш од нула да се почни, и поштено да се работи, и да се заработи милион, тогаш тешко, мнооооогу тешко.
Еве и да почниш од нула, и да направиш некој добар почетен капитал, пак ќе дојдиш во ситуација при крупните зделки каде што понатаму ќе мораш да се врзиш со власт и сл. А поштено, да си аплицираш на тендери пример, и да ти одобруваат така, тогаш по мое шанса нема.
 
Еве ги бе старо принтај сега тоест прај колку сакаш милиони
1144650679_b0db2b1dc0.jpg
 
Ако имаш капитал од 50000 евра.....Со лихва,за 2-3 години можит да станиш милионер:):)
 
Правање на милион во Македонија, тоа ти е научна фантастика, не дека не може ама тука си има луѓе што си го бараат својот дел, така да би требало да направиш неколку милиона може и десетици, па да ти остане тебе милионот, а дали на поштен начин тоа не е битно битно да ти си направил милион.
 
Може да се направи јас знам луѓе што го постигнале тоа и тоа повеќе не само 1 човек ги има многу и сите тоа го направиле чесно само што некои од нив имале и голем почетен капитал и милионот не е многу бе еве ви математика 1 куќа = 100.000 евра => 10 куќи = 1.000.000 евра. Што се 10 куќи за некој функционер на пример, ништо така да милионот лесно е да се достигне ама за милјардата е проблемот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom