ПОДГОРЦИ (UnderMount) Кралството на природата (The kingdom of nature)

  • Креатор на темата Креатор на темата kralot
  • Време на започнување Време на започнување

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Подгорци е населба која се наоѓа во југозападниот дел на МАкедонија, на падините на планината Јабланица, на 14 киломрти од крајбрежјето на прекрасниот европски бисер, Охридското Езеро.




Населбата е ридско-планинска, опколена со прекрасни шуми и планински предели. Населбата располага со голем дел од планината, протегајќи се се до државната граница со соседна Абанија.

Денес во него живеат три илјади жители, од кои 90% својата егзистенција за живот ја добиваат работејќи како градежни работници низ поразвиените западноевропски држави, како што се Италија, Словенија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Германија, а дел дури и до прекуокеанските САД и Австралија.

со координати
41° 15' 33"
северна геогравска должина и 20° 35' 45" источна геогравска широчина, се наоѓа на надморска височина од 850 до 1000 метри над морското ниво. тоа на населбата и овозможува да живее во мирен и прекрасен планинаски амбиент.

во оваа населба живее мешано етничко население, што никогаш не предизвикало никакви немили настани, одсекогаш тука имало соживот помеѓу жителите.


--- надополнето ---



uzivajte!!
 
Подгорчани се гостопримлив народ, без сомнение прекросни би поминале, а и би останале вчудоневидени од она што ќе го видите, во прилог ви поставувам видео кое навистина претставува чудо на природата...


Планинаска верига во форма на човечка глава, во атерот на населбата.

Погледнете!!
 
Е малце го претеруваат со планината во форма на човечка глава, такви квази-чуда има милијарда на светов.
 
Хм, мислиш дека не е така или мислиш дека не е толку спектакуларно???

Дека е така јас ти сум жив сведок а дека не е голема работа можеби но сепак е нешто што ретко го има брем во Македонија и во секој случај е една добра рекламација за навистина прекрасните можности што ги дава овој крај и прекрасната природа која изобилува со прекрасни пространства кои ги одмараат очите и ја лечат душата.

Исто во атерот на населбата на надморска височина од 2000 метри имаме ледничко езеро, планинско око, Подгоречко езеро, најголемото ледничко езеро на Јабланица и едно од најубавите и најголемите во Македонија.

ezero_1.jpg

Подгоречкото езеро е најголемото глацијално езеро на Јабланица. Има вкупна површина од 3.999 m². Максималната издолженост во правец североисток-југозапад изнесува 226 m , а во правецот север-југ 175 m. Неговата најголема длабочина е 10 m. Езерото прима вода од потоци и атмосферски талози. Кои подоцна преку еден поток истекуваат од езерото. езерото се наоѓа на надморска височина од 2000 меттри, специфично за оваа езеро е тоа што во себе содржа животински свет и има сопствени надворешни и внатрешни извори, исто така има и влијание врз својата околина. исто така една од карактеристиките е и тоа што ова езеро има иста длабочина како и дорјанското езеро кое е едно од трите котлински езера во МАкедонија.

ezero.jpg

Подгоречкото планинско око има повеќе карактеристики, што на некој начин го прават посебно и различно од другите, како прва карактеристика на езерото е тоа што езерото има сопствени надворешни и внатрешни извори, кои секојдневно го држат стабилно неговото ниво, а и овозможуваат и истек од него, всушност од него истекува Подгоречката река, која тече во должина од 12 километри, за потоа да се влее во Црни Дрим.

како втора карактеристичност на оваа планинско око е и тоа што е едно од ретките глацијални езера кои во себе содржат животински свет, поточно во подгоречкото езеро живеат голем број на водни змии, голем број на влечуги, како и голем број на инсекти. Направени се неколку обиди за порибување на езерото но сите завршиле неуспешно.

како трета карактеристика на оваа езеро е и тоа што неговата длабочина е еднаква со едно од трите котлински езера во Македонија, тоа е Дојранското Езеро, односно и двете имаат длабочина од 10 метри.

ezero_2.jpg

како четврта карактеристика на ова планинско око е тоа што игра улога, односно влијае на својата околина. околу ова езеро воздухот е доста свеж и има зголемена влажност, со што се овозможува опстанок на ендемични видови, тука ја имаме ендемичната пеперутка која во скоро време е истражена и докажана како ендемичен вид.

ова езеро исто така обезбедува и вода за наводнување и пиење на населението на населбата подгорци, преку водоводната мрежа која е долга 8 километри водата се пренесува до населбата, преттоа филтрирана и хлоризирана во филтерните станици кои се наоѓаат над населбата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom