Во што веруваат атеистите?

  • Креатор на темата Креатор на темата МАЈОР
  • Време на започнување Време на започнување
Колку што разбрав јас до сега во ништо не веруваат.
Што не значи дека знаат за истите работи(Бог) со сигурност дали ги има или ги нема.
Значи проста филозофија е во употреба .
Ако можеш да го докажеш постои , ако не не постои.
Дали си доволно "начитан" за да тврдиш не е битно.
Па уште и докажуваат на другите дека нема "ништо" , у стилу ееееј абе ја заклучив дека нема ништо , од НАСА викаат дека нема ништо , Дарвин вика така и мора да е така.
Ние сме производ на чиста случајност , а ако ги прашаш што е случајност?.................................................

Што е вистината?
Јас може не сум сигурен ама не тврдам дека нема "ништо".
 
Во сатана и демоните.
-.-
за да верувам во сатаната треба да верувам во господ, а не верувам
атеистите веруваат во биг бенг, еволуција и наука (биологија, хемија, физика)
Atheist is someone who denies the existence of god
 
-.-
за да верувам во сатаната треба да верувам во господ, а не верувам
атеистите веруваат во биг бенг, еволуција и наука (биологија, хемија, физика)
Atheist is someone who denies the existence of god

Јас верувам во Бинг Бенг и во наука, ама не сум атеист. Верувам дека постои поголема сила која не создала. И го предизвикала тој Бинг Бенг, верувам дека земјата е во јајцевидна форма, а не рамна плоча.
А зошто ти го негираш постоењето на Бог ?
 
Кај ќе бегаме?
Германија.
Дали АЦЕ-то ви верувало во Исус??
Аце_Рулз живеел пред Ристоса.

Во сатана и демоните.
Не,во СДСМ.

МАЈОРЕ одговорот на твоето прашање е едноставно.Атеистите не веруваат во постоење на Бог(ови).Затоа и се викаат А-теисти.
 
-.-
за да верувам во сатаната треба да верувам во господ, а не верувам
атеистите веруваат во биг бенг, еволуција и наука (биологија, хемија, физика)
Atheist is someone who denies the existence of god

Еxactly. Атеистите ја угледуваат вистината во науката и сите аргументи што ги имаат докажани како факти, земјата не е стара 10000 години туку, милиони.. За тоа постојат стари карпи, фосили кои укажуваат на тоа. Гледаат како државите пред 1500 години переле пари преку црквата.. Како папата ги праќал војниците да го бараат светиот грал, а впрочем индиректната мисија била да се ограби што повеќе злато. Атеистите ја гледаат логиката во професијата на поповите и како тие возат страшни коли, а тоа го добиле пеејќи лебови по згради за 100-200 денари (или кој колку има), од крштевки и свадби.

Атеистите веруваат во себе, знаат дека за нешто да се стори мора некој да се потруди, а не да се моли господ да ја заврши истата работа, некои од атеистите веруваат во моќта на потсвеста, најчесто не се суеверни.. немаат притисок од ништо.:)

Интересен е цитатот од некој познат филозоф:

„Кога ќе престанеш да веруваш во Бога, ќе почнеш да веруваш во што-било.“

Јас имам реплика за тоа „Кога ќе престанеш да веруваш во себе, почнуваш да веруваш во Бога“

И нормално лошото во атеистите е кога ќе им се случи она најлошото тогаш почнуваат да се молат или да го гледаат/бараат Господ. Што нормално се надоврзува на претходниот цитат.

„Кога ќе престанеш да веруваш во себе, почнуваш да веруваш во Бога“

Поздрав
 
Јас верувам во Бинг Бенг и во наука, ама не сум атеист. Верувам дека постои поголема сила која не создала. И го предизвикала тој Бинг Бенг, верувам дека земјата е во јајцевидна форма, а не рамна плоча.
А зошто ти го негираш постоењето на Бог ?

А веруваш во постоење на таа поголема сила because?

Нема да има држави за жал.
I was bein ironic -.o
 
А веруваш во постоење на таа поголема сила because?


I was bein ironic -.o

Верувам зошто постои и тоа ни го кажувале Месиите, кај се сите тие луѓе кои го кажувале тоа? Како можете така лесно да ги отфрлете.
 
Верувам зошто постои и тоа ни го кажувале Месиите, кај се сите тие луѓе кои го кажувале тоа? Како можете така лесно да ги отфрлете.

Имаш еден куп фаци кои ќе ти речат дека Бог не постои.Зошто месиите би имале поголем кредибилитет од нив?
 
Во К*Р веруваат... се извинувам на речник ама многу ме нервираат такви фаци..
 
Имаш еден куп фаци кои ќе ти речат дека Бог не постои.Зошто месиите би имале поголем кредибилитет од нив?

А тие фаци што го кажуваат тоа имаат некакви докази дека Бог не постои ?? За разлика од Месиите кои правеле натрпиродни чуда со дозвола од Бог за да го докажат тоа.
 
Во себе, со големи букви. Да, тоа се агресивните атеисти чие бедно его не може да прифати ниту идеја за нешто поголемо од нив.
Па штом досега никој не докажал дека постои... ЗНАЧИ НЕ ПОСТОИ... Така и за ова така и за друго, док не докажеш - не постои.
За да тврдиш дека не постои треба да докажеш дека не постои, недостатокот од доказ за неговото постоење не е доволен за да се заклучи спротивното. Се до тогаш, вистинскиот одговор на прашањето „Дали постои“ е „Не знам“. Се друго се трипови.
 
А тие фаци што го кажуваат тоа имаат некакви докази дека Бог не постои ?? За разлика од Месиите кои правеле натрпиродни чуда со дозвола од Бог за да го докажат тоа.

Во себе, со големи букви. Да, тоа се агресивните атеисти чие бедно его не може да прифати ниту идеја за нешто поголемо од нив.

За да тврдиш дека не постои треба да докажеш дека не постои, недостатокот од доказ за неговото постоење не е доволен за да се заклучи спротивното.

На глас,со големи букви,both of you.

How exactly do you prove a negative?!

FireFly дали емисијата 50 најдобри магични трикови е снимана со дозвола од Бог?
 
Во К*Р веруваат... се извинувам на речник ама многу ме нервираат такви фаци..

Само ти во рајот не одиш ако постои Господ,

Во себе, со големи букви. Да, тоа се агресивните атеисти чие бедно его не може да прифати ниту идеја за нешто поголемо од нив.

Не мешај нарцизи со атеисти.
 
Во што веруваат атеистите?

Ова прашање поставено од т.н религиозни луѓе зад себе носи длабоки причини за неговото бесмислено поставување.
Како прво, не е потребно во нешто да се верува бидејќи вербата е илузија и како таква претставува т.н продавање на надеж од страна на т.н институција на бог која бессрамно ги нуди своите подли услуги на безнадежната раја, која незнаејќи како да ги реши своите психофизички проблеми бара спас во т.н божјо исцелување (т.е бесмисленост).

Според горенаведеното излагање може да видите дека НЕМА потреба од некаква ВЕРА, а уште помалку од обожувана особа којашто е искористена во пропагандата на некоја религиозна институција (на пример, Исус е искористен како т.н заштитно лице на христијанството, а самиот Исус не ни спомнал за некаква верба во него, ниту за градење на храмови и слични други нешта).

-Атеистите не веруваат во ништо! (одговор соодветен за личности кои се на ниво да бараат надеж во измислени институции и лажни филозофии);

-Атеистите се служат себеси и своите искуства за да го спознаат видливиот (или невидливиот т.н духовен свет доколку го има), учат од самите себеси но и од постапките на другите, чувствуваат потреба од самореализација, без притоа да се потпираат на била каква туѓа филозофија. Животот го спознаваат преку себеси и својата интуиција, имаат посилно свое ЈАС од личностите со помала надеж (свртени кон празните религиски филозофии (методи) кои се користеа како најефикасно средство за контрола во ерата кога технологијата и науката не беше развиена). (одговор соодветен за личности кои решиле преку себе да ги спознаваат нештата, ја користат својата интуиција, се отворени, а нивните искуства им се најдобар учител, веруваат во она во кое се сигурни дека постои и извршило видно влијание врз нив, за разлика од ‘верниците‘).

Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom