Берзата паѓа вртоглаво!

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
48 денари доларот, пред некој месец 43 беше
 
Може, како да не може.

New York Times сабајле: "Bold Stroke May be Beyond Europe's Means" (за еврото)

"Three Reported Killed as Violent Groups Overtake Athens' Protest" (за Грција)


New York Times вчера (во business section):"Greece's Тumble Follows a Headlong Rush into the Euro"


Washington Post сабајле: “Судбината на Европа е под знак прашање’’

:smir:

Во превод:

Erotic_scenes_Louvre_G13_n1.jpg

Фала ти.
Американските стоки долго ќе беа под својата вредност,но Америте смислија стратегија за пумпање на доларот.Ова не е од сега,некаде од крајот на годината на некоја тема пишувавме.Америте ја користат Грција,а Грција игра во име на Америка,односно во име на доларот.
Имаат напредок од 43 на 48,што значи успешна стратегија.Но тука влијае и самиот пазар кој настојува да го урамнотежи односот евро-долар бидејќи ниту европа не остана имуна на кризата.
Ајмо Грци напад на еврото :))
Сликава мислам дека е одлична!
 
Кога ќе си дојди брачката од бродот таму има задоволен да биди :icon_lol:.
 
Златото стигна до 1200 долари, лудница :)))
 
Погледнете кои компании/земји од Еврозоната најбргу пропаѓаат на берзата:

keyetfdown.png
 
Имало грешка во компјутерот, па ја прикажал цената на Procter & Gamble некои 35% пониска од таа што била, и за неколку минути настанал хаос.

 
Имало грешка во компјутерот, па ја прикажал цената на Procter & Gamble некои 35% пониска од таа што била, и за неколку минути настанал хаос.

Kаква фантастична компанија е тоа! Ми кажуваа вработени дека за забавата што ја прави компанијата за Нова година (неколку забави за менаџментот бидејќи се многу луѓе), нивниот генерален директор се поздравува со секој вработен посебно на излегување и тоа позравување трае 2-3 часа. И со секој си го има муабетот и за секого знае лични работи. Се' се базира на лојалност и тимска работа. Затоа секој еден вработен мора да почувствува дека главниот се грижи за него (плус бонуси). Да посакуваш да работиш за нив.

Се извинувам за оф топикот.

“Грчкиот’’ капитал од нивните банки ќе се повлече бидејќи Грција нема кого да оданочува -- побогатите Грци извлекоа 20 милијарди евра надвор, останатите се шворц.

Еве сега грчката влада сакала да одданочува власници на куќи што имаат базени, под претпостравка дека тие се побогати. Во Атина, само триста се јавиле доброволно, а неофицијално има 16,000 такви.


Новости вчера и денес
:

- Водачите на блудницата Вавилонска тнр. ЕУ повторно динесоа ПОЛИТИЧКА одлука на состанокот вчера да воспостават систем за решение на кризата пред да отвореле берзите на 10ти мај, понеделник. :tv:

Пазете што рекол оној гангстер и претседател на Европската комисија, Хосе Мануел Баросо (кој порано најбезобразно тврдеше немало Македонско малцонство во Грција):

“We will defend the euro, whatever it takes”.

Е така, за таа политичка одлука да го бранат еврото по секоја цена, финансиските пазари ќе ја кажат вистинската цена во понеделник, а и подоцна. Што е единствен природен и нормален след на нештата.

A за да е појасно каков очај ги има фатено тие во ЕУ, ќе правеле агенција за рангирање на кредитот, бидејќи постоечките (како Стандард и Пур) имале многу влијание!:uvo:

3ар ЕУ комуњариве се уште мислат дека во некој комитет може да се реши кризата?!

Баросо притискал НЕЗАВИСНАТА Европска централна банка да купи владини обврзници, но претседателот на Банката, Жан Клод Трише одби завчера!:tv:

Пукнувањето на шпанскиот балон наскоро, за некој месец или порано, за кои стручњаците велат дека е неминовен доколку Грција остане во еврозоната, е почеток на крајот на евроинтеграциите!

http://www.businessweek.com/news/20...-prevent-spread-of-greek-crisis-update2-.html

P.S. Во САД, берзата во загуба 1000 милијарди заради Грција. Сега како им се навртени, ќе им ја испијат крвта.
 
Само златото е она вистинското, но затоа и доларот веќе не е покриен со златни резерви.Ви текнува зошто?
Хартија колку сакаш а и мучки на берзите.Тоа е капитализам.Не знаеш што ќе ти се случи утре!.
 
Еврото и денес паѓа.По вчерашната одлука за позајмување на Грција и стабилизирање на еврозоната,денес еврото не им веруваше на зборовите :) Ќе има промена на монетарниот систем на Еу,ај да видиме што ќе снесат паметните глави.
Времето е погодно за тргување со валути,шпекулациите добро се држат,има од секаде напад на еврото.Така да оние кој љубат ризик слободно нека се пробаат,како во кладилница :)
 
Онака скромно, како обичен зритељ од страна , сепак мислам дека нешто поголемо се тркала зад ридот.
Имам впечаток дека всушност малку кој има доволно храброст да погледне нагоре во клунот на аждајата, која веќе се има откачено од синџирот на кој беше врзана.... :)
Сепак премногу долго време копиљаци продаваат муда за бубрези по тоа светските берзи и се праат многу паметни......за да природата остане рамнодушна.....
 
leandra, ти си на берзата?

Не би сакал да невлекувам луѓе, оваа ситуација е премногу ризична и е многу повеќе за шпекуланти, но дека е РЕДОК СЛУЧАЈ да се заработат многу пари - збор да нема.

Ако си на берза:

Short the Euro high. За 2-3 дена ќе прсне куклениов театар, ако веќе не прска.

Jас би ги слушал најалчните, Голдман Сакс, кој излегоа вчера со напомена: EURUSD до 1.35. Значи купувајте грчки обврзници (sovereign bonds). :vozbud: Ќе ги имаме Грциве во рака.

На долги стази, цената на трудот во Грција и во PIIGS се накачува. Единствената земја каде што цената нa трудот паѓа во Европа е Германија. Но Германија нема да може да го носи товарот на свој грб во недоглед. Трула и шугава Европска Унија.




Home-job, job-home,
That's what I know,
I don't know nothing,
How am I supposed to know..
.:wink:

--- надополнето ---

Онака скромно, како обичен зритељ од страна , сепак мислам дека нешто поголемо се тркала зад ридот.

Погледни го извештајот од вчера:

May 10, 2010 Goldman Sachs: Perfect for the Quarter

DealBreaker reveals this little fact: Traders at Goldman Sachs were profitable every single day last quarter.

Goldman Sachs just revealed in an SEC filing that its traders made money on every single trading day last quarter, a record for the firm. Net revenue for trading was $25 million or higher in all of the first quarter’s 63 trading days with 35 of those days bringing in more $100 million, according to the filing.

Спец за тебе: :smir:

Boeing (BA:NYSE) upgraded at Goldman from Neutral to Buy. Company was also added to the Conviction Buy List, given continued expected growth in the aerospace sector. Estimates also boosted, as the company should see higher margins. $90 price target.
 
не верувам дека нешто или некој ние ќе имаме во рака...освен евентуално некој к....., а не па Грција..., неа мува не ја лази....:vozbud:
Занимливо ќе биде да се почека за да се види како Фрау Меркел ќе се вади од оваа папазјанијава...., а ќе мора многу бргу...да се вади..., дали овојпат Рајхот ќе собере храброст да го преплива ЛаМанш-от, или традиционално пак ќе се одлучи на дискретен ноќен лет до Москва????...зело згодај бомо видели..
 
leandra, ти си на берзата?

Не би сакал да невлекувам луѓе, оваа ситуација е премногу ризична и е многу повеќе за шпекуланти, но дека е РЕДОК СЛУЧАЈ да се заработат многу пари - збор да нема.

Никогаш не ми одело коцкањето,од 5 натпревари,4 ги утнувам и баш тимови како Баерн,Лион,Манчестер.Или не ме бива или ги местат,баш кога јас ќе се обидам :))Затоа периодов е за љубителите на ризик како што реков,оној што не е спремен да изгуби нека се држи далеку од тргување.Најубаво ќе се заработи на пазарот со валути,долар-евро-јен,тука шпекулантите се најјаки во моментов.Но тоа нема да трае долго,бидејќи пазарот како сила веќе се вмешува.Еврото паѓа од причина што не се верува на економската сила на Еу претставена преку бројки,а друга страна во најава е кризирање на уште две земји членки.Додека не се застане стабилно на нозе еврото ќе биде под напад.
Ние сме врзани со фиксен,еве кога е добар тој курс,да не те боли глава.
А твојава идеја за тргување со Грчки обврзници ми е доста интересна,бидејќи во никој случај Грција нема да колабира.Интересно,доста интересно.
И за крај, немојте да се лакомите,берза ти е коцка,особено во вакви непредвидливи ситуации како моменталнава:
leandra напиша:
Времето е погодно за тргување со валути,шпекулациите добро се држат,има од секаде напад на еврото.Така да оние кој љубат ризик слободно нека се пробаат,како во кладилница
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom