Што би промениле во вашите училишта/факултети?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
јас би исфрлил математики хемии физики и све остало од та бранша и би вовел само некој корисни работи шо можат да ти се најдат во животот, плус компјутерчиња со супербрз интернет...ак не друго дур си нашколо ќе си спушташ филмчиња игри...:vozbud: и ак ти е досаден некој час ќе мојш на кајганава да си пишиш...:salut:
 
Poveketo ucilista,fakulteti svarno ni se vo zalna situacija koga ke pocnes da smenuvas da ne znaes od kade da pocnes
 
На ПМФ сум, на ИИ. Единствено што ми смета е угорницата што треба да се помине за да се стигне до горната зграда. Убитачна е:vozbud:
 
Заборавив, би го зголемила бројот на испитни сесии
 
па искрено ако почнам да пишувам на темава не знам дали ке има доволно место:pos2:.Епа јас како студент на мојот факултет "јавна администрација" во Битола би сменал(ако можам секако) скоро се.
Лугето од студентски прашања навистина нудат никаква услуга,имаме асистенти кои предаваат по неколку предмети,испитите се закажуваат неколку дена пред да се случат па ден пред испит се менува тајмонгот,абе лудило...
Јас не можам да си објаснам зошто е тоа така,ама се дури факултетите се партизирани нема напредок.Друго си се чудам како ние студентите на "famis" не ги бараме нашите студентски права,т.е. не бараме смена на квази студентскиот сојуз избран секако од босовоите на факултетот,секако да не се крева врева!
Сигурен сум дека ако не целосно,слично е и на другите факултети низ државава!
п.с.Секако има и исклучок ама тоа НЕ Е ДОВОЛНО!
Па да резимирам,би менал многу ако можам бидејки целокупното школство ни е промашено,па и не се студентите криви што после дипломирањето не знаат ништо...треба да се менува се од корен!!!!!
 
so bi napraill pa bi naprail da nema poveke hemija fizika matematikia matematika da ima malce osnovnoto taka samo da se uci na pr kako do 4 odelenie:pos2: posle kompjuteri i brz net :toe: ima use mn raboti ama sea
 
Би ја сменил онаа чурлинова го уништи гуц кучка глупава нема мрднато со прст за школото зимно време дека иаме стари прозори деца што седат покрај прозорите се жалат дека им дува и да ги напраат или да стаат нови и она ни доага и ни вика да се сменат прозорите во 1 училна сосе рамки и се тоа да се стаат пвц коштало 6000 евра:uvo::uvo::uvo:
 
На ПМФ сум, на ИИ. Единствено што ми смета е угорницата што треба да се помине за да се стигне до горната зграда. Убитачна е:vozbud:
Има една стара идеја за жичара на ПМФ и од студенти и асистенти ама никако да се спроведе незнам зошто.
 
Slaba ekonomija slab obrazoven sistem.
Nema sto da se menuva moze samo da se improvizira.
 
Би го сменила Драги и се ќе биде ок на правен:pipi:
 
Не знам ни од каде да почнам, ама еве, ќе се обидам накратко:

1. Би ја сменила директорката, затоа што очигледно за ништо не се грижи освен за тоа да земе плата на први, никој ја нема видено на училиште можеби 5-6 месеца.
2. Би направила на секој агол да има оставен телефонски број до министерството за образование, каде ќе може да се пријави професор ако е забележан како си прави некои акробации во дневникот или во тетратката негова, како на пример 1, 1, 1, 3, 4, 5, 5 и 5ка за крај.
3. Би ги зголемила часовите по спорт, да се има спорт секојдневно и да биде задолжителен, што значи дека по овој предмет оцените ќе бидат вратени, нема да има мислења.
4. Тестовите од предметите да бидат прегледувани од страна на професори кои не се од тоа училиште, како што е и во сите други земји, нормално.
5. Како петто и најважно, би ги укинала проектните активности, познатото губење на време, и така професорите не знаат да ги организираат, а и очигледно проектите што ги правиме на крај служат само за децата на професорите, ако им притреба за семинарска на факс или за некојси нивен проект.
 
Ова го поддржувам:smir:

Инаку кај мене би ги сменил професорите и селјаците кои ги има на секој ќош:wink:
 
Би го ставила предметот статистика во 1ва година како изборен предмет...и во целост да се спроведе Болоњска спогодба.Мслам дека економски факултет е едниствен на кој можеш да пишеш квадрат и да неможеш да влечеш предмети,туку мора да ги имаш сите положено до февруарска сесија наредната година,како и тоа да не не буткаат од прв колоквиум,туку да биде како на останатите факултети со собирање на бодови од колоквиуми,семинарски и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom