Љубов/врска меѓу двајца виртуелни познаници

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе наговуваш само ние знаеме како ни беше тоа е твое мислење :toe::salut:ако немаше чувства нема да ја преболувам уште

Да си видел друга може и ќе си ја преболел.
 
Љубов си е љубов без разлика на тоа каде е започната. Факт е дека во денешно време многу од луѓето се срамежливи и прибегнуваат кон наоѓање на девојка/момче по пат на запознавање на Интернет. Искрено, мене оваа практика ми е малку наивна, бидејќи реално, се до моментот на запознавање, не знаеш каква е личноста со која комуницираш. Јас практикувам права ствар, т.е. запознавање на девојки во кафулиња и на други јавни места. Така барем знам точно таа како изгледа и како размислува, па можам да проценам дали ми одговара или не.
 
No such thing I think.:smir:
 
Друго е додека се допишувате,друго е кога се видете очи во очи,тогаш ке знаете дали навистина имате чуства кон него/неа.Ако и тогаш го чуствувате истото зошто да не успее?кога се сака се се може:toe:иако е малку тешко за опстојување.
 
Природно си е природно... Најубав е директниот пристап, а вака зад монитор ми е многу некако фејк:smir:
 
се е релативно.... сум имал ништо страшно, преубаво искуство, љубов и сето тоа на растојание но до кога....
после 3тиот месец едниот попушти и дојде кај другиот лол.
проблемот е во силината на љубовта.. ако е силна нема што да ја попрече!:smir:
 
се е релативно.... сум имал ништо страшно, преубаво искуство, љубов и сето тоа на растојание но до кога....
после 3тиот месец едниот попушти и дојде кај другиот лол.
проблемот е во силината на љубовта.. ако е силна нема што да ја попрече!:smir:

Има, има...пречки безброј. Како на пример 2000 км? Кој е изгорен знае. Најдобро е да не влегувате во такви врски доколку шансите за средба се мали.
 
Треба да се знае во што се впушташ а и црпат огромна енергија, се согласувам
 
Не може да има врска виртуелно, додека потенцијалните партнери не се запознаат лично. На интернет можеби ви тргнал муабетот и сè ви изгледа совршено, а всушност ликот што се крие зад компјутер можеби има сосема различен карактер од оној што ви го претставува и да биде тотално разочарување во реалност.
Може да започне виртуелно, но потоа да продолжи и со лично запознавање па тогаш работите да тргнат, инаку во врска преку екрани не верувам и тврдам дека не е возможна, како прво тогаш не може ни да зборуваме за љубов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom