Горан Пандев основа Академија

  • Креатор на темата Креатор на темата TheGeneral
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за Академијата. Реално гледано не многу фудбалери кај нас можат да го сторат ова, не заради недостаток на желба, туку недостаток на капитал. Јас мислам дека само двајца би можеле да го сторат ова. Пандев покажува дека сака да стори нешто за македонскиот фудбал за разлика од златната ни копачка кој покажа дека сака само да се полни уште пари со истоимената му кладилница. (Додуша сними и една реклама против алкохол или дрога) :)

Ѓорѓи Христов има академија од пред 2-3 години... :)
 
МЛАДИТЕ СТРУМИЧАНИ НА ТУРНЕЈА ВО ИТАЛИЈА

Фудбалската академија "Пандев" против талентите на Интер и Милан

СТРУМИЦА. - Дваесет и двајца млади играчи (родени 1998 г.) од фудбалската академија "Пандев", генерација што се смета за една од најталентираните во историјата на струмичкиот фудбал, заедно со тренерот Ристо Панов, на 13 февруари заминуваат на турнеја во Италија, соопшти координаторот на Академијата Југослав Тренчовски. Оваа десетдневна турнеја ја организираат менаџерите на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев.
На турнејата, 12-годишните фудбалерчиња ќе имаат можност да ги одмерат силите со врсниците на Аталанта, Интер, Милан и на Монца. За време на престојот на Апенинскиот Полуостров, талентите од академијата "Пандев" ќе одработат и два тренинга во кампот на Интер, под водство на тренерите на фудбалската академија на актуелниот светски и европски клупски шампион. На 19 февруари, струмичките деца ќе присуствуваат на првенствениот натпревар Интер-Калјари на фудбалскиот храм "Џузепе Меаца".

Најдобрите млади фудбалери од Струмица преку Академијата „Горан Пандев“овој месец заминуват на еднонеделна турнеја низ северот на Италија.
На турнејата нашите млади фудбалери на возраст од 12-13 години ќе одиграат четири силни тест средби со екипи од Италија.
Талентите на 15 февруари играат со Аталанта, на 17 со Интер, на 18 со Милан и на 20 февруари со Монца.
 
Имаат една победа мислам..против Аталанта 2-0..од Милан изгубија 3-0,а од Интер 4-0.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom