Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.320
- Поени од реакции
- 34.741
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
Автор: Дарко Лазаревски
Уредот го отстапи: Вип oператор
HTC Legend, телефонот кој се смета за наследник на моделот Hero пристигна и во Македонија. Колку возбудливо звучи податокот дека станува збор за Android уред со Sense кориснички интерфејс?
Главни карактеристики
- Quad-band GSM/GPRS/EDGE поддршка
- 3G со HSDPA 7.2 Mbps и HSUPA 2Mbps
- Android OS v.2.1 со кориснички интерфејс Sense
- Qualcomm MSM 7227 процесор со работен тaкт од 600 MHz
- Алуминиумско куќиште
- Капацитивен AMOLED дисплеј на допир со големина на дијагонала од 3.2 инчи и HVGA резолуција
- Камера со резолуција од 5 мегапиксели со автоматски фокус со LED блиц која снима видео во VGA (640х480) резолуција со 30 фрејмови во секунда
- Вграден GPS приемник
- Поддршка за Wi-Fi 802.11 b/g
- Веб прелистувач со поддршка за Flash
- Акцелерометар
- Дигитален компас
- Стандарден 3.5 милиметарски аудио приклучок
- Стандарден microUSB приклучок за трансфер на податоци и полнење на батеријата
- FM радио со RDS
- Слот за microSD мемориска картичка (во пакувањето е вклучена картичка од 2GB)
- Интеграција со друштвени мрежи (Facebook, Twitter)
Што има во оригиналното пакување?
Покрај телефонот и полначот кој за својата функција го користи miniUSB кабелчето за трансфер на податоци и синхронизација, тука се и слушалките со 3.5 милиметарски приклучок, упатството за користење, гарантниот лист од производителот и microSD мемориската картичка со капацитет од 2GB.
Дизајн и конструкција
Откако HTC Legend од кутијата ќе се најде за прв пат во вашите раце, доволен е само момент за добиете силен впечаток дека се работи за уред за чија изработка се користени квалитетни материјали. Слободно можам да кажам дека HTC Legend е еден од телефоните со најцврста конструкција кои сум имал можност да ги имам во рака.
Уште на прв поглед станува јасно дека неговиот изглед е одличен спој на уметноста и технологијата. Матираното алуминиумското куќиште, сјајното стакло на дисплејот, копчињата од сјајна пластика... претставуваат одлична комбинација на материјали.
Дефинитивно, станува збор за уред кој освен перформанси и моќна машинерија "под хаубата" поседува и надворешна убавина.
Оперативен систем и кориснички интерфејс
Уредот работи на 2.1 верзијата на Android оперативниот систем, а го користи Sense корисничкиот интерфејс, кој е навистина убав на изглед, со лезетски икончиња, што би се рекло - баш наџиџан. И да не останат работите само на визуелната убавина, морам да кажам дека е исклучително брз.
Дисплеј
HTC Legend има AMOLED капацитативен дисплеј на допир со приказ на 16М бои, големина на дијагонала од 3.2 инчи и резолуција од 320х480 пиксели. Приказот на боите и нивната живост, како и контрастот се повеќе од одлични, може да се каже и импресивни. Одличен е и аголот на гледање. Едноставо, се што прикажува дисплејот е остро, навистина остро.
Дисплејот одлично реагира на допирите на прстите, па навигацијата низ менито е прецизна и лесна. Што се однесува до виртуелната тастатура која се појавува на дисплејот, кога пишувате на неа во портрет мод е малку тешка за користење и се случуваат грешки во пишување. Пиши - бриши пишувањето на пораки во портрет модот ме исфрустрира.
Кога ќе го изротирате уредот во хоризонтална положба и вградениот акцелерометар ќе ја изротира и виртуелната тастатура на дисплејот во истата положба, пишувањето на неа е многу поудобно и фрустрациите исчезнуваат.
Камера
Камерата на телефонот е со максимална резолуција од 5 мегапиксели (2592 х 1944 пиксели), има автоматски фокус и LED блиц. Во мод на фотографирање, на корисникот на располагање му се подесувања на контрастот, острината, сатурацијата, белиот баланс, ISO чувствителноста, резолуцијата, квалитетот, како и додавање на ефекти.
За квалитетот на фотографиите од камерата на HTC Legend можам да кажам дека е солиден. Морам да напомнам дека фотографиите од тестот се направени во услови на облачно време. Едноставно, немав среќа да огрее сонце. Подесувањата на камерата беа поставени на фабричките.
Камерата на HTC Legend снима видео во VGA резолуција (640х480 пиксели), со 30 фрејмови во секунда, што е одлично не само како технички податок на хартија, туку и во пракса - квалитетот на видеото е солиден. Во мод на снимање на видео, на корисникот на располагање му се истите подесувања како и при фотографирање. Можете да го подесувате и енкодингот на видео материјалите, како и да ја ограничите големината на видеото. Направив едно тест видео:
Телефонирање
Приемот на сигналот е одличен, како и квалитетот на повиците. Гласот на соговорниците се слуша чисто и гласно. Исто како и кај HTC Magic, и кај Legend е присутна финтицата која ќе ја забележите при вашиот прв повик - телефонот вибрира кога повикот е воспоставен.
Веб прелистувач
Корисниците кои често сурфаат од нивните мобилни телефони ќе бидат прилично задоволни од тоа како веб прелистувачот на HTC Legend се справува со задачите. Можам да кажам дека неговите перформанси се одлични, а присутна е и поддршка за Flash. Сурфањето е брзо и лесно, а брзо е и отварањето на "тешки" страници.
Заклучок
HTC Legend навистина ме изненади во позитивна смисла, и тоа уште од самиот старт на нашето дружење. Најпрво, со квалитетната конструкција и изгледот, потоа со одличниот AMOLED дисплеј, брзината и перформансите, корисничкиот интерфејс и веб прелистувачот, како и виџетите и апликациите.
По HTC Magic (кој морам да признаам дека своевремено не ме импресионираше премногу), ова е втор Android уред кој имам можност да го користам. Овој пат, моите импресии се многу посилни, а корисничкото искуство многу попријатно. HTC Legend e одличен паметен телефон кој сосема ќе ги задоволи потребите на корисниците. По цена од 22.999 денари, HTC Legend e телефон кој навистина има што да понуди.