Како се обраќате кон вашите родители?

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Со тато и мамо.. Се дешава и со ЕЈ, АБЕ, и тако даље :D
 
Мајка ми секогаш е мама, мамо и мами, а татко ми некогаш тато, некогаш на надимак, некогаш батка - зависи од расположение. На баба ми и се обраќам со бабо и на сите братучеди со дада и бато затоа што сум најмала.
 
Со мамо и тато. Сестра ми ја викам Зелка .:pos: Сериозно, помала е од мене и понекогаш ја тролам, ама знае да ми врати да ми исклучи бојлер пред искачање или светло додека се бањам. :D
 
Батка, Стефче, Петре, Џони, и по име. Тато скоро никогаш. :D
Сики, Дафина, Трајанче, многу ретко по име. Мајче и мајка некогаш, ама ретко.
 
На мајка ми и се обраќам со мамо, а на татко ми со тато. Се случува и некогаш да ги викам по име, ама тоа е ептен многу ретко:)
 
Од пред некое време само по име, ама па затоа брат ми сеуште е бато, никако по име да го кажам.
 
На мајка ми и се обраќам со мамо, а на татко ми со тато. Се случува и некогаш да ги викам по име, ама тоа е ептен многу ретко:)

а ја мислев на мајка ти и се обраќаш со тато,а на татко ти со мамо
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom