Медведев ќе ја посети Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Рускиот претседател Димитриј Медведев е подготвен да ја посети Македонија заради потпишување на договор за пријателство и соработка, за што вчера разговарал со неговиот македонски колега Ѓорге Иванов на средбата во Санкт Петербург.
Откако руската компанија „Газпром“ се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен поток“, Иванов и Медведев, освен за енергетската соработка, разговарале и за можностите за подобрување на економските односи меѓу Македонија и Русија, и за потенцијалите за отворање на рускиот пазар за македонските производи.
Идната соработка меѓу двете земји ќе се регулира со договорот за пријателство и соработка, чијшто предлог-текст Скопје веќе го достави до Москва. По усогласување на текстот би следело и потпишување на договорот, за кој чин, Медведев најавил подготвеност да ја посети Македонија.

Извор: Дневник
 
Ова е добро. Постепено оддалечување од НАТО.

И што би рекол Хајдрих, само да го спомнат с-400.... :vozbud:
 
Подготвеност е сосема друго од договорена посета, аман со овие погрешни наслови. Кога ќе биде официјално соопштено тогаш бујрум.
 
Навистина браво за Медведев. Алал да му е. И ај сега нека рече некој дека Русија нас воопшто не ни е пријател.
 
Е вака треба барем со сите по развиени земји, секакво лобирање за економска, војна и политичка состојба се добредојдени!
 
Подготвеност е сосема друго од договорена посета, аман со овие погрешни наслови. Кога ќе биде официјално соопштено тогаш бујрум.

Па добро така е, ама ако некој погрешно ги разбира работите не сум јас крив. Плус тоа Медведев најавил дека е подготвен, така да ако се одлучи од двете страни дека договорот може да се потпише најверојатно ќе дојде Медведев.

--- надополнето ---

Е вака треба барем со сите по развиени земји, секакво лобирање за економска, војна и политичка состојба се добредојдени!

Секако, еве пред некој ден имаше на вести дека Македонија и Русија склучија и друг договор, Македонските винарии да ги снабдуваат Руските цркви со вино, а Русите пак да носат туристи во Македонија.

Со јакнењето на одности со Русија се намалува снагата на уцена за промена на името од НАТО и ЕУ.

Инаку Руската православна црква ќе користи македонско црвено вино во нивните богослужби.
Ваљда дека сме ромеи затоа така одлучила, или индуси што бевме ?
 
Да, да пријател ни е Русија.... Голем. Скоро колку Американските држави!
Од Месечина се гледа дека е само интерес е во прашање и ништо друго! И тоа се разбира интерес на Русија! (или на нивната мафијата, сеедно)... Имаат *клириншки долг* према Македонија, па сега сакаат да ни го вратат... зашто сме биле добри! ха-хахахах! Сакаат да не изсексаат всушност (исто како и овие другиве што прават *БУНКЕР АМБАСАДИ*. Ке ви изградиме плиновод ни велат за долгот (колку беше 60-тина милиони, а вкупниот проект неколкупати поскап?)... се разбира вие ке си доплатите за останатото И УШТЕ ПОВЕЌЕ СЕ РАЗБИРА ЧИВ ПЛИН КЕ ТЕЧЕ ПО ПЛИНОВОДОТ.... Ете ја љубовта према Македонија! Не бидете наивни како овој нашиов *Хорхе* кој вели *ги разгледавме со колегата Медведев можностите за подобрување на економските односи меѓу Македонија и Русија, и потенцијалите за отворање на рускиот пазар за македонските производи.*.... А бе ДУКО ни еден! Нив ги интересира само плинот да ти го профукаат! Ништо друго! Да ги интересираше нешто друго, сигурно досега ќе го увезева од МК... нивниот амбасадор не спие како повеќето наши! Да ни беа прави пријатели, те да не ги интересираше само интерес и ништо друго.... зошто *сто години* го влечат долгот? За нас тоа не е баш мала пара, а за нив не се многу! Зошто не ни платива досега со Руска нафта?..... Можам да замислам какви ке беа коментарите САД да ни должеше толку! :vozbud:.... многу ке се возбудеа некои!
 
Нееее, нас нас не ни треба плин, тие да си го продадат плинот, па нас дали ни треба или не, не е нивна работа. *иронија* Исплаќањео на тие 60милиони беа на неколку пати одложувани од руска страна, конечно и да си го исплатиме долгот.
Колку за информација, Македонија не ни беше планирана да влезе во проектот, што ќе беше поразително за нас. Договорот што беше склучен со Русија е исто така супер вест за Македонија, но уште поважен е тоа што сме вклучени во проектот Јужен Поток, како и гасификацијата на термоелектраните.
 
Да, да пријател ни е Русија.... Голем. Скоро колку Американските држави!
Од Месечина се гледа дека е само интерес е во прашање и ништо друго! И тоа се разбира интерес на Русија! (или на нивната мафијата, сеедно)... Имаат *клириншки долг* према Македонија, па сега сакаат да ни го вратат... зашто сме биле добри! ха-хахахах! Сакаат да не изсексаат всушност (исто како и овие другиве што прават *БУНКЕР АМБАСАДИ*. Ке ви изградиме плиновод ни велат за долгот (колку беше 60-тина милиони, а вкупниот проект неколкупати поскап?)... се разбира вие ке си доплатите за останатото И УШТЕ ПОВЕЌЕ СЕ РАЗБИРА ЧИВ ПЛИН КЕ ТЕЧЕ ПО ПЛИНОВОДОТ.... Ете ја љубовта према Македонија! Не бидете наивни како овој нашиов *Хорхе* кој вели *ги разгледавме со колегата Медведев можностите за подобрување на економските односи меѓу Македонија и Русија, и потенцијалите за отворање на рускиот пазар за македонските производи.*.... А бе ДУКО ни еден! Нив ги интересира само плинот да ти го профукаат! Ништо друго! Да ги интересираше нешто друго, сигурно досега ќе го увезева од МК... нивниот амбасадор не спие како повеќето наши! Да ни беа прави пријатели, те да не ги интересираше само интерес и ништо друго.... зошто *сто години* го влечат долгот? За нас тоа не е баш мала пара, а за нив не се многу! Зошто не ни платива досега со Руска нафта?..... Можам да замислам какви ке беа коментарите САД да ни должеше толку! :vozbud:.... многу ке се возбудеа некои!

Ако вака размислуваа и политичарите, Македонија досега ќе беше во полоша состојба од некоја афричка земја. Не е важно дали Русија има интерес, важно е што Македонија од ова добива а не губи, ем долгот вратен ем учество во Јужен поток, незнам што е тука нејасно. Македонија не е голема земја со јака економија и затоа треба да се труди да изнуди корист од сите поголеми држави, без разлика дали тоа се западните земји или источните, Македонија има добри односи со сите сега засега. Еве се потпиша договор и со Полска за соработка на полето на одбраната, со Кина исто така, со Русите сме во добри односи, САД, Канада, Германија...Незнам што сакате вие...
 
Не размислуваат вака политичарите, затоа сме МНОООООГУ ЈАКИ! (Ете со Полска соработуваме на полето на одбрана - јаки сме!).......
Ние што сакаме? Ние сакаме извоз на вино и не само на вино.... туку и на РАКИЈА во Руските Манастири!
Повторно ќе кажам, многу поубаво да искеширава, можеби *паметниве* политичари ќе направеа уште некој споменик.... на Медведев! И на Путин два ако треба! Да бевме како некоја Африканска земја, сега ке организиравме СП во фудбал или ќе ја тепавме Србија....
 
При этом македонцы пошли дальше румын.:smir: Свое участие в работе Петербургского международного экономического форума высокопоставленнаја македонскаја делегација использовала длја решенија еште одној насуштној проблемы - урегулированија порјадка выплаты клирингового долга бывшего СССР. По достигнутој договоренности, из обштеј суммы 76 млн долл. Македонија получит "живыми" деньгами 16 млн долл., а оставшујусја сумму погасјат россијские компании, предоставив свои товары и услуги.:vozbud:

http://www.rg.ru/2010/06/23/potok.html
 
Хехехе, абе разбирам дека Русија не е најмоќната земја во светот, но сепак е доволно моќна за да ги прегази Србија и Бугарија, и тоа здружени заедно.Ако се докаже дека ова е вистина тогаш ќе изгубат многу пари и двете држави.Затоа најпаметно ќе им биде на овие две држави да не се мешаат во играта на големите, зошто ќе настрадаат.....А што се однесува до Медведев, секој договор за пријателство е за поздрав и ние ќе имаме корист од тој договор ако одиграме ние паметно, но ако е ова обид на Медведев да ја сврти ситуацијата, односно да ја претвори Македонија во руски сателит тогаш можам да кажам дека веќе му е џабе......
 
Не дај боже Руси да те бранат а Грци да те хранат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom