Депилирање со VEET...

  • Креатор на темата Креатор на темата tanjush
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 март 2010
Мислења
15
Поени од реакции
0
Дали сте го користеле овој производ? Зошто баш овој производ? Како тоа делуваше на вашата кожа и дали при користењето односно по депилирањето наидовте на некои непријатности? Што според вас е подобро: користењето на крема или на лентите за депилирање?

Ги очекувам вашите мислења... :)
Поздравче ;D
 
Само восок или депилатор, ни крема ни ленти. Со крема ќе пораснат за недела дена, лентиве некако ми се замарање а со восок е побрзо. После топол восок или депилатор кај мене се појавуваат дури и по месец дена :)
 
Кремата ти е исто како брич :)
А лентите се боље од восокот(спротивно од она што го кажа џену) зашто не се замараш со нанесување на восок и тоа дали ти останал восок на ногата...
Со лентите само одлепуваш, залепуваш и пак одлепуваш, и немаш гајле... И можеш да си земеш Veet за мажи вадат СЕ... иначе можно е да се поскапки само...
 
^ Ама за по дома фала Богу дека е восокот замарање, вака кај козметичарка со восок за пола саат максимум готов си :)))) Ова е за сите што се помрзливи како мене да одлепуваат - залепуваат :)
 
мене не ми одговара восокот на Вит (или како и да се изговараат)
Еднаш со нив се депилирав и после тоа ептен чудно ми беше на нозете. Ми се направија црвени топчиња.
Инаку како и да е дефинитивно восок.
Ако треба да се шлапам со крема ич не ни почнувам, бричот и свршена работа.
 
Сакаш да кажеш дека ти се појавило нешто како алергија?? :icon_eek: :raz:
 
Сакаш да кажеш дека ти се појавило нешто како алергија?? :icon_eek: :raz:

Секоја кожа е различна, и јас имам после депилирање реакција на кожата, ми се прават црвени топчиња ама исчезнуваат по 6-7 часа :)
 
Ај некој поискусен без разлика дали машко или женко нека помогне.За жал влакнест сум и малце накај грбот и кај трицепсите и сакам тој дел да го средам.Сега може да ми препорачате некој салон ( со пристојна цена :) ) или има нешто домашно за машко да искористи по дома да не иде по салони????
 
Џени, а дали истата реакција ја имаш и по депилација во салон?
Затоа што мене од тој црниот восок нишо не ми е на нозеве... па не знам дал восок да мењам, дал нозе :icon_lol:
 
Јас за среќа немам проблем со влакната:pipi:(не сум влекнеста:icon_lol:)
Убаво ке си ги средам со еден ептен добар женски брич(Venus) и терам и до недела и повеќе(ако почнале да излегуваат ич не се ни примеќаат:))
Депилирање...мразам,ме боли,црвени нозе...не.
Пробав со вит лентите кожата ке си ја извадев и така заврши моето искуство со депилирање.
 
Првите депилирања пред 10тина години ми беа со Вит. Јаооо среќа брзо завршија.
Прво се шлакаш цела со кремата, па стоиш на едно место неколку минути (сеа знам има и за 2-3 минути, порано старите Вит беа за 15тина минути) и после неколку минути почнува кремата да мириса одвратно, еден грд мирис од кој потоа и нозете ти мирисаат иако 10 пати со сапун ќе ги измиеш. И влакна за 5 дена пак искачаат.
И да, ми се случувало да ми се вцрвени кожата.

Си одиш на депилација, топол восок, пола саат и нозете средени 1 месец. Иначе Бат-Елохим ја се имам еднаш само со црн восок депилирано и со него ме боли мноооогу повеќе него со зелен, кремаст, бел... Црниот восок е најстар восок, понови се овие побеливе и дефинитивно помалку боли. Јас ич не се исфрлам, секако малку е иритирана кожата првиот ден, ама тука се завршува.

А сега и со депилатор се правам за прв пат од годинава. И не е лошо. Само што ме боли и се замарам.
И сум за козметичар пред се!
 
Ме интересира дали постои некој начин успори (ефикасно) раснњето на влакната по депилацијата?

Се извинувам за можеби глупавото прашање, но несум доволно упатен :icon_redf
 
Џени, а дали истата реакција ја имаш и по депилација во салон?
Затоа што мене од тој црниот восок нишо не ми е на нозеве... па не знам дал восок да мењам, дал нозе :icon_lol:

Да :(

И на веѓи и на раце и на нозе. Бел тен имам и преосетлива кожа, пликови и црвени топчиња ми се прават, но исчезнуваат за неколку саата максимум. :) Ја би за нозе да мењаме :icon_lol:
 
Ме интересира дали постои некој начин успори (ефикасно) раснњето на влакната по депилацијата?

Се извинувам за можеби глупавото прашање, но несум доволно упатен :icon_redf

Има креми за успорување на растот на влакната само не знам како се викаа,оди во некој подобро снабден маркет и ќе најдеш.Имаше и во Oriflame,ама не знам колку се ефикасни :smir:
 
Ме интересира дали постои некој начин успори (ефикасно) раснњето на влакната по депилацијата?

Се извинувам за можеби глупавото прашање, но несум доволно упатен :icon_redf
probaj da najdes BIOXET vikaat deka pomaga da go uspori duri i celosno da go spreci rastot na vlaknata. probaj nema so da izgubes
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom