Љубов си е љубов без разлика на тоа каде е започната. Факт е дека во денешно време многу од луѓето се срамежливи и прибегнуваат кон наоѓање на девојка/момче по пат на запознавање на Интернет. Искрено, мене оваа практика ми е малку наивна, бидејќи реално, се до моментот на запознавање, не знаеш каква е личноста со која комуницираш. Јас практикувам права ствар, т.е. запознавање на девојки во кафулиња и на други јавни места. Така барем знам точно таа како изгледа и како размислува, па можам да проценам дали ми одговара или не.