Најубавото нешто што некој го кажал или направил за вас!

  • Креатор на темата Креатор на темата IV43
  • Време на започнување Време на започнување
Еден постар другар, бек ин 1997 ми помогна да стигнам до „Флешон“ на мустафа со еден жетон.

Аууу сине и јас ги имав тие маки! Ама ние финта му напрајвме, си уклучувавме кредити со жичка и двајцата со едно тогашно другарче после неколку дена ги отепавме сите главни, први бевме никој ги немаше поминато. Најголеми мангупи бевме шо ти е.
Да се вратам на темава: има многу работи кои вредат да бидат споменати, но ако треба да се издвои нешто тоа секако ќе биде животот, момент кога некој ти го спасил ќе го паметиш и споменуваш дури си жив: беше момент на Црна река, пред некој си дваесетина години значи јас сум бил негдека 7-8 години бевме на некаов излет шо знам, имаше многу луѓе, јас бев љубопитно дете, заминав да ја истражувам околината ми беше убаво интересно дрвја некакви големи покрај водата, ми текна да кршам гранка да си направам меч се качив на дрвото арно ама тие гранките инаетчии не сакаа да се предадат лесно и да се скршат, па морав да вложам повеќе сила и оп во еден момент гранката се скрши ама јас немав рамнотежа нити имав за што да се задржам и шљуз право во страшната вода, се сеќавам немав сила да викнам, целиот се вкочанив, едвај со рацете мрдав водата ме носеше негдека беше брза и студена, сосем наеднаш се најдов целиот под вода гледав само некакви треви долу снемував воздух во секунди од негдека осетив силен удар по стомакот од рака шо ме крена нагоре и извлече над водата ..чоекот рипнал од негдека, незнам ни како се најде таму, веројатно ловеле риба во близина па ме заприметиле. Чичко Томе убаво го памтам бркат кавадарчанец тоа е дефинитивно најубавото нешто шо некој го напраил за мене!
 
Mi padna novcanikot na ulica ne vidov i edno devojce zema mi go vrati.

AMA i onaka bese prazen hehehe:)
 
една другарка еднаш ми кажа (после една жестока караница со дечкото кога мислев дека е крај): си се запрашала ли некогаш зашто сме другарки??? (и ја ќутам ја глеам :cautious:, викам не) затоа што си најискрената и највеселата личност што сум ја запознала! ако денес тие ретки особини некој не ги цени, не ти треба во твојот живот...! секогаш можеш да најдеш некој кој ќе те лаже и ти прави лице, и баш затоа треба да се потруди и да те чува....:pipi:

фала и на Кики што ми ги отвори очите на време....
 
Најдобри зборови за мене од некој туѓ човек имам чуено од една професорка која ми предаваше во прва година средно. Жената ни ми беше врска, ни ништо, ама она пред сите кажуваше дека сум бил еден и единствен најдобар ученик кој се појавил во последниве генерации, само јас сум вредел........... срцка беше:D

А некој да направил нешто најубаво за мене, се знае кој би можел да биде тоа....., моите родители. Никој друг освен домашните не би ти направил нешто посебно добро:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom