„Текно Хозе“ ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.735
Поени од реакции
1.340
По две години откако ја купија празната тајванска хала во Бунарџик денеска потпишаа договор за закуп на земјиштето во слободната економска зона.

Италијанците од „Текно Хозе“ конечно ги открија своите бизнис планови за инвестиции во Македонија. Велат дека се повлекле поради кризата, но сега ветија дека догодина ќе почнат со производството.

„Нормално тоа ќе зависи од тоа кога ќе успееме да ја прилагодиме халата за нашите потреби, меѓутоа можам да ви гарантирам дека во текот на следната година, ние веќе ќе произведуваме“, изјави Антонио Витило - „Текно Хозе“.

„Се работи за површина од два хектара, кое е земјиште кое се оценува под објектот кој го купија во крајот на 2008 година“, рече Марјан Јованов - Дирекција за слободни економски зони.

Во својата прва инвестиција на странски пазар „Текно Хозе“ се обврза дека за пет години во Македонија ќе инвестира 10 милиони евра и ќе вработи 150 луѓе. Во Бунарџик ќе произведува цевки и спојки за висок притисок пред се за рускиот пазар. Дојде да инвестира, но за малку ќе настрадаше.

Главниот менаџер на „Текно Хозе“ денеска падна од бината на италијанско-македонскиот бизнис форум, но за среќа се се заврши добро.

Италија и Македонија денеска потпишаа договор засилена економска соработка и меѓусебни инвестиции, а групи од десетици бизнисмени од двете земји во текот на денот остварија меѓусебни средби.

Италијански инвеститор падна од бина во Скопје

Првиот италијански инвеститор, кој се реши да гради фабрика во Македонија, вредна десет милиони евра, доживеа непријатност денеска во Скопје, откако падна од бината при потпишувањето на договорот.

Незгодата се случи за време на Македонско-италијански бизнис форум во Скопје, на кој присуствуваа македонскиот министерот за економија Фатмир Бесими и италијанскиот заменик-министер за економија, Адолфо Урсо заедно претставници на триесетина италијански и над 90 македонски компании.

Претставникот на италијанската групација ВИТИЛО, Антонио Витило во еден миг го снема од бината, при потпишувањето на Декларација за зајакнување на регионалната соработка во значајни области.

Витило се повлече чекор наназад, најверојатно да направи повеќе простор, но незнаеше дека стои на крајот од бината, која беше висока околу еден метар.

За среќа, италијанскиот бизнисмен мина без повреди и во манир на вистински италијански шармер веднаш се крена на нозе и со насмевка на лицето се врати на бината, каде што потпиша договор за инвестирање во Македонија.

Компанијата, која што ја застапува господинот Витило, наскоро ќе отвори фабрика во Македонија, во која што е предвидено во првите пет години да инвестира најмалку десет милиони евра.
 
По две години откако ја купија празната тајванска хала во Бунарџик денеска потпишаа договор за закуп на земјиштето во слободната економска зона.

-Мислам дека се досадни вакви вести,монотони и веќе видени.Освен што паднал од бина,тоа е веќе интересно и невидено досега.
 
Поради кризата фирмата ја одложила инвестицијата, што не ти е јасно?
 
Се ми е јасно фала богу,како бел ден :)
 
Италијански инвеститор падна од бина во Скопје

Претставникот на италијанската групација ВИТИЛО, Антонио Витило во еден миг го снема од бината, при потпишувањето на Декларација за зајакнување на регионалната соработка во значајни области.
Нема видео записи? :vozbud:
 
Шо убав монитор си купив.....од оние од Бунарџик.....абе слика...шо да ти кажувам:vozbud::pos2:
 
Шо убав монитор си купив.....од оние од Бунарџик.....абе слика...шо да ти кажувам:vozbud::pos2:

Сигурно од оние што ги произведуваа во халата на италијаниве,нели? :)
И дај не бидете песимисти бе :icon_lol:
 
Сигурно од оние што ги произведуваа во халата на италијаниве,нели? :)
И дај не бидете песимисти бе :icon_lol:
не сум песимист, ќе се отворат нови работни места. Македонија е одлично место за вакви инвестиции. Ефтина работна рака, невработеноста е голема, па така ќе е. И газда задоволен, и работниците (не)задоволни, сите си тераат по патот.
Сакав да кажам, дека колку и да сме незадоволни, ќе си ќутиме. кај на друго место пак да се бара работа?
 
Поради кризата фирмата ја одложила инвестицијата, што не ти е јасно?

Што фирма ќе беше, ќе вложувале пет години ? Ќе вработеле до 150 работници? Па поголемиве ресторани толку вработуваат.Толку пари - нема ни колку што не чини Букефалчо со газдата му.
Јас се израдував да не влегуваат оние 8( и со букви осум) милијарди евра , странски инвестиции.Ова на крај ќе биде градење и на кокошарници што и да е , нека има нешто.:toe:
Сабајлево гледам почнале со градба -( само на една инвестиција) во Црна Гора- една милијарда евра!.Е тоа е инвеститор.:salut:
Знаете имаме огроооооменнн рејтинг во светот та затоа сме требале да земаме кредити со огроооомни каматиииии.Кого го влечат за нос...
Отидов во WC.
 
Бреј се напрај гужва на Бунарџик : )

Шо убав монитор си купив.....од оние од Бунарџик.....абе слика...шо да ти кажувам
Иначе и процесоров ми е од новите во Бунарџик, ептен задоволен.

Ајде аерлија нека е
 
Дур не видам изградена фабрика, ленти како вртат и луѓе како работат во фабриката, не верувам!! Се изнаслушавме за меморандуми за соработка и најави за нови инвестиции минативе години. Се надевам дека нема да биде исто и со оваа инвестиција.
 
Дур не видам изградена фабрика, ленти како вртат и луѓе како работат во фабриката, не верувам!! Се изнаслушавме за меморандуми за соработка и најави за нови инвестиции минативе години. Се надевам дека нема да биде исто и со оваа инвестиција.

Ako treba za rejting, vladata ke im plaka za da rabotat, da se raskazuva za napredokot na drz:toe:avata.
Lele mamooooooooo....:toe:
 
Ко паднал италијанецо од бина не ќе е на арно работава, малер ќе ги бие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom