- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Блиц“: Мнозинството српски граѓани не знаат што е Интернет
Белград, 21 јуни 2010 (МИА) - Кога станува збор за компјутерската информираност, Србија се наоѓа на самото дно на списокот на европските земји, што не претставува ништо ново, пишува денеска белградскиот весник „Блиц“.
Застрашувачки е фактот дека 44,7 проценти од анкетираните граѓани во земјата никогаш не користеле компјутер, а уште поголем е процентот - 56,4 не користеле Интернет.
Дали поради лошата економска ситуација во земјата, која трае долг период, или поради нерамномерниот развој на регионите, некои делови на Србија се целосно изолирани од современите технологии, додека други, иако недоволно во споредба со развиените земји, брзо напредуваат, наведува „Блиц“.
Бројките покажуваат дека Србија е на почеток на развојот на информатичкото општество и е потребно да бидат надминати многу бариери на тој пат од развојот на инфраструктурата до потребното образование.
http://www.novamakedonija.com.mk/default01.asp?id=11&sel=0&l=3&prilog=0