Ако бог го створил светот, кој го створил бог?

  • Креатор на темата Креатор на темата CopyOfDeath
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
dawn напиша:
што ке ти е тоа прашање... ама ај... тоа било друго време, и не било проклетство да се размножуваат така... доколку сега је проклетство...
тогаш Господ предодредил така и се раѓале здрави прави... и одкога е дојден доволен број луѓе... тогаш веке врската станала многу подалечна... и тогаш неморале да бидат со блиските... и потоа е дадена забрана од Господ да не бидат заедно блиски роднини....
се надевам сфати, ама ако си само еден атеист... тогаш не ти требаат вакви прашања и одговори... зошто? затоа што ова се само прашања за буцкања... кој што тебе не ти е грижа... и се преминува во празни разговори...

Aaa... Така значи...
Ај сега објективно, отвори очите и прочитај дали ова е доволно добро објаснување... Толку е бедно што неможам ниеден друг коментар да дадам...
 
Ако можеш да ја проголташ глупоста дека Бог создал се`, тогаш не би било тешко да прифатиш дека Бог не го створил никој, туку дека едноставно Е.

Така некако им одат аргументите на верниците. Pretty lame, though.
 
P.Overdrive напиша:

Па, нели ако можат да поверуваат дека Бог се створил сам себе т.е. едноставно е, ондак би требало да можат да ја голтнат помислата дека и Универзумот едноставно Е - створен самиот :toe:
 
dawn напиша:
Да, а и тие фосили се спомнати во неа...

јас ги имам цврстите докази секаде наоколу... а атеистичките докази за мене се екстремни... ЗОШТО? затоа што треба да имаш многу луда вера и екстремна вера за да се убедуваш дека се е туку така само создадено... као да веруваш дека тоа компјутерот пред тебе сам се создал... е за тоа мене ми треба многу поголема вера отколку оваа што сега ја имам во Господ... понормално е ова верување...

ако беше само уште една книга напишана од човек, тогаш немаше да постои вака како што сега постои, една од највлијателните книги на сите векови...

Фосили спомнати во библијата? Јас како што знам во библијата нема никакви диносауруси, туку директно се трга од човекот. Кога биле тие фосили?

Гледам спомна компјутер. Ако Господ навистина не создал нас и создал се, тогаш зошто прво не создал толку примитивни? Зошто од одма не ни дал компјутери?
 
SCORPIO__20 напиша:
во првите децении на настанокот на светот старосниот век на лугето траел до 500 години па постепено се намалувал на 300 на 250 ..
Oд кај д фак ти е информацијава?
Сериозен си?:pos2:
 
PA NE BI REKOL DEKA NE POSTOI A I NE TREBA DA SE OTVARA DIJALOG NA OVAA TEMA ZASO MN KE SE NAVREDAT TOA E ISTO TAKA INTIMNA RABOTA KOGA PRASUVAS NEKOJ ZA VERA NEKOJ KE TI ODG. NEKOJ MOZE DA GO NAVREDIS SITE SI IMAME SVOE MISLENJE TAKA DA JA SUM LICNO JAS DEKA POSTOI I DEKA E EDEN I DEKA SITE NE CUVA KOLKU I DA NE E REALNO JA VERUVAM ZATOA REKOV " SEKOJ SI IMA SVOE MISLENJE" DA NE ME SVATITE POGRESNO POZDRAV :)))))
 
Мистичен напиша:
Oд кај д фак ти е информацијава?
Сериозен си?:pos2:
Па, од библијата му е... И не е 500 туку 930 години Адам тука
контраеволуција, место еволуција :)

Аfter the great flood of Noah’s day that occurred over sixteen centuries from the time of Adam’s creation, human life span dropped sharply. Among those born after the Flood, life span continued to decline more gradually:
Adam 930
Seth 912
Enosh 905
Kenan 910
Mahalalel 895
Jared 962
Methuselah 969
Lamech 777
Noah 950
Shem 600
Arpachshad 438
Shelah 433
Eber 464
Peleg 239
Reu 239
Serug 230
Nahor 148
Terah 205
Abraham 175...
 
Хмм епа ако сите по толку живеале требало уште од тоа време земјата да биде пренаселена а не сега кога животниот век е околу 67 во просек(тоа за балканските држави). Во Африка е околу 40 а во Јапонија 80. Нема смисла тогаш да живееле по цели милениуми
 
KohlBass напиша:
Aaa... Така значи...
Ај сега објективно, отвори очите и прочитај дали ова е доволно добро објаснување... Толку е бедно што неможам ниеден друг коментар да дадам...

доволно е за оној што сака да разбере... ако ти е бедно тогаш нека ти е... не е битно... што сакаш мисли....

Samara напиша:
Фосили спомнати во библијата? Јас како што знам во библијата нема никакви диносауруси, туку директно се трга од човекот. Кога биле тие фосили?

Да, во Библијата... ако не си информирана почни да се информираш за тоа... оди барај христијанска литература... за се си има одговори... а вака на секој ке му текне некое прашање од ракав и ние треба за се да одговараме, да не треба и тоа што сме го читале да ви го пишуваме тука... за се што ке ви падне на памет ај бутај прашања... тоа само колку да се буцка демек Бог не постои вака така, ај ова зошто така ај она... ако сте во потрага за одговори и ви е грижа треба да ги барате да се информирате да читате...
И не е напишано името диносауруси во Библија... не барај така... тоа ти е исто како да бараш збор патики во Библија...

Samara напиша:
Гледам спомна компјутер. Ако Господ навистина не создал нас и создал се, тогаш зошто прво не создал толку примитивни? Зошто од одма не ни дал компјутери?

А да те прашам зошто ти учиш основно... зошто не одиш директно на факултет?
тоа ти е исто кога земаш да учиш да свириш, сакаш одма да бидеш виртуоз на некој инструмент? или тоа оди постепено...?
така и со човештвото... постепено тоа учи и дознава работи...
а ако Бог не создал така како што ти сакаш тогаш ке бевме само роботи а не со слободна волја... Он не создал со слободна волја...
 
Имало диносауруси, само му биле многу тешки на Ное да ги земе во бродот :)

Ајде погледнете сериозно... не верувам дека еден разумен човек може да верува во концептот: Адам и Ева, според сите логики, според сите пронајдоци - постои ЕВОЛУЦИЈА!

Не бил секогаш човекот доминантен на земјата, не може во исто време да живеел и човекот и сите животни. Коските пронајдени од диносауруси се 227 милиони години стари. Најстарите коски од луѓе се: 200 илјади години... Малку логика малку логика....
 
Toа и сакав да го кажам. Според библијата бог го создава светот за 6 дена. Во тие 6 дена ги создал и животните, и луѓето (Адам и Ева). Па како може најстарите коски од луѓе да се најдени пред 200 илјади години, а коските од диносаурусите пред 227 милиони, ако тие заедно се создадени за една недела?
Точно, логика.

Исто така, dawn, НИЕ сме тие што се развиваме за да одиме во основно, средно, факултет итн. Така било и со човекот. ЧОВЕКОТ е тој што со пат на еволуција станал тоа што е денес. Тој ја развил технологијата што ја имаме денес, таа не ни е дадена од господ. Господ не ѓи прави зградите, компјутерите, прозорците, чашите...Човекот ги прави. Тоа ми беше поентата за тие што трвдат дека господ создава се`.
 
Димитар напиша:
Имало диносауруси, само му биле многу тешки на Ное да ги земе во бродот :)

Не му биле тешки на Ное, ама тебе ти се тешки овие работи да ги прифатиш...

Димитар напиша:
Ајде погледнете сериозно... не верувам дека еден разумен човек може да верува во концептот: Адам и Ева, според сите логики, според сите пронајдоци - постои ЕВОЛУЦИЈА!

Јас па не верувам дека еден разумен човек може да верува дека се е создадено само од себе... дека од ништо таа тастатурата што штракаш на неа сама се создала и тоа кај тебе дома...

Димитар напиша:
Не бил секогаш човекот доминантен на земјата, не може во исто време да живеел и човекот и сите животни. Коските пронајдени од диносауруси се 227 милиони години стари. Најстарите коски од луѓе се: 200 илјади години... Малку логика малку логика....

А како па можеш да веруваш во тие глупости 227 милјарди години вака така... кој видел тоа? бил ли некој таму? според тие докази... си ги видел ли тие сите докази за еволуции чуда итн? тоа е лудост да не веруваш во Божја книга што е стара и останала влијателна од секогаш и никогаш нема да замре...
а веруваш во некојси шалабајзери што им текнало од ракав да вадат цифри... да солат памет... што денес ги има а утре ги нема... како што и науката функционира... денес вика едно утре друго...
А твојата вера е екстремна, веруваш во некојси човек од сега и ти кажал земјата стара волку толку... и ти екстремно му веруваш, тоа е исто како да ти е Бог тој... видел ли тој дека толку е стара? видел ли како се одвивало создавањето? од кај знае??? од кај си ти убеден во тоа??? значи твојот Бог е тие што вадат од разни теории само да не се поврзани со Создател... и јас не сум бил на создавањето и они не биле така? не си ми јасен... да имаш таква вера што е далеку полуда од верата во Бог, и веруваш на човек што му текнало нешто и утре ке умре... а се чудиш на тоа како може верници да има, што веруваат на Библијата што не е пишувана од некојси денес и што е непроменлива цело време сите векови... итн.
Чудни работи и верувања имаш... затоа не се чуди на верата во Господ... и ти си веруваш во Човек бог...

Samara напиша:
Исто така, dawn, НИЕ сме тие што се развиваме за да одиме во основно, средно, факултет итн. Така било и со човекот. ЧОВЕКОТ е тој што со пат на еволуција станал тоа што е денес. Тој ја развил технологијата што ја имаме денес, таа не ни е дадена од господ. `.

Очигледно не си сфатила што зборам...

Ние се развиваме со самото тоа што учиме... да те остават на пуст остров, одма ли ке знаеш се за него? постепено ке учиш каде има вода храна... понатака ке ти текне за да копаш па злато да најдеш...итн. со вековите се се надградува со проучување... е сфати го тој пуст остров дека била земјава и Господ не однел на тој пуст остров и сега ние ја проучуваме пронаоѓаме, итн.
А да не овој компјутер што е сега, е создаден одеднаш? не туку постепено со проучување се усовршува... значи тоа дека учиме... а ако е еволуција зошто не стануваме различни во телото туку само демек во умот се дешава еволуција... приказни за деца...

Samara напиша:
Господ не ѓи прави зградите, компјутерите, прозорците, чашите...Човекот ги прави. Тоа ми беше поентата за тие што трвдат дека господ создава се`.

А ние сме создатели така? а чим нешто не е создадено од наши раце како што е природата и се останато, тогаш не постои друг создател? тогаш се е само создадено не сме ние и чим не сме ние нема друг... овие згради си ги видовме и ние ги создадовме а другово не видовме и немааа НИЕ сме тие само... ГОРДОСТА на човештвото...
Тоа ти е исто како некое дете што било одгледувано во дивина и донесено во град и ке ви вика не ова е создадено само заедно со природата... и вие ке го убедувате... со тоа што ке градите пред него... арно ама Бог нема да ве убедува... Он се создал за нас за да ние само да веруваме... ама неќеме... затоа што гордоста владее... таа е родена од Луциферовата волја... и сега се простира во човековото срце...
ама еден ден ќе ја снема...
 
dawn напиша:
Јас па не верувам дека еден разумен човек може да верува дека се е создадено само од себе... дека од ништо таа тастатурата што штракаш на неа сама се создала и тоа кај тебе дома...
Можеби чудно, но ако мислиш дека сум атеист грешиш! верувам во некоја сила, нешто што е надвор од моите граници да го разберам.... Некој Создател, или ако сакаш наречи го Бог... Но и Христијанството како и секоја друга религија не може да ги прати новите откритија. Она што пред 2000 години мислеле дека земјата е плочка, и дека е центар на универзумот денес е смешно и да се помисли....Затоа не можам слепо да следам нешто што е без најмал доказ! Не можам да поврувам 100% на нешто што според моите умствени способности е невозможно!! ЕДНОСТАВНО невозможно! Бог го создаде светот, имеше потоп, сите се качија на Бродот на Ное, и пак почнаа да се размножуваат... човече... па како настанале црнците, кинезите (жолта раса)
 
Ок добро значи веруваш во Создател...
А за тоа со земјата... тоа биле само владетели со црквата кој збореле свашта... иначе во Библијата е пишува дека она е тркалезна итн. ама ај нема везе...

Целата работа е во твојата вера... ако не ти е докажано 100% неможеш да веруваш... тогаш твојата вера е слаба... тука ништо неможам... Господ вика дека само преку вера можеме да му се приближиме... чим ја немаш тогаш неможеш... и тие 100% никогаш нема да ти бидат докажани... така да нема потреба да збориме повеќе на темава... секој си се предопределил на нешто... тоа е тоа...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom