Новости околу СП 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Една тема каде што ќе ставаме новости поврзани со светското првенство кое се одржува оваа година во Ј.Африка, да не пишуваме по сите теми за новости ставајте тука најдобро.
Липи го објави списокот за СП, нема место за Амаури

Надежите на Амаури дека ќе игра на светското првенство завршија откако напаѓачот на Јувентус беше изоставен од поширокиот список од 29 фудбалери на Италија објавен од страна на Марчело Липи. 29 годишниот фудбалер доби италијански пасош во текот на Април. Минатата година напаѓачот откажа повик од репрезентацијата на Бразил по настојување на Јувентус.

Сега проширениот состав на светскиот шампион Италија ќе се собере за два дена - во вторник и во среда во Рим. Играчите на главниот фаворит за титулата Интер како и оние на Рома се ослободени од собирот. Даниеле де Роси со сигурност ќе биде дел од составот на Италија за светскиот шампионат, додека Лука Тони останува под знак пршање поради неубедливите игри. До почетокот на првенството селекторот треба да ја определи групата од 23 фудбалери кои заедно со него ќе патуваат за ЈАР.

Еве ги избраниците на Липи:

Голмани: Џиџи Буфон, Морган де Санктис, Федерико Маркети, Салваторе Сиригу

Дефанзива: Салваторе Бокети, Леонардо Бонучи, Фабио Канаваро, Матија Касани, Џорџо Киелини, Доменико Кришито, Фабио Гросо, Никола Легротаље, Кристијан Маџо, Џанлука Ѕамброта

Играчи за врска: Мауро Каморанези, Антонио Кандерва, Андреа косу, Џенаро Гатузо, Клаудио Маркизио, Рикарто Монтоливо, Анџело Паломбо, Симоне Пепе, Андра Пирло

Напаѓачи: Марко Бориело, АНтонио Ди Натале, Алберто Џилардињо, Винченцо Јакинта, Џанпаоло Пацини, Фабио Квајарела.
 
Лотар Матеус: Шпанија е наредниот Светски шампион

Лотар Матеус, легендата на германскиот фудбал кој настапи дури на пет Светски првенства, смета дека на Мундијалот во Јужна Африка ќе триумфира селекцијата на Шпанија.

Покрај тоа што предвидува дека актуелниот европски шампион ќе го подигне еминентниот трофеј, германецот вели дека Шпанија во финалето ќе ја совлада репрезентацијата на Бразил.
„Како што ги следам работите во шпанската и бразилската репрезентација предвидувам дека победникот ќе биде одлучен меѓу нивниот дуел на последниот натпревар во финалето.“ - вели Матеус.
Матеус смета и дека за третото место ќе се борат Аргентина и Англија, додека за своите сонародници вели дека ќе бидат елиминирани во четвртфиналето токму од „гаучосите“.


Диего не се надева на учество на Светското
Бразилскиот играч за врска во италијанскиот гигант Јувентус е реален и мисли дека после лошата сезона во Јуве неговите шанси за настап на СП се минимални.
25-годишниот кариока со сигурност имаше многу потешкотии за време на првата сезона во италијанското калчо. Тој заедно со Фелипе Мело често пати беа обвинувани за слабите игри во торинскиот гигант.
„Јасно ми е дека речиси е невозможно да бидам дел од селекцијата на Дунга за Мундиалот во Јужна Африка. Сепак јас сеуште имам надеж да играм за мојата татковина“.
„Спремен сумд а играм на СП, но ќе биде многу тешко да најдам место во тимот, до сега редовно играв за бразил под палката на Дунга а пред тоа бев и во тимот на Карлос Алберто Переира“, изјави Диего.
„Јас сум секогаш спремен, доколку Дунга реши дека има потреба од мене. Тој знае како играм и што можам, доволно ги знае моите квалитети. Никогаш не сум имал проблеми со селекторот“, дополни плејмејкерот на бјанконерите.​
 
Торес сака дуел со Англија во финалето од СП 2010

Фернандо Торес верува дека Англија може да стигне до финалето од Светското Првенство доколку Трите Лава ја надминат психолошката бариера од претходни неуспеси Напаѓачот на Ливерпул и Шпанија е во трка со времето за целосно да се опорави пред почетокот на мондијалот во Јужна Африка откако во неделата по втор пат замина на операција на коленото оваа година. Торес очекува да настапи на Светското Првенство и посакува во финалето да играат Шпанија и Англија.
Но за избраниците на Фабио Капело да успеат во тоа, Торес верува дека Трите Лава ќе треба да ја надминат психолошката бариера од претходните неуспеси.
“Доколку Англија може да ја надмине менталната бариера, тогаш Шпанија против Англија ќе биде перфектно финале на Светското Првенство.” – рече Торес за Daily Express.
“Луѓето велат дека Шпанија го има најдобриот стартен состав на светото, но доколку погледнете на хартија Англија го има вториот најдобар стартен состав во светот.”
“Во Џон Тери и Рио Фердинанд тие ги имаат двајцата најдобри дефанзивци. Стивен Џерард е најдобриот играч од средниот ред на планетата и Вејн Руни е играчот во најдобра форма заедно со Лионел Меси.”
“Тешко е да се види слабост во составот на Англија. Тие само треба да ја скршат менталната бариера од елиминација уште во четврт-финалето.”
 

Ако веќе ставаш новости нека бидат на Македонски јазик не на некој друг јазик, сепак ова е Македонски форум и ако беше финтата да се оставаат новости на други јазици ќе фаневме сите ќе ископиравме на англиски од останатите светски спортски портали.
 
Првиот голман на Германската репрезентација, Рене Адлер, поради повреда, најверојатно ќе го пропушти првенството. Изгледа за прв голман ќе биде назначен Мануел Ноер, втор Тим Визе, и како трет Ханс Јорг Бут. Ова е уште една загуба за Германија, која што на почетокот на сезонава загуби уште еден голман, на многу потрагичен начин, Роберт Енке, кој си го одзеде животот.
 
АРГЕНТИНА (ГРУПА Б)Страшниот тим на поправен испит

Во ерата на модерниот фудбал Светското првенство никогаш не поминало без учеството на Аргентина. Предводени од легендарниот фудбалер, но непроверен стручњак Диего Марадона, Аргентинците најавуваат поход на третата титула во својата историја, а како најголем адут го имаат најдобриот светски фудбалер во моментов. Сето тоа е реално иако на патот кон Јужна Африка во еден момент Аргентина сериозно ги загрози своите реноме и кредибилитет.

Двократниот светски првак остави впечаток на не баш најдобро селектирана екипа, но дури и таков е најголем фаворит за првото место во групата "Б" каде ривали се Јужна Кореја, Грција и Нигерија. Со Аргентина приказната е секогаш иста во последните 20 години. Тоа е обично тим составен од три, четири или дури петмина најдобри светски фудбалери, но од среброто во Италија "албиселесте" повеќе влеваат страв на хартија отколку на теренот. И на претстојниот Мундијал ќе има многу воздишки при спомнувањето на презимињата во аргентинскиот тим кој до Јужна Африка стигна со "судни маки" и по победата во последното коло против Уругвај во Монтевидео. Мундијалот ќе биде добра можност за поправен на оваа генерација која се уште не го кажала последниот збор.

Интересно е тоа што додека сениорската репрезентација на Аргентина 24 години ја очекува третата титула, младинските селекции на оваа земја "газат" на Светските првенства и Олимпијадите. Од 1995 година У-20 тимот дури петпати беше првак, додека олимписката селекција триумфираше во Атина и Пекинг. И додека се чека официјалниот список на Марадона, познато е дека на овогодишното финале од Лигата на шампионите ќе настапат дури деветмина Аргентинци, а фудбалерите од оваа земја се најдобри стрелци во Барселона, Реал, Интер и Лион.

Најмногу контроверзи, како и секогаш, предизвикува начинот на селектирање на фудбалерите од страна на Марадона. За една година откако е селектор на репрезентацијата тој повика дури 72 фудбалери и од нив не успеа да направи селекција за респект. За време на квалификациите повици добија ветераните Хуан Верон и Мартин Палермо, а на нив минатата недела им се придружи 36-годишниот Ариел Ортега, кој ќе настапи на пријателскиот меч против Хаити.

Клучни играчи во тимот што играше во квалификациите, но и на пријателските натпревари беа токму Верон, потоа Серхио Агуеро, Диего Милито, Тевез и Игуаин, но Марадона најмногу оочекува од Меси и капитенот Маскерано. Најголем проблем селекторот ќе има да го направи тимот околу нив двајца бидејќи станува збор за најдобриот последен играч за врска и најдобриот крилен напаѓач во светот. Со оглед на моменталната форма се очекува место во стартниот тим да има за Валтер Самуел, Демикелис, Камбијасо, Ди Марија, потоа Тевез, Милито и Агуеро. Игуаин е одличен напаѓач, но многу е веројатно да остане на клупата, барем за првиот натпревар во групата против Нигерија.

Аргентина на овој Мундијал може да очекува добар пласман само ако блесне Лионел Меси. Тој играше слабо во квалификациите, па затоа и репрезентацијата се мачеше против објективно далеку послаби селекции. Во спротивно, од Аргентина не може да се очекува повеќе од четвртфинале бидејќи хаотичниот начин на кој Марадона ја води репрезентацијата не ветува дека таа може да се воигра навреме за да претставува страв и трепет за своите противници.

ПЛАСМАН НА ДОСЕГАШНИТЕ СП

-Уругвај 1930 2. место
-Италија 1934 не учествува
-Франција 1938 не учествува
-Бразил 1950 не учествува
-Швајцарија 1954 не учествува
-Шведска 1958 1. рунда
-Чиле 1962 1. рунда
-Англија 1966 четвртфинале
-Мексико 1970 не учествува
-Германија 1974 2. рунда
-Аргентина 1978 ШАМПИОН
-Шпанија 1982 2. рунда
-Мексико 1986 ШАМПИОН
-Италија 1990 2. место
-САД 1994 осминафинале
-Франција 1998 четвртфинале
-Јапонија/Ј.Кореја 2002 1. рунда
-Германија 2006 четвртфинале

СЕЛЕКТОР - ДИЕГО МАРАДОНА

Одличен играч, ужасен стручњак

Човекот кој и даде гол на Англија и подоцна ја однесе Аргентина до втората светска титула во 1986 година, а осум години подоцна беше исфрлен од Мундијалот во САД поради допинг претставуваше доста чуден избор на АФА која по поразот од Чиле во квалификациите во октомври 2008 година ја раскина соработката со Алфио Базиле. Аргентина тогаш беше на третото место, а на крајот на циклусот заврши на четвртото место и беше последната селекција што директно обезбеди пласман на Мундијалот во Јужна Африка.

Заедно со поразот од 6:1 од Боливија, кој е еден од најголемите во историјата, Марадона ќе остане запаметен како прв по 1998 година кој не успеал во квалификациите да заврши на првото или второто место во јужноамериканската зона. Многупати во овие година и половина некултурно им одговори на критичарите кои му забележуваат дека нема тренерска знаење при што главната поента беше дека не му е ни потребно. Веројатно знае што зборува, но поради фактот дека за 18 месеци испроба 72 фудбалери, никој во Аргентина не му верува.

ЅВЕЗДА - ЛИОНЕЛ МЕСИ

Аргентина очекува многу од својот месија

Диего Марадона неколкупати досега изјави дека ќе се обиде играта во аргентинската репрезентација да ја прилагоди на Лионел Меси. Токму од него најмногу и ќе зависи успехот на Аргентинците во Јужна Африка, а за почетокот мора да се помине групата каде се Нигерија, Јужна Кореја и Грција. Ако Меси успее да ја повлече екипата како што тоа го прави во Барселона, а што баш и не е случај со репрезентацијата, ете можност за трета титула на Аргентина.

На најдобриот светски фудбалер за 2009 година му недостасуваат единствено репрезентативните успеси на сениорско ниво за да ја заокружи колекцијата. Со Барселона лани освои се што можеше и на индивидуален и на клупски план, па сега Мундијалот е добра шанси признанијата и трофеите да се комплетираат.

Освен тоа, за Меси овој Мундијал е најдобрата можност да им ги "затне" устите на сите оние кои се сомневаат во неговиот квалитет и кои велат дека не е играч за големи натпревари и дека знае да дава голови само на второкласните екипи од Шпанија.

ВНИМАВАЈТЕ НА... - ГОНЗАЛО ИГУАИН

Можеби има пад во формата и на последните три натпревари на Реал не успеа да се запише во листата на стрелците, но Игуаин и натаму е најефикасниот фудбалер на "Кралскиот клуб" во последните две сезони. Лани заврши со 22, а во ова првенство го подобри својот ефект и веќе стигна до 25 гола на три кола пред крајот на сезоната, што е одлично за 22-годишниот напаѓач кој пред сезоната не беше ниту планиран во првиот тим на "галактико" каде требаше да блеснат Роналдо, Кака, Раул и Бензема.

Игуаин извесен период беше во дилема дали да настапува за француската или аргентинската репрезентација. Во 2006 година имаше повик од "триколорите" за пријателскиот меч со Грција, но го одби со образложение дека има само 18 години и се уште не знае чиј дрес да носи.

Но, потоа и покрај одличните игри во дресот на Реал, Марадона не сакаше да го повика во националниот тим за што беше остро критикуван од аргентинските медиуми. Конечно, Игуаин ја доби шансата против Перу во претпоследниот меч од квалификациите и веднаш постигна многу значаен гол. Досега одигра четири натпревари и реализира два погодоци за националниот тим, но многумина од него очекуваат блесок на Мундијалот.
 
Торес може да го пропушти стартот на Светското Првенство

Напаѓачот на Ливерпул, Фернандо Торед поради повреда би можел да ги пропушти воведните натпревари на Шпанија на Светското Првенство Ова го изјави новиот прв човек на медицинскиот тим на Ливерпул, Питер Бракнер. Торес во моментов се опоравува од втората операција на коленото во три месеци со цел да ги отстрани проблемите на менискусот.
Бракнер вели дека тие треба да добијат прав биленас помеѓу рехабилитацијата и одморот доколку сакаат напаѓачот да се појави во Јужна Африка.
Европскиот шампион Шпанија ќе ја започне својата авантура со дуелот против Швајцарија на 16 јуни, а подоцна се и дуелите со Чиле и Хонудрас во Групата Х.
“Тој се опоравува добро и имам извонредна посветеност на рехабилитацијата, исто како и персоналот тука, и доколку некој може да се опорави од повреда тоа е токму тој.” – рече Бракнер.
“Не можете да бидите сигурни во ништо но во овој дел од опоравувањето, доколку тој продолжи да го бележи истиот прогрес би можел да биде фит за одредена етапа од Светското Првенство.”
“Дали ќе биде подготвен за првиот натпревар или пак не, сеуште не се знае.”
Бракнер исто така не сака Торес да избрзува со своето враќање на тернеите бидејќи тоа може да има долгорочно влијание врз здравјето на играчот.
“Не сакаме а избрзуваме многу со него бидејќи сакаме да имаме долгорочна корист, но исто така сме свесни и за краткорочните цели односно играњето на Светското Првенство.”
“Се надевам дека ќе пронајдеме компромис помеѓу двете цели и тој да настапи на Светското Првенство и да биде фит и подготвен за стартот на сезоната на Ливерпул.”
 
Адлер без Мундијал

Голманот на Баер Леверкузен, Рене Адлер ќе го пропушти Светското првенство во Јужна Африка. Адлер кој се опоравуваше од напукнато ребро ќе треба да замине на нова операција, која нема да му дозволи да застане на голот на германската репрезентација на Мундијалот.

9CE9043F77F6B645B2D762CB5D7431F6.jpg


Адлер стана третиот фудбалер за два дена кој отпадна од составот на Германија по Кевин Курањи и Симон Ролфс. Голманот на "фармацевтите" се врати на теренот на мечот против Херта иако изјави дека имал болки.

"Ова е најтешката одлука во мојот живот. Ќе биде неодговорно од мене, кон клубот и репрезентацијата да играм на Светското првенство, бидејќи не ќе можам да го дадам максимумот. На таков тежок турнир треба да заминат најподготвените", изјави Адлер.

Најверојатно број 1 на германскиот тим сега ќе биде голманот на Шалке, Мануел Нојер.
 
Боби[Мкд];3533288 напиша:
Нојер прв голман.:back:
Нојер ќе потпише за Арсенал :je:(се надевам)
 
СП 2010 - Дрим Тим: Лав Јашин најдобар голман

Читателите на СпортДенес го одбраа русинот Лав Јашин за најдобар голман во историјата на Светските првенства.
Серијалот на анкети продолжува во пресрет на Светското првенство во Јужноафричката Република, а во последната го одбиравме најдобриот чувар на мрежата на ова натпреварување.
И покрај тоа е Јашин е човекот кој меѓу шесте кандидати никогаш не го освоил светското фудбалско злато, русинот ги надгласа италијанската легенда Дино Ѕоф и шпанецот Зубизарета.
„Руската гордост“ можеби го нема почуствувано златото окулу неговиот врат, но затоа има добиено многу други респектабилни награди. Беше одбран за најдобар голман на 20-тиот век од страна на Итернационалната Федерација на фудбалска историја и статистика, а воедно тој е единствениот голман кој успеал да ја добие наградата Европски фудбалер на годината.
Јашин, кој го напушти овој свет на 60 години, во 1990. година, беше првиот вистински голман кој ги постави денешните стандарди за тоа како треба да се брани сопствениот гол, доминирајќи во својот шеснаесетник.
Резултати од анкетата: СП 2010 - Најдобар голман на Светските првенства
1. Лaв Јашин 29.7%
2. Дино Ѕоф 25.2%
3. Андони Зубизарета 23.4%
4. Гордон Банкс 12.4%
5. Сеп Миер 7.6%
6. Убало Филоло 1.7%
 
Бут трет голман на Германија

Трет голман на германската репрезентација на Светското првенство во Јужна Африка ќе биде членот на Баерн, Ханс-Јерг Бут. Така одлучи селекторот Јоаким Лев по повредата на Рене Адлер. Првите двајца голмани си остануваат Мануел Нојер од Шалке и Тим Висе од Вердер, а Бут треба да го донесе неопходното искуство за што Лев беше критикуван од познатите германски фудбалски легенди. Кандидат за заменик на Адлер, според германските медиуми, беше и Јенс Леман, но од враќањето на голманот на Штутгарт во националниот тим нема да има ништо. Со Бут, Лев ги решава сите проблеми на голманската позиција, а конечниот список на фудбалери кои ќе настапат на Мундијалот би требало да го објави до крајот на неделата.

Бут има три настапи за германската репрезентација, но во периодот од 2000 до 2003 година кога беше член на Баер. Заедно со Оливер Кан и Јенс Леман, тој беше член на селекцијата на Германија на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја, но таму не доби шанса. Тоа значи дека ова ќе биде негово второ учество на Светско првенство, но се уште го очекува првиот натпревар.

Липи не смета на Амаури и Миколи

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Марчело Липи ги објавил имињата на 29 играчи кои во ќе се соберат во тренинг кампот на "азурите" и кои ќе конкурираат за составот на Светското првенство во Јужна Африка.

На поширокиот список нема играчи на Рома и Интер, кои во среда го играат финалето од Купот на Италија. Освен нив не се повикани ни Бразилецот Амаури од Јувентус кој зема италијанско државјанство надевајќи се на повик во репрезентацијата, како ни одличниот Миколи од Палермо. На нивните услуги Липи очигледно не смета за Мундијалот, а на поширокиот список ги вклучи следните играчи:

Голмани: Буфон (Јувентус), Де Сантис (Наполи), Маркети (Каљари), Сиригу (Палермо)

Одбрана: Бокети (Џенова), Бонуци (Бари), Канаваро (Јувентус), Касани (Палермо), Киелини (Јувентус), Кришито (Џенова), Гросо (Јувентус), Легротаље (Јувентус), Маџо (Наполи), Замброта (Милан)

Среден ред: Каморанези (Јувентус), Кандрева (Јувентус), Косу (Каљари), Гатузо (Милан), Маркизио (Јувентус), Монтоливо (Фиорентина), Паломбо (Сампдорија), Пепе (Удинезе), Пирло (Милан)

Напад: Бориело (Милан), Ди Натале (Удинезе), Џилардино (Фиорентина), Јакинта (Јувентус), Пацини (Сампдорија), Кваљарела (Наполи)
.
 
Izjava na moja prijatelka od juzna afrika : The fucking contry is not ready !!
 
Галас ќе биде спремен за СП


Стоперот на Арсенал, Вилијам галас ќе биде подготвен за игра на СП во ЈАР оваа година.
„Ќе бидам спремен за Мундијалот. Во моментов се чуствувам добро.“ - рече Галас за француските медиуми.

На ркрајот од Март, Галас се здоби со повреда и е надвор од терените до крајот на сезоната.



Тој поточно се повреди на дуелот помеѓу Арсенал и Барселона на „Емирати“ во натпреварот од 1/4 финалето од ЛШ, а одсуствуваше на реваншот од истиот дуел. Исто така Галас ги пропушти и последните дули на Арсенал а се погласни се шпеклациите дека играчот на „топџиите“ од налето би можел да стане нов член на Рома.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom