Новости околу СП 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
ФИФА ја казни Нигерија поради смената на базата

Фудбалската асоцијација на Нигерија ќе биде казнета од стрна на ФИФА поради промената на хотелската база за Светското фудбалско првенство во Јужна Африка. Според правилникот на ФИФА, казната која ќе мора да ја плати селекцијата на Нигерија е во висина од 125 илјади американски долари.

Првично нигеријците се сместиле во Ватерфронт хотелот во Ричардс Беј, на источниот брег на Јужна Африка но потоа решиле да се преместат во Хемпшар хотелот кој се наоѓа северно од Дарбан. Нигеријците испратија своја делегација во Јужна Африка, предводена од министерот за спорт, но по враќањето назад донеле одука да ја сменат првичната база. Едостраното прекинување на договорот со хотелот или турепоратор не се толерира, дополнува ФИФА во писмото со кое ја наведува и казната за Нигериската фудбалска асоцијација.
 
Јапонија го објави конечниот список за Светското првенство

japan-k-s.jpg


Јапонија го објави конечниот список за Светското првенство, ѕвезди во него се Накамура и Инамото.
Селекторот на Јапонија го објави конечниот список за Светското првенство, познати се 23те фудбалери кои ќе бидат дел од мондијалот во Јужна Африка.

Дел од ѕвездите на селекторот Такеши Окаде, се Накамура, Инамото, Моримото, Хонда и Хасебе.

Јапонија својот прв подготвителен натпревар ќе го одигра против Јужна Кореја на 24ти мај, потоа ќе отпатува во Европа каде што ќе игра против Англија и Брегот на Слоновата Коска.

Нивниот прв натпревар на Светското првенство е против Камерун на 19ти јуни во Дурбан.

Составот на Јапонија за СП 2010:

Голмани: Сеиго Наразаки (Нагоја Грампус), Еиџи Кавашима (Кавасаки Фронтал), Јошикатсу Кавакачи (Џубило Ивата)

Одбрана: Јуџи Наказава (Јокохама Ф-Маринос), Тулио (Нагоја Грампус), Јасуиуки Коно (ФК Токио), Даики Ивамаса (Кашима Антлерс), Јуичи Комано (Џубило Ивата), Јуто Нагатомо (ФК Кунајтед), Атсуто Учида (Кашима Антлерс)

Среден ред: Шунсаке Накамура (Јокохама Ф-Маринос), Јасухито Ендо (Гамба Осака), Кенго Накамура (Кавасаки Фронтал), Џуничи Инамото (Кавасаки Фронтал), Јуки Абе (Урава Редс), Макото Хасебе (Волфзбург), Кеисуке Хонда (ЦСКА Москва), Даисуке Матсу (Гренобл)

Напад: Шинџи Оказаки (Шимицу С-Пулс), Кеиџи Тамада (Нагоја Грампус), Јошито Окубо (Висел Кобе), Такаиуки Моримото (Катанија), Киши Јано (Албирекс Нигата)
 
Земја учесничка на СП - САД

Фудбалот во САД никогаш не стана најважна споредна работа на светот иако Американците вложија голем напор за да го направат тоа. Популарноста што ја имаат американскиот фудбал, кошарката, хокејот и бејзболот фудбалерите можат само да ја сонуваат. Но, и покрај тоа што овој спорт во САД никој не го сфаќа сериозно, Американците во Јужна Африка ќе настапат на шестиот Мундијал по ред и тоа како 14-топласирана репрезентацијата на ранг-листата на ФИФА.

Комерцијализацијата на фудбалот во САД почна во 1994 година кога оваа земја ја доби организацијата на 15. Светско првенство. Скептиците комплетно занемеа кога по неговото завршување официјалните податоци покажаа дека натпреварите просечно ги следеле по 69 илјади гледачи, што и ден-денес е апсолутен рекорд според посетеноста. Две години подоцна конечно беше формирана и професионалната лига (МЛС), а најголемиот потег за популаризација на фудбалот беше направен во 2007 година кога Дејвид Бекам потпиша мултимилионски деветцифрен договор со Лос Анџелес Галакси и со тоа го почна трендот на заминување на ѕвезди во МЛС. Летово се очекува во американската лига да се преселат играчи како Тиери Анри и Раул, што би можело да доведе уште поголема популарност на овој спорт.

Сепак, најдобрите американски фудбалери одамна "лебот" го вадат во Европа. Таков е случајот со Тим Хауард, Клинт Демпси, Џонатан Спектор, па и првата ѕвезда на репрезентацијата Лендон Донован, кој му е соиграч на Бекам во Галакси, но секоја зима доаѓа во Европа за да остане во форма. Оттука е јасно дека Американците не се неискусна репрезентација, напротив, се наоѓаат во постојан подем и имаат што да покажат и со право се надеваат на успехот од 2002 година кога стигнаа во четвртфиналето од СП во Јапонија и Јужна Кореја.

Всушност, најголемиот успех "Јенките" го постигнаа на првото првенство, во Уругвај во 1930 година со пласманот во полуфиналето и официјално освоеното трето место иако тогаш уште не се играл меч за бронзата. Потоа Американците учествуваа на Мундијалите во 1934 и 1950 година, но следуваше пауза од дури четири децении до настапот на следното првенство. На светската фудбалска мапа се вратија во 1990 година и оттогаш не пропуштија ниеден Мундијал при што на првенството во Јапонија и Јужна Кореја стигнаа меѓу осумте најдобри.

Американците буквално се "прошетаа" низ квалификациите за овој Мундијал во КОНКАКАФ зоната и сега во групата со Англија, Словенија и Алжир се сметаат за фаворити за второто место и пласман во осминафиналето. Сигурно е дека на ниедна селекција нема да и биде лесно против САД за што доказ е ланскиот Куп на конфедерации, исто така во Јужна Африка, каде оваа репрезентација во полуфиналето ја совлада Шпанија, а во големото финале имаше предност од 2:0 против Бразил пред подоцна "селесао" да направи пресврт и да победи со 3:2. Евидентниот напредок во репрезентативниот фудбал ги заинтересира Американците, што се гледа и по посетеноста на пријателските и квалификациските натпревари на домашен терен. Сепак, исто така е јасно дека фудбалот никогаш нема да ја надмине популарноста на "домашните" спортови, па дури и во случај на сензационално освојување на Светското првенство во Јужна Африка.

sad_tim.jpg
 
http://www.sportnet.com.mk/

Макелеле ја одбил понудата на Доменек


Според информациите од разни таблоиди, Клод Макелеле ја одбил понудата на селекторот на француската фудбалска репрезентација, Рајмонд Доменек да заигра на Светското првенство во Јужна Африка.
Наводно, Доменек бил заинтересиран да го впише искусниот играч на списокот за пат во Јужна Африка, па побарал од Макелеле да ја разгледа својата одлука за повлекување од националниот тим.
Макелеле од репрезентацијата се повлече по разочарувачкиот настап на својата селекција на ЕУРО 2008, но во последно време прикажа одлични партии во екипата на ПСЖ.
Макелеле ќе отпатува во Јужна Африка, но како соговорник за ТВ станиците Би Би Си и Канал Плус.
 
40.000 проститутки на СП

Возачите на такси кои се возат околу баровите низ улицата Long Street во Кејп Таун велат дека се подготвени за доаѓање на фудбалските навивачи кои во јуни и јули ќе го преплават овој јужноафрикански град за време на Светското првенство.

9461BA58D9AABE4C84BF7D10A486087C.jpg


Подготвени се хотелите, рестораните, баровите, но и проститутките. Јасно е дека СП за секс индустријата е исто што и годишен одмор за слаткарниците, привремена навала на возбудени луѓе кои чувствуваат колективна веселба и се подготвени да потрошат и повеќе од планираното за убаво да си минат.

Се проценува дека околу 40.000 луѓе поврзани со секс индустријата ќе се обидат на фановите кои доаѓаат од Русија, Конго, Нигерија и други земји ќе им понудат полн погодок. Се проценува во Јужна Африка ќе пристигнат 400.000 гости.

Хенри Африка (49) таксист од Кејп Таун освен што ќе ги вози патниците од аеродром до посакуваната дестинација, ќе има и таканаречени црвени тури кои се надева дека ќе бидат хит кај посетителите. За околу 500 долари, клиентите ќе ги вози до стриптиз клубовите, па и до проститутките, кои според него нудат сигурен секс. Тоа ќе биде важна информација за сите кои ќе дојдат во Јужна Африка, бидејќи во таа земја секоја петта личност е ХИВ позитивна.

:)
 
Севернокорејците без тв сигнал од Мундијалот

Властите во Јужна Кореја размислуваат да воведат забрана за емитување на телевизиските преноси од Светското фудбалско првенство кон Северна Кореја. Причината за ваквата реакција се сомневањата дека Пјонгјанг е виновен за потопувањето на бродот на Јужнокорејската воена морнарица во март оваа година.

Ексклузивните права за преноси во регионот од натпреварите на Светското првенство ги има јужнокорејската телевизија ЕС-БИ-ЕС.
- Потонувањето на бродот ги заостри односите меѓу двете држави, а како резултат на тоа е и прекинот на преговорите за сигналот од СП и во моментов не можам да кажам дали соседите ќе гледаат фудбал од Јужна Африка или не, е ставот на директорот на телевизијата ЕС-БИ-ЕС.
Северна Кореја обезбеди учество на Мундијалот по пауза од 44 години. Интересот на Севернокорејците за натпреварите на нивната репрезентација е огромен, но неизвесноста дали ќе можат да ги гледаат TВ преносите продолжува.

Да игра репрезентација на светско и да нема пренос ова го можат само Северна Кореја и Куба....
 
Капело го објави поширокиот список на Англија за Светското првенство

Англискиот селектор, Фабио Капело го објави поширокиот список за Светското првенство, 30 фудбалери ќе се борат за 23те места кои ќе патуваат во Јужна Африка. Капело го објави провизорниот состав за Светското првенство во Јужна Африка, листата брои 30 фудбалери. На него се најде и Џејми Карагер кој претходно се пензионираше од интернационалните натпревари, како и повредениот Герет Бери.
До крајот на месецот кога треба да биде пријавен конечниот список, Капело ќе треба да исфрли седум фудбалери.
Провизорниот состав на Англија за Светското првенство:
Џо Харт, Дејвид Џејмс, Роберт Грин, Леитон Бејнс, Џејми Карагер, Ешли Кол, Мајкл Доусон, Рио Фердинанд, Глен Џонсон, Ледли Кинг, Џон Тери, Метју Апсон, Стефен Ворнок, Герет Бери, Мајкл Карик, Џо Кол, Стивен Џерард, Том Хадлстоун, Адам Џонсон, Френк Лампард, Арон Ленон, Џејмс Милнер, Скот Паркер, Тео Волкот, Шон Рајт Филипс, Дарен Бент, Питер Крауч, Џермејн Дефо, Емил Хески, Вејн Руни
 
Севернокорејците без тв сигнал од Мундијалот

Да игра репрезентација на светско и да нема пренос ова го можат само Северна Кореја и Куба....


тие ионака нема да гледаат. тамошната влада уште пред месеци донесе решение за забрана на пренесување на натпреварите во живо, а снимка ќе давале само од натпреварите на кои тимот ќе победел. е сеа според групата во која се наоѓаат, мислам дека од ниеден натпревар во Северна Кореа нема да биде емитувана снимка.:pos2:
 
90% од билетите за СП 2010 се продадени

FIFA-460-WC.jpg


Организаторите на Светското Првенство во Јужна Африка соопштија дека 90% од билетите се веќе продадени
На 30 дена пред почетокот на мондијалот огранизаторот соопшти дека 90% од билетите се продадени.

“Сите билети ќе бидат продадени. Убеден сум во тоа.” – рече Дени Џордан, претседател на организациониот комитет.

“Околу 300 000 билети беа продадени минатата недела.”

Најголемиот дел од билетите се купини од Јужно Африканците, Американците и Британците.

На луѓето од Јужна Африка им беа доделени билети по намалени цени со цел обичните луѓе да можат да го гледаат мондијалот што за прв пат ќе се одигра на Африканскиот континент.

Во меѓувреме ФИФА соопшти дека тие одвоиле дополнителни 100 милиони долари за буџетот на СП 2010 со цел да се осигура дека тренинг комплексите за 32те земји учеснички ќе бидат подготвени на време и ќе го имаат потребниот квалитет.

Минатиот месец се појавија извештаи дека некои од тренинг комплексите се под потребното ниво, особено оној кој ќе го користи тимот на Англија во Рустенбург.

Зголемувањето на буџетот за организирањето на буџетот било одбрено во март од извшрниот комитет на ФИФА и минатата недела беше соопштено дека трошоците за организирање на мондијалот ќе бидат околу 1,5 милијарди долари но се очекува приход од 3,2 милијарди.

“Знаевме дека ќе треба да одвоиме дополнителни пари за тренинг камповите бидејќи некои репрезентации не беа задоволни од услугите или пак состојбата на терените.” – рече генералниот секретар на ФИФА Жером Валк.

“Тоа се трошоци што ФИФА ги превзеде со цел да се осигура дека сите работи ќе се завршат на време.”
 
Sjajna karijera Karima Benzeme (22) iz vremena igranja u Lyonu usporena je klupom koja ga je zadesila u Realu. Neigranje ga je koštalo SP-a...
Izbornik francuske nogometne reprezentacije Raymond Domenech odlučio je zatvoriti vrata "tricolora" za napadača koji je za Real postigao osam golova u 23 odigrane prvenstvene utakmice i ne pozvati ga u kadar reprezentacije koja će igrati na južnoafričkom Mundijalu (11. lipanj - 11. srpanj).
- To što Benzema neće igrati na SP-u nema nikakve veze sa seks-skandalom u koji je upleten - pojasnio je izbornik koji je odlučio sreću u JAR-u iskušati i bez Patricka Vieire.
Svoj širi popis Domenech će skratiti do 1. lipnja kada će imenovati 23 nogometaša koje će voditi na jug Afrike.


FRANCUSKI POPIS ZA SP (30 igrača):

Golmani: Hugo Lloris (Lyon), Steve Mandanda (Marseille), Cedric Carrasso (Bordeaux), Mickael Landreau (Lille)

Braniči: Bacary Sagna (Arsenal), Patrice Evra (Manchester United), William Gallas (Arsenal), Eric Abidal (Barcelona), Rod Fanni (Rennes), Sebastien Squillaci (Sevilla), Adil Rami (Lille), Marc Planus (Bordeaux), Gael Clichy (Arsenal), Anthony Reveillere (Lyon)Veznjaci: Lassana Diarra (Real Madrid), Alou Diarra (Bordeaux), Jeremy Toulalan (Lyon), Florent Malouda (Chelsea), Yoann Gourcuff (Bordeaux), Abou Diaby (Arsenal), Yann M'Vila (Rennes)

Napadači: Thierry Henry (Barcelona), Nicolas Anelka (Chelsea), Andre-Pierre Gignac (Toulouse), Franck Ribery (Bayern), Sidney Govou (Lyon), Djibril Cisse (Panathinaikos), Hatem Ben Arfa (Marseille), Mathieu Valbuena (Marseille), Jimmy Briand (Rennes)

За нормален овај не ми гледат...Некој чкљ игрет,тој не..
п.с.Спри што не е на македонски....вака го најдов:smir:
 
Добар составот на Франција ама овој Доменех не е напамет.Не го повикал Бензема.Ај ќе го видиме до каде ќе стигне.Анелка и Анри да не се поарни случајно.Ама како и да е и кого да викне пак најмногу до 1/8 ќе стигне.Мизерија права се....
 
опаа , го викнал dzibril , му дошло јајцето на газот . :) . ај шо ги нема , ги нема насри и бензема . ама кога земал од француско некојси мвила среден ред , шо не го земал зверот cabaye од лил . човекот се растури сезонава. мрднат е бре доменеш .
 
Аргентина без шест клучни играчи ќе патува за Јужна Африка


Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Диего Марадона одлучи да ги изостави фудбалерите на Интер Естебан Камбијасо, Хавиер Занети како и Луис Гонзалез, Лисандро Лопез, Фернандо Гаго и Габриел Милито.

Аргентина на Светското првенство во Јужна Африка се наоѓа во групата Б со Грција, Јужна кореја и Нигерија. Целосниот состав на Аргентинската репрезентација:

Голмани: Маријно Андујар, Диего Позо и Серхио Ромеро.

Одбрана: Николас Бурдисо, Фабрицио Колочини, Мартин Демикелис, Ариел Гарсе, Габриел Хајнце, Хуан Инсауралде, Николас Отаменди, Клементе Родригез, Валтер Самуел.

Среден ред: Себастијан Бланко, Марио Болати, Хесус Датоло, Ангел ди Марија, Џонас Гутиерез, Хавиер Маскерано, Хуан Мерсиер, Хавиер Пасторе, Макси Родригез, Хозе Соса и Хуан Себастијан Верон.

Напад: Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин, Езикиел Лавези, Лионел Меси, Диего Милито, Мартин Палермо и Карлос Тевез.

Би рекол лоша вест. Не знам поради која причина Камбијасо и Занети се изоставени.
 
Какво СП ќе биде ова без Роналдињо, Занети, Камбијасо, Милито (!?)...стварно жалосно....а го викнале Палермо! 100-годишен играч кој успеа на 1 натпревар да промаши 3 пенали (се сеќавате ? :tapp:)
 
Земја учесничка на СП - Германија

Иако има една титула помалку од Италија и две од Бразил, во историјата на Светските првенства не постои поуспешна репрезентација од германската. Во Јужна Африка, "Елф" ќе го одбележи својот 17. настап на Мундијалите обидувајќи се да стигне до осмото финале и четвртата титула.

Германија досега не учествувала само на две првенства: првото во 1930 година и четвртото во 1950, двете во Јужна Америка (Уругвај и Бразил). Многу поневеројатно звучи податокот дека од 1954 година кога ја освоила првата титула, Германија на секое Светско првенство учествувала барем во четврт-финалето. Тоа зборува дека се работи за селекција специјално мотивирана за големите натпреварувања без оглед на тоа каде се одржуваат шампионатите и со кој состав настапува. Освен трите титули, Германија досега има уште четири второ и три трети места на првенствата, а бронзата од последниот Мундијал на домашен терен беше окарактеризирана како неуспех.

Од тие причини, фудбалската јавност во оваа земја сега очекува најмалку финале, па и титула со што би продолжил континуитетот почнат во 2006 година. На Мундијалот на домашен терен Германците беа трети, на Европското првенство во Австрија и Швајцарија втори, па златото сега би бил логичен след на настаните. Германија никогаш порано не славела надвор од Европа (како и сите европски репрезентации), па ова е добра можност за прекинување на таа традиција.

Она што кај Германците е најважно е системот кој низ годините се покажал како крајно успешен. Повеќе не е важно кој игра во тимот бидејќи се е подредено на колективот, а репрезентацијата нема имиња како Герд Милер, Франц Бекенбауер, Лотар Матеус или Андреас Бреме. Јасно е дека главен играч е Михаел Балак, но и тој не би бил ништо ако нема добра логистика од другите, и тоа како искусни, фудбалери. Тука се Швајнштајгер, Јансен, Мертесакер, Вестерман, Троховски, Подолски и Клосе, фудбалери кои зад себе веќе имаат две големи натпреварувања со репрезентацијата. Последните двајца имаа очајна сезона во Келн и Баерн (заедно постигнаа вкупно четири гола), но Лев им верува бидејќи на претходните два Мундијали Клосе постигна вкупно десет гола, додека Подолски стигна до шест со тоа што во последните два квалификациски циклуси имаше дури 14 реализации.

Она што може да ги радува љубителите на фудбалот во Германија е фактот што оваа селекција веќе има база за следните големи натпреварувања. Уште на ова првенство шанса ќе добијат десетина фудбалери кои тукушто ја почнуваат третата деценија од животот. Станува збор за Милер (20 години), Хумелс (21), Крос (20), Озил (21), Бадштубер (21), Боатенг (21), Ташчи (23), Марин (21), Кедира 23, Треш (22)... Речиси сите имаа одлична сезона и се очекува да блеснат во Јужна Африка, секако, ако Лев им даде поголема шанса. Ако се знае дека Подолски и Гомез имаат по 24, Швајнштајер 25, а Лам 26 години, јасно е дека на Германија и претстои уште посветла иднина.

Но, зад идиличната слика што ја остава германската селекција, се кријат и доста проблеми. Прво, станува збор за неколку несогласувања во националниот тим кои не им се допаднаа ниту на навивачите, ниту на самите фудбалери. Балак јавно протестираше што во репрезентацијата го нема Торстен Фрингс, а на еден од квалификациските натпревари доби и шлаканица од Подолски. Втора работа е отсуството на Курањи за кого Лев не попушти и покрај големиот притисок од јавноста со образложение дека не му се потребни проблематични фудбалери. Најважно од се, веројатно, ќе биде недостигот на врвен голман што е прв ваков случај за Германија во последните 30 години. Лев многу очекуваше од младите Адлер и Нојер, но првиот се повреди, а вториот низ настапите за Шалке покажа дека е далеку од нивото на Кан и Леман. Во моментов во најдобра форма е Бут, но тешко дека селекторот ќе попушти и ќе му даде шанса пред Нојер и Висе.

Како и да е, Германија е прв фаворит во групата "Д" каде се уште Србија, Гана и Австралија. Пласманот во осминафиналето воопшто не е загрозен, а никој не се сомнева дека Германците долго време ќе останат на југот на Африка. Германија не е во најтесниот круг на фаворитите за титулата, но оваа селекција никогаш не смее да се отпише.

germanija_tim.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom