^^GoRiLLaZ^^
Happiness...?
Интересно... 
Во следните две години, на Грција ќе и’ биде потребна финансиска помош од околу 60 милијарди евра, како надополнување на претходно одобрениот пакет од 11 милијарди евра.
Министрите за финансии на ЕУ треба да го усогласат панот до крајот на месецов. Се разгледуваат неколку варијанти за ублажување на должничкото бреме на Грција. Атина планира прилив меѓу 15 и 30 милијарди евра од продажба на државните претпријатија.
Грчката влада е подготвена да го продаде својот дел во луксузното атинско одморалиште “Монт Парнес Казино“, хотели, како и да го даде под концесија комплексот за одмор со голф игралиште на островот Родос, кое е од светска класа, анализира “независимаја Газета“, пренесува Нетпрес.
“Сега е моментот да се купи дел од грчки остров“, коментираат аналитичарите.

“Распродажбата“ на Грција почнува

Грчката влада поседува околу 75.000 недвижни имоти. Очекувањата се дека во следните неколку месеци на продажба да бидат понудени првите 20-30 објекти. Според Аристотелис Каритинос, главен менаџер на Националната банка на Грција, од продажбата на државната сопственост владата се надева да инкасира од 15 до 30 милијарди евра. Сепак, властите треба да се уверат дека инвеститорите нема да имаат никакви правни или технички проблеми со недвижните имоти, во кои сакаат да вложат пари.

Претпоставките се дека грчката влада, сепак, нема да ја продава својата сопственост, тукуд ека ќе ја изнајми во рок од 30-40 години. Според аналитичарите, таа варијанта се налага од политички причини – на Грците че им биде објаснето дека инвеститорите само ја најмуваат земјата, но не ја владеат целосно. Освен тоа голем дел од државната сопственост е всушност дел од морското крајбрежје, кое може да се покаже како навистина скапо за привлекување на купувачи. Атина се надева на заработка и од т.н. обратен закуп. Грчките власти ќе ги продадат на инвеститори државните објекти, со услов потоа дкеа ќе ги изнајмат истите.

Ќе се покаже ли како ефективна “распродажбата на Грција“? Засега прашањето останува отворено. Во исто време Грците и немаат многу, многу опции на располагање за да се справат со должничката криза.
Во средата навечер во Виена министрите за финансии на земјите членки на ЕУ разгледуваа нов пакет за финансиска помош на Атина. Се очекува тој да биде усогласен до крајот на јуни, годинава. Главниот играч е Германија. Имено сега се налага Германците да бидат советувани, за повторно да и’ подадат рака на Грција. Берлин настојува договарањата за нови транши да редвидуваат и рок на враќање на веќе земените кредити. Против ваквиот германски став е Европската централна банка, која смета дека тоа може да има само негативни последици. Оттаму гледаат со благонаклонето кон џентлменски договор – европските банки да се согласат на доброволно финансирање на Грција на сегашното ниво, а во истовреме да добијат нови грчки облигации за сметка на старите долгови.
Извор: Точка