Група Г (Бразил, Народна Кореја, Брег на Слоновна Коска, Португалија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Групата на смртта, Г во која мечевите ќе се одиграат во периодот помеѓу 15 и 25 Јуни.
Во неа ќе играат репрезентациите:

Бразил
Народна Кореја
Брег на Слонова Коска
Португалија

Околу историјата екипите на Бразил и Португалија кои се всушност и фаворити за првите две позиции беа извлечени заедно и на светското првенство што се одржа во Англија во 1966г. Во тој меч Португалија го победи славниот тим на Бразил со 3-1. Со таа победа се квалификуваа во четврт-финале. На крај Португалија го завзема третото место.
Победниците од оваа група ќе се соочат со двете најдобри екипи од групата Х.

Мечеви:

1.(15 Јуни 2010, 15:00) Брег на Слонова Коска-Португалија

2.(15 Јуни 2010, 19:30) Бразил-Народна Кореја

3.(20 Јуни 2010, 19:30) Бразил-Брег на Слонова Коска

4.(21 Јуни 2010, 12:30) Португалија-Народна Кореја

5.(25 Јуни 2010, 15:00) Португалија-Бразил

6.(25 Јуни 2010, 15:00) Народна Кореја-Брег на Слонова Коска
 
Уфф..групата на смртта дефинитивно :) Би сакал Бразил и Брегот да одат понатаму...
 
Бразил прв Португалија втора - моја прогноза.
 
Одлична група, можеби најизедначената, ќе има борба за првите две места, но сметам дека Бразил на крај ќе биде прв а Португалија и Брегот ќе се борат до крај за втората позиција.
 
И јас сакам Бразил и Брегот да продолжат:smir::smir:
 
Корејците се апослутни аутсајдери во групава,а Бразил фаворити и очекувам да пројдат како првопласирани. За вториот патник ќе реше натпреварот меѓу БСК и Португалија. :toe:
 
Одлично видео.Сепак не ја изгубил магијата.
Без Роналдињо и Роналдо Феномено,Бразил не е Бразил.Ова е последната шанса да ги гледаме едни од најдобрите фудбалери ever на светско.
Дунга,ако не ги земеш,ќе тиба матер!
Ај да има некоја конкуренција напред.......ама Робињо,Фабиано,Адриано?!1
 
Тука фаворити се Бразил и Португалија но може да изненади и БСК,дефинитвно најтешката група.
Битно ке гледаме убаво фудбал помеѓу 2 гиганта.
Уживајте:smir:
 
Караоките се нумеро уно!Не се она што беа од СП 98 и 02 но сеуште се најсјајни и највозбудливи... нема да има никаков проблем за жолтоплавите, бар со сигурност не во почетната фаза. БСК ќе поминеше во секоја друга комбинација и група сем оваа!Преголем залак ќе се Бразил и Португалија за нив уште на старт, и минатата година немаа среќа во групите и овој пат.

1. Бразил - 2. Португалија
 
Според мене една од најсилните групи на овој шампионат. Скоро сигурен сум дека брегот на слоновата коска, ќе успее да изненади барем еден од Португалија и Бразил, и ќе се најде измеѓу нив. Мој тип е дека на крајот Бразил ќе има 7 бода (нерешено со БСК), БСк ќе собере 5, Португалија 4, а иако ќе ми се направи мерак и Кореја да ја видам даље, сепак не им давам некои големи шанси да освојат макар и бод.
Значи мој тип е дека групава ќе ја минат Бразил и БСК.
 
Уфф, премногу интересна група. Реално гледано на хартија фаворити се Бразил и Португалија. Но и БСК и Кореја се екипи кои може да им ги замешаат малце сметките, но сепак Бразил и Португалија ќе одат понатаму.
 
Сакам Брег на Слонова Коска и Бразил да идат.
Португалците ми се премногу манекенска репрезентација,африканците повеќе сакам да идат.
 
Хмм...Интересна група, во која ќе има интересни мечеви, но јас очекувам дека Бразил ќе биде прв, а за другите места ќе конкурираат Португалија и БСК .
 
Најдобрата,најинтересната група но меѓутоа и огромна конкуренција...Секако дека очекувам Бразил да излезе победник од групава..:):),a после Бразил, Португалија..
Кристијано Роналдо VS Кака...-ќе биде возбудливо:smir:
 
Најдобрата група на Светсково дефинитивно. Сакам да одат Бразил и Брегот:)......Секоја утакица од оваа група ќе биде приказна за себе:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom