Бајкингот во Скопје и пошироко

  • Креатор на темата Креатор на темата krusha03
  • Време на започнување Време на започнување
Би одишол ама да не ми се фати многу......ај следната година (прво да пробам на пократки патеки :))
 
Mac)) напиша:
Не е тоа битно...битно е да идеме :):)
Ај у петок сабајле ако биде добро а може???
Пријави тука...

На Водно со точак а?

Добра идеја. :bravo:

Јас иначе сакав да одам на маунтбајк во Маврово, да видам шо е, како е, ама уште не ја почнале сезоната. Имало снег на некои делови од патеката. :nesum:
 
ЈАс се мислам летово да идам со другарче на маврово неколку дена ама незнам дали ќе биде нешто. Иначе тоа за долги патеки незнам дали ќе имам кондиција толку да извозам
 
Ај бе да се добовориме за на Водно...... ЈАс Mac)) i SoloMC други има некој ???
 
Па шо знам кога.....кога ви одговара тогаш.....
 
Никола напиша:
Тур де Македонија..крај на септември...
скопје..велес..прилеп..битола..пелистер..охрид..
4-5 дена забава..
спиење во прилеп и битола, охрид...убаво ќе си поминеме

ми требаат тројца, кој е заинтересиран, кој има искуство на долги патеки, нека пише..

Чекај сега - планираш road или offroad тура? Јас имам и МТБ и road велосипед. Разликата при возење на асфалт од еднот до другиот е неверојатна. Ако одиш со МТБ, ќе ти биде многу потешко пред се поради отпорот на гумите. Поради тоа и ги сменив гумите на мојот МТБ и сега имам гуми за асфалт. Инаку јас имам искуство со долги патеки бидејќи дневно возам меќу 45 и 60 км, ама so road велосипед. Проблемот е што не можам да планирам ништо за Септември. Инаку сум за! Ај ќе се договориме.
 
Ајде еве у вторник може?
 
Значи утре(Вторник) од 7 саат сабајлечки се чекаме пред Нова Македонија и идеме на Водно :)
 
Хммммммм важи ај ем ин ..ко и секат :):):):) до кај 9 саат се вози после мислам дека е жешко......и како за надоле????ке ги бараме козјите патеки или по асфалтот ко луѓе ке одиме :):):):)
 
Да не знае некој страна кај шо можам да најдам постери од SixSixOne, Truvativ, Rockshox или такви некој нешта.......ај пишете ја ако знаете.....
 
Наскоро патека за планински велосипедизам Водно

Екипи од градската управа и од ЈП „Паркови и зеленило“ наскоро ќе почнат да градат патека за планински велосипедизам по сртот на Водно. Според најавите, таа ќе се протега од Средно Водно до Поштенскиот дом, а ќе биде долга 10 километри.

Од градот велат дека патеката ќе се изработува од кршен камен, а на неа ќе има препреки за скокање, серпентини и штитници за поголема безбедност на велосипедистите. Тие додаваат дека ако дозволат временските услови, проектот ќе го завршат до крајот на мај, а тој ќе ги чини околу 300.000 денари.

Освен оваа, се подготвуваат и други нови содржини во парк-шумата Водно, односно трим-патека, два видиковци и чешма. За нивната изградба ќе бидат потребни околу 600.000 денари, а парите ќе ги обезбеди Министерството за животна средина.
 
DuFFy напиша:

4 години ги прават патеките, и проблем им е да фрлат едно 300.000 денари за радоста на многу скопјани, па добро бе ко прво многу ќе се уштедува со тоа што не мора да се иде на маврово, второ ако во скопје се поттикне маунтбајкингот и во маврово ќе имаат повеќе профит. Ама тупи се бе нема што
што се 5000 евра за една општина а пак за град Скопје ништо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom