Како се обраќате кон вашите родители?

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Темата е како се обраќате кон вашите родители, тато мамо, по име, стари стара или моите домашни животни :icon_lol:?
Јас кон моите секогаш со тато и мамо....
 
На мама со мац, маце, маче или ако се караме МАМО или МАЈКО. На баба ми баби или бабе :) Другите по име
 
тато , тато бре , ма'o ,мамо , маа .
 
Зарем треба со титула да им се обраќам? :icon_lol:
 
Тато, мамо, а на таткоми понекогаш му се обраќам со човек...:salut:
 
Само со тато и мамо,на друг начин глупаво ми е :D
 
на баба ми со бабе на мајка ми и татко ми со мама и тато, братучедите со даде и бате
 
на мама со “ане“ :toe:( не знам зошто од мал така ја викам ко турчин да сум, да го ебеш :pos:), тато некогаш по име некогаш “татоу“, бабите со “бао“ и на сестра ми (ако темава е за родителите) и се немам обратено едно 15тина години :jaj:
 
Паа на тато со DADDY, а на мама со Мамич.
 
Ако ми зборува тато, а јас не го разбирам за што ми збори понекогаш му викам Ој боби (албански :pos:), ама тоа е многу ретко, оти се лути :pos: (наводно не сум била концентрирана кога ми зборувал), а мајка ми понекогаш Нена (братучед ми кога бил и викал, Нено Сандре ноду ака тебе :pos: :pos: :pos:), ама си ги викам мама и тато дури и во друштво кога сум. Со сестра ми порано се зезавме мајка ти или татко ти оти знаевме дека им иде на нерви :smir:
 
1. Мислам дека најчесто сум директна па некако не е ниту со мамо, ниту со име ...
2. На татко ми му се обраќам со вие, бидејќи го запознав прв пат пред 2 години и сеуште за мене е туѓинец
3. На дедо ми му се обраќам со дедо, тета-тето, тетин-тетин
4. На братучедите им се обраќам со име или со даде
5. На кучето му се обраќам по име или душо, срце, мило мое, бате ... кога како
6. Дечко - најчесто по име или надимак ... цили мили - не
 
татко немам подолго време, а мајка ми со мајко... не ми иде поинаку да ја викам на оваа возраст... тетки, чичковци и баби немам, дедовци па ич све то испоумреа до еден, освен на сопругата мјака и која ми е со сила баба, ама нејзе по име ја викам... а сама си е крива за тоа... кога бевме дечко и девојка ја и се обратив со бабо на зезање, а она бунт ми крена и скандал ми напраи пред друштвото тогаш, демек, тоа не се знаело дали ќе ми биде или не баба, па ја завикав тетка+името и кога стварно ми бидна баба неможев да и речам бабо, само го исфрлив она тетка и сега ми личи како да довикувам некој овчар на планина ама тоа е тоа, како што реков сама си е крива... уствари ја гледам еднаш до двапати месечно па и така не ми е ама ич проблем...
pos.gif
pos.gif
pos.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom