Александар Лукашенко и развојот на Белорусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaptija Stojkov
  • Време на започнување Време на започнување
Погрешно го земаш здраво за готово терминот “напредок“, не ми го сфати примерот со замоците ниту со Кинезите ниту со твојата перспектива за тоа како треба да ти се развива животот, велиш “ако треба ќе работам“, но поентата не е дали треба туку колку добиваш, во тоа се мери квалитетот на животот. Доколку идејата на комунизмот е ти како дипломиран професор по географија да бидеш принуден да волонтираш во некое село цели 2 години без надоместоци, за да можеш да конкурираш за платено работно место, за потоа да имаш 3 дена годишен одмор (државни празници како денот на комунистичката партија и 1 мај и Божиќ) тогаш искрено ме интересира колку време ќе му посветиш на семејството и до која возраст ќе бидеш работоспособен за да го одржуваш, бидејќи со таквото темпо без потребната материјална мотивација и без потребното време за одмор, односно неопходните услови за продуктивноста на еден работник, ќе се соочиш со голем број на заболувања, а за лекови ќе немаш пари, образованието на децата ќе биде под знак прашалник и ќе ја мажиш ќерка ти на 19 години, жена ти ако ептен си ја погодиш нема да те остави кога ќе почнеш хронично да пиеш шпиритус кој се вика “водка“ туку ќе ти се придружи и таква е бело-руската визија за 21 век.

Тука не ја спомнувам социјалната помош од 16 долари за кои треба 2 месеци да метеш улици, да стекнеш право на истата.
Не го споменувам ни фактот дека во проектираниов “напредок“ на земјата народниот јазик изумира, а со тоа и литературата, културата која некогаш била позната како “белоруска“.

Ќе ти помогнам во однос на годишните одмори, но единствено по примерот на Лукашенко, а ти донеси си сопствен заклучок:

The Belarusian president reportedly paid his vacation with shares of a cellular operator and several Belarusian factories.

However, it later turned out that several large enterprises of Belarus, including the nation’s leading cellular operator Velcom, the Belarusian Metallurgical Factory, had fallen under the influence of Austrian entrepreneurs.
Belarusian analysts are certain that the scandal will not lead to any direct consequences for the nation’s administration. There was enough evidence to prove Lukashenko’s implication in disappearance of his opponents in 2001. However, no European law-enforcement agency decided to file a criminal case against the President of Belarus.

http://english.pravda.ru/world/ussr/10-06-2010/113754-lukashenko-0
 
Јасно ми е дека работникот е обесправен. Добро, да си професор и во Белорусија, ете, пак не е страшно. Појќе од три дена имаМЕ секаде :)
Нека е и така. Нека бидат и 15, а не 16 евра социјална помош. Нека биде држава која не дава годишни одмори на работниците. Нека биде држава која е вампир за своите работници
Но, дали ја прави единствена во тоа?
Знаеш сошто ја прави? Оти е “комунистичка“.
Не верувам дека сите ќе и беа закачени на грбот доколку имаше други ориентации. А во друштво на Куба, секогаш ќе биде земја каде што народот трпи за леб.

И немам потреба повеќе да дискутирам. Мислам дека се разбравме.
Вработени има, а тие малкуте што не се, без разлика дали седат дома оти што не им се работи или којзнае зошто, земаат скоро нула социјално. Работниците немаат многу време за одмор.
Земјата е комунистичка.

И Брате, се кладам дека, ако отворам тема „Груевски и развојот на македонија“ нема да ја оцениш толку лошо, оти не сме комунисти, нели?
Иако само овде тече млеко по улици (мед допрва, кога ќе заебат некој пчелар). За да работиш професор треба да чекаш 5-10 години за некој вампир да оди во пензија, па тие 2 години „стаж“ во Белорусија добро би ти дошле за да влезеш во форма. Земја каде што има работници кои работат за 5 000 и немаат воопшто денови одмор. Немаат ни водка да пијат.

Јас ти се извинувам за паралелата со Македонија, ама друго чаре не гледам, за да ја постигнам мојата поента дека;
Белорусија е оцрнета бидејќи сеуште е социјалистичка земја!
 
Јасно ми е дека работникот е обесправен. Добро, да си професор и во Белорусија, ете, пак не е страшно. Појќе од три дена имаМЕ секаде :)
Нека е и така.

Извини, заборавив да напоменам дека сабота е работен ден за школите. (6 работни дена)

Нека бидат и 15, а не 16 евра социјална помош. Нека биде држава која не дава годишни одмори на работниците. Нека биде држава која е вампир за своите работници
Но, дали ја прави единствена во тоа?

Ја прави мизерно лоша, а лошотијата не се мери во делењето на мизеријата.


Знаеш сошто ја прави? Оти е “комунистичка“.

Оти е “престарена“ со вечни лидери кои го искористуваат комунистичкиот систем за безмилосно црпење моќ, комунизмот како идеологија не прави штета туку луѓето кои го практицираат.





И немам потреба повеќе да дискутирам. Мислам дека се разбравме.
Вработени има, а тие малкуте што не се, без разлика дали седат дома оти што не им се работи или којзнае зошто, земаат скоро нула социјално. Работниците немаат многу време за одмор. Земјата е комунистичка.

Сите во Белорусија се свесни дека доколку не се отвори земјата, немаат перспектива.

И Брате, се кладам дека, ако отворам тема „Груевски и развојот на македонија“ нема да ја оцениш толку лошо, оти не сме комунисти, нели?
Иако само овде тече млеко по улици (мед допрва, кога ќе заебат некој пчелар). За да работиш професор треба да чекаш 5-10 години за некој вампир да оди во пензија, па тие 2 години „стаж“ во Белорусија добро би ти дошле за да влезеш во форма. Земја каде што има работници кои работат за 5 000 и немаат воопшто денови одмор. Немаат ни водка да пијат.

Обидот да се претстави системот на диктатура во Белорусија како успешна визија за Македонија е сериозно дебилоиден и не можам да разберам како истиот став доаѓа од професор.

Споредбите на Груевски со Лукашенко им ги оставам на политичките табори, а во предвид треба да се земе целокупното неуспешното раководство на земјава во изминативе 60 години.

Сите од земјите кои беа под Советската доминација и кои излегоа од комунистичкото слепило просперираат самостојно, на секое поле. Тоа е доволен показател за системот кој бил во минатото и овој сега.

Доколку во Македонија постоеше било каков систем тогаш и тоа ќе беше за нас успех.


Јас ти се извинувам за паралелата со Македонија, ама друго чаре не гледам, за да ја постигнам мојата поента дека;
Белорусија е оцрнета бидејќи сеуште е социјалистичка земја!

Поентата не ти е постигната, аргументите за напредокот се црни.
Состојбата во Македонија е лоша во најголем дел поради остатоците од претходниот нефункционален систем и расипаните политички навики по примерот на Лукашенко.
 
„Диктатура“ е збор што го земаш здраво за готово. Ти, не некој друг.
 
Белорусија во Европа ти е нај анти нато и нај анти еу држава. Нема ни 10% од Белорусите што се за влез во НАТО и ЕУ. Треба и ние Македонците да ги земеме тие примери од Белорусија.
 
A за каков судир мислиш помеѓу Русија и Белорусија ли??? И заради кои причини тоа?
 
Актуелниот Белоруски претседател Александар Лукашенко и уште 16 други кандидати утре ќе се натпреваруваат за претседателската функција во оваа земја.

Тоа унапред се знае дека Лукашенко ќе победи со сигурност 102,5 %
 
Актуелниот Белоруски претседател Александар Лукашенко и уште 16 други кандидати утре ќе се натпреваруваат за претседателската функција во оваа земја.

Тоа унапред се знае дека Лукашенко ќе победи со сигурност 102,5 %

смени си го датумот за еден ден понапред.

Лукашенко освоил 72 отсто од гласовите на избирачите

Досегашниот белоруски претседател Александар Лукашенко е реизбран со 72 отсто од гласовите на избирачите на денешните претседателски избори, наведуваат резултатите од излезните анкети, спроведени од институт близок до власта, неколку часа пред затворањето на гласачките места.


http://www.time.mk/read/8c7f9c2715/85358d9351/index.html
 
Сакале вие или не Лукашенко со Белорусија има да владее доживотно исто како што владееше Јосип Броз со СФРЈ.
Само тој што ќе го наследи по неговата смрт треба да тргне по неговите стапки.
Ако не отиде Белорусија јабана.
 
Има фатални слабости таквиот политички систем, и методите против него се веќе испорбани како успешни. Дали е заканата од САД или од Русија, на Белорусија не и се пишува добро.

1220-world-obelarus_full_600.jpg


Belarus election ends in protests, police crackdown

Belarus leader Alexander Lukashenko won a fourth term by a significant majority, but large protests by the opposition and a harsh police response signal this could be a difficult term.

http://www.csmonitor.com/World/Europe/2010/1220/Belarus-election-ends-in-protests-police-crackdown

 
Не се секирај Мисирков. Брзо ќе се среди тоа.
 
Што ќе се сличи ако дојдат проевропските пратеници ?
Ќе распордадат се на странските компании, профитот ќе се одлева надвор, цените ќе се качат а се друго останува исто.
Ах да, најголемата придобивка, ќе можат педери на улица да излезат, ќе имаш секси шопови на улица и ќе можеш да луташ до сабајле како глува кучка.
 
Во тој случај Белорусија ќе биде во иста положба како што беше Украина со Прозападниот претседател Јушченко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom