Француски "Керфор" влегува во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата jyvation
  • Време на започнување Време на започнување

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.166
Поени од реакции
2.773
Францускиот трговски ланец “Керфор“ најавува влегување на пазарите во неколку балкански земји и тоа во партнерство со грчката компанија “Маринопулос“, објавува СЕЕбиз.

Според планираното, заедничката француско-грчка фирма ќе отвори супермаркети во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Словенија.
 
Ова е добра вест, единствена штета што партнери им се грчки фирми, наместо македонски, зборам за Македонија.

Керфур носи со себе голема логистика, од своја банка, до други сестрински фирми од скоро секоја област. Исто така ќе изнајми многу домашни производители да прават производи под логото на фирмата меѓутоа со домашно потекло, од стилот на павлака Керфур која ќе ја полни некоја приватна македонска млекарница и сл.

Другата добра работа е пад на цените бидејќи Керфур маркетите сепознати разбивачи на локални цени.

Пред 3 години имав летна практика во нивната банка партнер и прилично се дарежливи како работодавачи, меѓутоа водат силно француско ориентирана политика, на пр. сите коли во возниот парк на фирмата и сестринските фирми мора да бидат од француските производители.

Сепак сето ова во зависност со колкав капацитет ќе влезе во Македонија, кога пазарот е мал и сиромав.

Младите би требало да гледаат одлична можност со познавање на француски јазик - гарантирана и убава работа.
 
Уште Керфур фалеше овде :tapp:.
 
Супер =) ... нека земат пример сега 7 илевен 11 , Старбакс ..итннннн брендови =)
 
Керфор е многу добар ланец . Отлични продукти и добри цени. Во Бугариjа има засега магазин на Керфор во Софиjа и во Бургас и до краj на година ке има и 3 ти во Русе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom