Имало грешка во компјутерот, па ја прикажал цената на Procter & Gamble некои 35% пониска од таа што била, и за неколку минути настанал хаос.
Kаква фантастична компанија е тоа! Ми кажуваа вработени дека за забавата што ја прави компанијата за Нова година (неколку забави за менаџментот бидејќи се многу луѓе), нивниот генерален директор се поздравува со секој вработен посебно на излегување и тоа позравување трае 2-3 часа. И со секој си го има муабетот и за секого знае лични работи. Се' се базира на лојалност и тимска работа. Затоа секој еден вработен мора да почувствува дека главниот се грижи за него (плус бонуси). Да посакуваш да работиш за нив.
Се извинувам за оф топикот.
“Грчкиот’’ капитал од нивните банки ќе се повлече бидејќи Грција нема кого да оданочува -- побогатите Грци извлекоа 20 милијарди евра надвор, останатите се шворц.
Еве сега грчката влада сакала да одданочува власници на куќи што имаат базени, под претпостравка дека тие се побогати. Во Атина, само триста се јавиле доброволно, а неофицијално има 16,000 такви.
Новости вчера и денес:
- Водачите на блудницата Вавилонска тнр. ЕУ повторно динесоа ПОЛИТИЧКА одлука на состанокот вчера да воспостават систем за решение на кризата пред да отвореле берзите на 10ти мај, понеделник. :tv:
Пазете што рекол оној гангстер и претседател на Европската комисија, Хосе Мануел Баросо (кој порано најбезобразно тврдеше немало Македонско малцонство во Грција):
“We will defend the euro, whatever it takes”.
Е така, за таа политичка одлука да го бранат еврото по секоја цена, финансиските пазари ќе ја кажат вистинската цена во понеделник, а и подоцна. Што е единствен природен и нормален след на нештата.
A за да е појасно каков очај ги има фатено тие во ЕУ, ќе правеле агенција за рангирање на кредитот, бидејќи постоечките (како Стандард и Пур) имале многу влијание!:uvo:
3ар ЕУ комуњариве се уште мислат дека во некој комитет може да се реши кризата?!
Баросо притискал НЕЗАВИСНАТА Европска централна банка да купи владини обврзници, но претседателот на Банката, Жан Клод Трише одби завчера!:tv:
Пукнувањето на шпанскиот балон наскоро, за некој месец или порано, за кои стручњаците велат дека е неминовен доколку Грција остане во еврозоната, е почеток на крајот на евроинтеграциите!
http://www.businessweek.com/news/20...-prevent-spread-of-greek-crisis-update2-.html
P.S. Во САД, берзата во загуба 1000 милијарди заради Грција. Сега како им се навртени, ќе им ја испијат крвта.