Горан Пандев основа Академија

  • Креатор на темата Креатор на темата TheGeneral
  • Време на започнување Време на започнување
Уште еден доказ за љубовта на Пандев кон Македонија и фудбалот...Вистински потег..браво ЦАРЕ..
 
Потег за респект,фалаше еден ваков потег од некој,но еве го Пандев ме изненади.
Се надевам школава ке се прошири низ цела Македонија и ке функционира како што треба,и нема мафијаши да се мешаат во неа.
 
Браво за Пандев треба да има многу повеќе вакви школи кај нас има таленти.
 
Браво за потегов на Пандев,треба да се гордееме со овој човек
 
Браво за Пандев што умее да гледа далекусежно: знае дека некогаш кариерата ќе му заврши и сака да вложи во иднината, т.е. да основа фирма која ќе биде во доменот на неговите активности (т.е. фудбал) и затоа ги одбрал најдобрите луѓе, т.е. сите оние на кои им верува и со кои може да работи. Откако ќе му заврши играчката кариера, академијата ќе биде веќе разработена и тој ќе има каде да го продолжи својот работен век дури да се пензионира.

Горан Пандев, уште еднаш покажа дека си :zver: Секоја чест и многу успешно да ти функционира академијата и да произведе многу таленти со кои Македонија ќе се гордее и за кои ќе се каже дека произлегле од „Академијата Пандев“. :olee: :oeoeoe:
 
Ќе им ебе Хари мамата и на нив :pos:

Браво за Гоче-то :)
 
Цела Струмица се гордее со Гоче, ве уверувам во тоа, а се надевам така е во целава држава.Браво МАЈСТОРЕ !
 
^ и треба да се гордее не само Струмица,треба цела Македонија да се гордее со Пандев,секоја чест на тоа што отвори фудбалска академија,покажа и докажа дека ја сака и му значи Македонија !!
А не како Боби и остали уличари кој што плукаа по него како ништо не направил за Македонија и зошто толку го величаат тука сите...

И уште нешто...не си прајте бајрам со мозокот дека ке го крадат Пандев од фудбалската академија,пошо како што се секавам,Илија Матеничаров е главниот “виновник“ што Пандев воопшто почнал да игра фудбал како мал.
 
Браво за Пандев конечно на некој од фудбалерите да му текне да направи вакво нешто(мада и нема некој наш фудбалер што направил многу пари,освен Панчев) иако тоа требаше многу порано да го направат АМС и ФФМ.Сепак уште еднаш браво за Пандев и се надеваме дека академијава ќе функционира како што треба и дека до 2020 можеби и на европско/светско ќе се квалификуваме:smir:(еххх пусти желби и соништа)
 
Децата на Пандев, на 15ти Февруари одат за Италија. Оште не се знаа дали ќе оде цела екипичка или неколку фудбалерчина, ама ќе има патување до Милано, да се пробат младите таленти, посебно 13годишнио Кико, кој од татко му на Пандев го добија прекаро Красич :) И баш по негова иницијатива Красич и уште едно друго дете треба да бидат првите деца шо ќе имат шанса да играат со Интернационалците од Милано, па и против маленките црвено-црни. Oчекувам и се надевам дека тва да се остваре, па ќе видеме. :)
 
Браво за Академијата. Реално гледано не многу фудбалери кај нас можат да го сторат ова, не заради недостаток на желба, туку недостаток на капитал. Јас мислам дека само двајца би можеле да го сторат ова. Пандев покажува дека сака да стори нешто за македонскиот фудбал за разлика од златната ни копачка кој покажа дека сака само да се полни уште пари со истоимената му кладилница. (Додуша сними и една реклама против алкохол или дрога) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom