Креирање на квалитетно гејмерско списание во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Ама тоа е реалноста,нема шо тука...
 
Абе не се заебавајте, не е туку така да се зафатиш да правиш списание, баш пред малце размислуев за ова. Ти треба место (редакција), па после којзнае си каква опрема за се и сешто, од кај овие пари? А и како што вика Сефирот, на интернет ќе најдеш стопати побрзо и подобро „објаснето“.. Пропала инвестиција ти е списание, посебно во Македонија. Најдобро би било да си се отвори сајт некој па секој да си работи по своја воља, немора да има никаков ќар. Башка што ќе може секој да си „работи“ од дома, кога може и колку сака. Парите за web-hosting би биле мал проблем, нели?

За болдираното..
Прво прочитај што цитираш.. Па тогаш цитирај..
Дај ми линк, каде на интернет ке прочиташ информации за CS LAN турнирот што беше во Куманово, или пак за некој DotA турнир во SetNet, или пак за DeDust турнирот што го организираат ASWD (дел се игра online, дел во Тетово)... Ке прочиташ, доколку организаторот напише нешто на некој форум, или пак видиш на Facebook..

Инаку, за другото потполно се согласувам.. Web hosting има доста евтино, со 50 евра си завршил за цела година. Можеш да пишуваш кога најдеш слободно време.. Излезе нова игра, напиши рецензија... Има некој турнир за некоја игра во твојот град? Отиди и прати го турнирот, објави некои информации за резултатите, за турнирот.. Направи интервју со победникот.. Пробај да стапиш во контакт со некој професионален гејмер (не е тешко воопшто, јас (како обичен гејмер, а не како некој новинар) имам разговарано со доста професионални гејмери, еден од тие е Warden од Loaded (најдобар HoN клан во цел свет)), направи некое интервју, прашај ги некои работи, што мислите дека ке ги интересира македонските гејмери... Само треба мала инвестиција, и малку повеќе труд... Ништо повеќе од тоа..
Сегаа.. Ова нема да им одговара на оние кои очекуваат get-rich-quick шема од интернет списание, но ке може да се профитира (минимално) со реклами..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom