Дали и театрот почна да произведува „турбофолк“

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш театарот не сум го гледал како срество за искажување или покажување на интелект.
 
Вест напиша:
Фолк ѕвездата Благица Павловска ќе стане глумица. Таа идната недела ќе заигра во претставата "Наши години", а нејзината улога ќе биде стројницата Благуна. Таа како стројник ќе ги мести своите две ќерки на двајца браќа, а освен тоа и ќе пее. Претставата е во режија на актерката Снежана Конеска Руси, а покрај неа и Благица во претставата ќе играат и Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски, Борче Нацев и Јулија Милкова. Текстот за претставата е на Снежана Конеска Руси и работен по мотивите на Марко Цепенков.
Ете, некој ја отворил темава и рекол, чекај, па дај вистински турбофолкер да викнеме, да не искочи дека типов лаже. Благица Павловска бе еј? :pos: :lud: Ама океј, јасно ми е, дури и оние стокине шо мочаат по бандери ќе идат у театар. Јурумлери организирано ќе оди во Драмски сеа... :)
 
Театарот веќе одамна произведува турбофолк и публиката тоа го сака. И оди после објасни му дека тоа всушност не е вистинска претстава но некаква си не знам себепромоција, првење нешто во слободно време,правење пари, врвење низ рамката на `то ми е професија` и слично. А од уметност ни у. Јас добра претстава немам изгледано па не знам, десетина години сигурно освен тука така некое поалтернативно парче кое ќе се обиди барем малку и на некој начин да ме заинтригира.
Јас ќе си кажам за битолскиот театар...Капацитет има, глумци има...претстави за кои ќе се зборува или ќе добијат некоја солидна критика, ќе привлечат некое внимание или барем ќе добијат некоја популарност, нема.
Значи турбофолкот во театарот му доаѓа нешто како причинско последичен исход. Ќе си поставиме прашање, што народот сака да гледа и така како исход ги добиваме нус комичарите од Солзи и Смеа кои филмуваат вицеви и прават глупави скеч претстави.
Но ќе начнам и друг проблем. Живееме во време кога самите животи во нивното секојдневие ни се полни со трагедија и трагикомедија, па од таму и` театарот повеќе не провоцира толку многу како порано`. Тажно е што избрале алтернатива-кич. Од ова мачно социјално време, во кое никој повеќе не можи да ти дефинира вредност зошто сме заглавени сеуште во транзиција можеа да произведат многу добри уметнички дела, а тие избраа да произведуват турбофолк. Епа, нека ни е на здравје.
 
После ја зашо избегав у Софија да учам театарска режија. Се изнаглеав квалитетни претстави од добри автори, а не “Кинегонда во Карлаленд“. И покрај тоа шо ми јадат гомна другариве дека сум у Бугарија, сепак идеш таму и продужуваш кај шо е боље. Ебате!
 
Ја немам гледамо претставата кинегонда во Карлаленд, ама Венко Андоновски ако не е добар автор, тогаш кај нас само Петре М. Андреевски е добар.
 
Има и квалитет но има и турбофолк (Певај брате, Госпоѓа министерка со Весна Петрушевска). Најчесто сега се користи за некаков вид на перење на мозок (Последните македонци, Децата на Сонцето бал бла исус македонец).
 
Кинегонда е од добар автор али режијата е на Сашо Миленковски он малку крш прај :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom