KohlBass напиша:
Najlesno e da se kaze toa koga se nema odgovor
Глупо и нелогично е прашањево само по себе.
Забележи ја аналогијава и спореди со твојава пацка(не е твоја,прастара е)
Пример:”Еден генијалец е толку паметен што е способен успешно да реши секаков тест,вклучувајќи го и тој што го квалификува како идиот!”
Самото прашање во себе содржи контрадикција.Прашањето нема никаков логичен смисол.Ист вид на контрадикција што се прави како кога ќе речеме дека некој успешно завршил некоја работа која е невозможна.
Замени ја фразата за каменот и постави го вака прашањето:
”Дали е Бог толку моќен што може да направи успешно се,вклучувајќи ги и работите што не може да ги направи”
Гледаш ли каде е нонсенсот?
Сепак,најисправен и наједноставен одговор што можеш да го добиеш е НЕ.
Бог не може да прави работи кои не може да ги направи!
(и да,има работи кои Бог сепак не може да ги направи,според Библијата,нпр.
Бог не може да лаже,едноставно тоа не е дел од неговата природа,не може да оди против себе)
Не е важно колкав камен и да е створен,Бог секогаш ќе може да го подигне(ако одиме до таму)
Бог не е толку моќен за да ја искомпромитира својата моќ.
Се надевам дека ја свати поентата и забележа каде е курцшлусот во прашањето.