Каков капитализам барате во Македонија, кога нема капитал
Социјализам - го бараат само мрзливите луѓе, кои и немаат баш некоја желба да создадат нешто за нив. Не дека имам работа, но сакам кога ќе ја најдам да си работам за себе, да создадам за себе, за своето семејство. Не сакам да работам за мрзливи луѓе, нити некој друг да работи за мене, сакам шанса да си заработам и создадам нешто, лично мое. Социјал-демократијата, која денес владее е многу подобра опција.Само треба повеќе фабрики и работни места - повеќе капитал. Оние кои не се работноспособни, не се бунам да добиваат пари,бесплатно здравство итн. но оние кои се работоспособни и има слободни работни места, жално е да живеат на исто ниво со оние кои се трудат да создадат нешто со мака и пот.
Токму против ова сум. Нека си бидат сите среќни, но работејќи. Не може тој што работи да има пари за исто толку костени колку тој што има мото „лежи лебу да те једем“. Социјализмот не дава шанса на поспособните да се истакнат и да си заработаат за поудобен живот.
Нашата генерација имала најтешко детство баш поради ваквите размислувања на нашите родители (повеќето), кои го чекаат Тито да им даде леб, кои не можат да работат една работа повеќе од 2 месеци бидејќи им е тешко, не се навикнати или не знам што.
Друго - социјализмот се залага за целосна еднаквост. Сите еднакво добиваат од тоа што го произвеле (како што наведов погоре, за работничката класа е исто, иако не треба да биде), но во СИТЕ Случаи до сега, кажи ми еден лидер на социјалистичка земја кој живеел и добивал исто како народот?
Другарот Тито? - ма не. Човекот си имал станови, куќи, коли и пари на сметка. А не си ни смеел да кажеш нешто против него, додека он говорел против сите кои имале различно размислување. Како тогаш еднакви? Религиски слободи да не спомнувам.
Пак ќе повторам - социјал-демократијата е многу подобра опција. Моќта ја имаат повеќе луѓе, за разлика од социјализмот. Исто така, народот има шанса да смени нешто. Е сега, што повеќето од народот гледаат само црно/бело тоа е друго. Секој има шанса за поголем успех, а мрзливите го имаат истиот живот како што би го имале со социјализмот без работа, само што сега мораат да работат за тоа.