Државна матура (Англиски јазик)

  • Креатор на темата Креатор на темата elektro
  • Време на започнување Време на започнување
чекајте сега, ај некој повеќе што се разбира нека каже убаво.
прочитав дека обично се паѓало неформално писмо, дали кај него се пишуваат адресите? барав по интернет и секаде видов дека се пишуваат горе десно? сите 4 години ми предаваше една што појма нема од предметот и сеа не можам баш да се снајдам.
значи ме интересира дали кај неформално писмо се пишуваат адреси и дали и тие се бројат како зборови? пишува дека писмото треба да е од 80-100 збора. дали и адресите влегуваат? а сигурно и Dear и поздравот на крај влегуваат? right?
и стварно би ви бил благодарен ако ми дадете и линк да видам како вие сте пишувале неформално на државна. отприлика.
 
ДОЈАВА ДОЈАВА !!!!
тема за матура...коеф 5ка,,сигурен извор нема шанси за пад !! 1000%
Да покидамо кладиони..кхм тестови..
 
значи најсериозно барам помош.
100 % сум сигурен дека на форумов има некој што се разбира добро од англискиот.
ти што си пишал над мене ако знаеш кажи помогни, ако не, те молам не пишувај глупости, не си интересен.
кога бара човек помош, помогни, а не да се ситиш.
 
Јас колку што памтам во неформално писмо не треба адреса, само пишуваш тоа што ти е дадено.
Ние кога полагавме една тема ни беше да наведеме 3 причини зошто е тешко да научиме странски јазик, а другата беше покана за роденден мислам (за второво не ме фаќај за збор не сум сигурен).
Ама во врска со неформалното писмо мислам дека не треба адреса.
 
значи ако се падне и годинава неформално писмо, во инструкциите ти се дадени 2 теми? (или темите ми ги кажуваше за есејот?)
а во случај ако се падне формално писмо, горе дадени ти се и адресите што треба да ги пишеш?
 
За формално врска неам, а јас ти ги кажав двете теми што ги имав јас за пишување. Таа со трите причини беше главната тема (големиот есеј), а поканата за роденден беше малиот есеј до 100 или до 150 збора мислам дека беше.
 
mobile phone се брои како два збора, така?
оти видов назад некаде пишуваше дека coca-cola како едно се броело.

п.с. ice-cream? како едно?

п.с2. есејот исто се пишува како и овој по македонски? се остава два прста на почеток и има три дела?
 
Есеј правилно се пишува во четири параграфи, така ми кажаа мене
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 21:45 ---
Знае ли некој кои беа темите минатата година за писмото и за есејот?
 
како бе во четири параграфи? дај не зезај.....
есеј би требало по секој јазик исто да се пишува.
Вовед, главен дел и заклучок.
а овие зборови никој не знае како се бројат?
ice-cream на пример? се смета за 1 или 2 збора?
 
Па ако во есејот треба да пишуваш за добри и лоши страни, тие треба во посебен параграф и плус вовед и заклучок... и ако имаш нова мисла пак треба нов параграф..
 
како бе во четири параграфи? дај не зезај.....
есеј би требало по секој јазик исто да се пишува.
Вовед, главен дел и заклучок.
а овие зборови никој не знае како се бројат?
ice-cream на пример? се смета за 1 или 2 збора?

Есеј може да има и преку 10 параграфи, зависи до обемноста на темата и колку зборови треба да напишеш. Точно е дека има 3 дела, но можеш да го прошириш секој дел во повеќе параграфи. Замисли да напишеш есеј од 3000 збора во 3 параграфи. Кој ќе го чита тоа?

За прашањето твое, ice-cream напишан во тој стил се смета како еден збор поради тирето, само проблемот е што се пишува ice cream, одделено. Сходно, mobile phone ќе биде исто 2 збора. И не троши време да ги броиш зборовите. На никој не му е гајле дали ќе напишеш 100 или 105 збора. Не прави компромис меѓу квалитет и неколку збора, би требало да толеритаат неколку збора +/-. Ако не те бива многу за англиски гледај да ги погодиш правописот и граматиката, големината или параграфите не ти се најголемиот проблем. И онака не можеш да напишеш многу во текстче од 100 збора. Во мојов пост сигурно има 200 барем, не е нешто тешко :)
 
абе сеа не можам да гледам да го погодам првописот или големината, за 5ка или 4ка се работи. не сум слаб ученик.... :icon_mrgr: затоа се трудам се да е тип топ.
p.s. од колку до колку треба есејот? од 140 до 180 или се лажам?
 
Не знам колку треба да напишеш, не полагам матура. Само ти викав, погаѓање се "тип-топ" не значи да ги погодиш зборовите точно на број. Ако тој што ќе те оценува му текне да ги брои зборовите по број и види дека имаш да речеме точно на број напишано само ќе му дадеш до знак дека повеќе си внимавал на мал детал нако големината на текстот отколку на структурата и квалитетот (што се интегрални делови од секој труд за разлика од тоа да имаш точно зборови напишано). Ќе добиеш петка ако точн одговориш на прашањето и граматички е правионо напишан текстот.
 
прочитав дека обично се паѓало неформално писмо, дали кај него се пишуваат адресите? барав по интернет и секаде видов дека се пишуваат горе десно?
значи ме интересира дали кај неформално писмо се пишуваат адреси и дали и тие се бројат како зборови? пишува дека писмото треба да е од 80-100 збора. дали и адресите влегуваат? а сигурно и Dear и поздравот на крај влегуваат? right?

За писмото не треба адреса, а ако ја има не се брои. Не смее да се пишуваат лични податоци. Се брои од Dear Хххх или Hi Хххх (зависи колку формално треба да биде), па до крај (потписот т.е. името на праќачот). Броеви напишани со зборови се бројат, а со цифри не. Писмото е почесто неформално, но досега е давано и формално (поплака поради неквалитетен артикл, молба за вработување на брод). Смајлиња, срциња, цветчиња, органи за репродукција, CU, btw ... се непожелни.

За есејот, не е важно дали ќе го вовлечеш првиот ред 1, 2 или 3 цм, туку да се познава дека е нов ред т.е. нов пасус. Дали ќе бидат три или четири пасуси зависи од зададената тема и упатство. Во секој случај, мора да бидат најмалку три (вовед, содржина и заклучок). Со 140-180 збора и не можеш да се распиштолиш со повеќе од 4-5 пасуси.
 
каква информација да дознаете за англиски пишете овде.
тема на есеј ( ако си се шпекулации), дали ќе има формално или неформанло писмо, што друго ќе има, кај ќе има.........
:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom