Телекабел Аналогна и дигитална кaбелска телевизија (РОБИ) -генерална дискусија (новости, прашања.)

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.781
Поени од реакции
52.779
Сабајле на каналот на телекабел видов нешто пишуваше за бесплатни HDTV канали. На страната на телекабел нема ништо.

Знае некој нешто за ова?
 
немам телекабел,но ипак добро од нив ако направат таква работа ,кај и да е HD ќе биде достапен на кабловска,макс тв и на др
 
Значи во оваа тема кажете ги своите мислења поврзани со аналогната/дигитална телевизија од Телекабел.Сите предлози,сугестии итн се добредојдени.
 
Дали ја нема повеќе Eurosport, или само така ми се чини :(
 
И кај мене ја нема Еуроспорт веќе неколку дена, а го има Германскиот Еуроспорт на дигитална.
 
Дали ја нема повеќе Eurosport, или само така ми се чини :(
Ако ти е доволно брз интернетот можеш да го гледаш тука http://wireless.host-ed.net/ во HD формат и на српски јазик. Има ги и двата евроспорта како и многу други канали во HD.
 
И кај мене нема Еуроспорт :(
 
Сменета е фреквенцијата, побарај ќе ја најдеш
 
Добра е темата ама исто така добро е да се каже за кој град се работи при кажувањето за одредени смени бидејќи, како што знам, програмската шема не е иста во секој од градовите каде што оперира Телекабел.
Да си кажам за мене, јас сум на Телекабел од Битола, супер е квалитетот на сликата, за тоа нема збор....забелешка ми е што на аналогната тв ги нема веќе Discovery Channel, Discovery Science, Discovery Travel&Living, Discovery Civilisation и Animal Planet. Тоа беа доста добри тв. Исклучени се и други тв, има и нови, но бројот на нови тв е многу помал од исклучените така да сега имаме 58 програми, а унаше околу 70 пред нова година. Глупо е и тоа што ја нема цеќе и Jungle tv, и SkyNet која мноогу често ја има па ја нема, поточно ја земаат преку интернет, преку стрим на VLC player и многу често стои десктопот и програмата на екран без да се изреагира што е доста непрофесионално.
Добро е тоа што покрај Eurosport сега ја имаме и Eurosport2, си седат HTV1, HTV2, РТС1, РТС2, Fox Life (македонски титл), Fox Crime (хрватски титл, иако на конкурентската кабелска тв во БТ има македонски титл). Додадена е Nat Geo WILD и Travel. Засега толку, воглавно е ок, сега се повеќе фокусирани на дигиталната платформа на која има доста нови и добри канали.
 
Дали можи некој да напиши листа на дигитални канали (Битола) :)

Фала :)
 
Тие што се во Скопје и што се на ТелеКабел а не на кејблтел, ке имаат ли можност да следат премиер лига? И која е подобра телекабел или кејблтел
 
Телекабел од вчера ги укина каналите БОМ, Пинк Плус, Meezo, RTR и уште некои.
Катастрофа ни се кабловските, се укинаа најголемите балкански телевизии Нова, ОБН, ХРТ 2, сега и Пинк, а од пред некое време и Discovery каналите. Останаа само бугарските канали:tapp:
 
Од вчера, на Телекабел се исклучени каналите ХРТ2, РТС1 (на нејзино место е сега РТС САТ) и РТС2, Пинк Плус, Pink Movies.... како што разбрав и на конкурентската кабелска во Битола ги исклучиле тие канали...дали им е наложено од Советот? Сепак, овие тв беа многу гледани, без нив сега подобро е да ја исклучиме кабелската, нема што да се гледа, особено откако пред неколку месеци ги исклучија и Discovery каналите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom