Група А (Јужна Африка, Мексико, Уругвај, Франција)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Групата А на светското првенство во Јужна Африка 2010 ќе ги сочинува репрезентациите на (по редослед по влечење)

-Домаќинот и автоматски квалификант Јужна Африка
-Мексико

-Уругвај
-Франција

Краток историјат:

Екипите на Франција и Уругвај, претходно играле еднаш заедно и тоа на Светското првенство 2002 во Кореа и Јапонија. Мечот заврши без победник 0:0.
Исто така ова е вторпат репрезентациите на Франција, Мексико и Уругвај да бидат извлечени во иста група со домаќинот на шампионатот.
Токму тоа се случи во 1966. година кога селекцијата на Англија предводена од Боби Чарлтон беше домаќин. Тогаш за првите две места се изборија екипите на Англија и Уругвај.

Првите две екипи од оваа група продолжуваат понатаму и ќе играат со првите две екипи од групата Б. Првиот од оваа група ќе игра со вториот од тамошната и обратно.

Првиот меч од оваа група е всушност и воведниот меч на Светското првенство.
Саатниците се според Македонско време односно GMT +1 (средноевропско)

Мечеви:

1.(11 Јуни 2010, 15:00) Јужна Африка-Мексико (Јоханесбург)

2.(11 Јуни 2010, 19:30) Уругвај-Франција (Кејп Таун)

3.(16 Јуни 2010, 19:30) Јужна Африка-Уругвај (Преториа)

4.(17 Јуни 2010, 19:30) Франција-Мексико (Полокаве)

5.(22 Јуни 2010, 15:00) Мексико-Уругвај (Рустенбург)

6.(22 Јуни 2010, 15:00) Франција-Јужна Африка (Бломфтејн)

На темава би можеле да се додаваат вести за репрезентациите кои играат во групата.
 
Моите две омилени екипи се во иста група. Затоа посакувам и двете да идат понатаму. Прв Мексико, втора Франција :)
За Мексико во прелиминарната листа се повикани 16 играчи од Американскиот континент и 10 од Европскиот. Од овие 26 души ќе отпаднат тројца :)
Според мене најдобар играч Андрес Гвардадо :)
Мило ми е што во тимот е сеуште и легендарниот Куатемос Бланко :vozbud::vozbud:
Prelim-List.JPG

europa.png
 
Иако позвучно име е само Франција, јас мислам дека ова ќе биде многу интересна група. ЈАР како домаќини сигурно ќе имаат преголем мотив за да ја поминат групата, па ќе биде тешко да се совладаат. Мексико и Уругвај се две добри екипи, од кои мислам дека една ќе ја помине групата. Франција иако се најголеми фаворити на хартија, доколку играат како во квалификациите можно е и да не ја поминат групата. :toe:
 
Ова е дефинитивно една од потешките и понеизвесни групи кај што сите репрезентации се изедначени по квалитет и секој секого може да добие ,вклучувајќи ја и селекцијата на Ј.Африка која како домаќин ќе има многу повеќе мотивација за надигрување и водена пред се од Пиенар и Мекарти ќе биде доста незгодна екипа
Иако Франција е некако најзвучно име и фаворит за првата позиција сепак нивната игра не е на нивото на кое можат сите тие ѕвезди да изиграат ,вината најверојатно е во тренерот Доменех кој доколку не поработи малку на своите тактики и поставувањето на формацијата може многу лесно да биде изненаден од одличната репрезентација на Уругвај кој во своите редови го има младиот Луис Суарез кој што мислам ќе блесне во полн сјај на ова СП
Секако тука е и Мексико кој што исто така има солидна екипа и може да и предизвика на Франција многу проблеми ...
Многу тешка група според мене сите екипи имаат изедначени шанси за првите 2 позиции ,сепак предност им давам на Франција и Уругвај :)
 
ТЕшка група е оваа.

Но сепак мислам дека Франција ќе оди сигурно,а борбата ќе биде меѓу Уругвај и Мексико!
 
Одлична група за домаќинот, која претпоставувам ќе ја помине како прв на табелата пред Уругвај.

Франција сакам да отпадне затоа што не заслужуваат да играат на ова СП.
 
Стварно незгодна група...Голем е мотивот на Африканциве.....така да ќе биде многу неизвесно....
1.Франција
2.Ј.Африка
3.Мексико
4.Уругвај
 
Неизвесна група...ништо не се знае...иако имаат голем мотив мислам дека Јар нема да оди понатаму...:toe:
 
Сакам да одат понатаму домаќините и Уругвај.:tv:
 
Ај да почнам од групата А :)

Дефинитвно многу интерсна група,ќе нема ниту еден неизвесен натпревар. Франција не се прослави баш на квалификациите,не се прослави ни на ЕП 2008,така да не ја сметам баш за фаворит во оваа група,бидејќи тука се домаќинот ЈАР и незгодните Мексико и Уругвај. Некако мислам дека ќе поминат америчките земји,но во групава ништо не се знае. Би сакал Мексико да ја помине групата,заедно со Јужна Африка.
 
Тука е мојата омилена репрезентација Франција.

Иако не изигра на ниво во квалификациите, сакам да блесне на ова првенство, а квалитети за тоа имаат. Втор би требало да е Уругвај, а ЈАР колку и да се мотивирани мислам дека имаат многу мали шанси да ја поминат групата.
 
Французите ќе минат, за второ место ќе е крајно неизвесно и интересно.
ЈАР нажалост се најде во без излезна ситуација, така да овде ќе биде битка меѓу Централна и Јужна Америка каде што на крај со многу среќа ќе ја добие Мексико

1. Франција - 2. Мексико
 
Французиве како се протнаа на Светско, после тоа си викам ќе им дојде умот и ќе изиграат на ниво. Нив ги типувам за првото место, а за второ, што знам, сите ми изгледаат достојни.:toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom