Не знам од каде е оваа теорија за сонцето, која ја кажува др. Слаѓана , првпат ја среќавам, а и на нет неможев да најдам ништо конкретно за оваа теорија, иако морам да признам дека уште ми делува збунувачки.
Она што можам да заклучам од она што го изнесува др. Слаѓана е следново:
1. Значи сонцето не генерира топлина , туку спирални зраци кои самите не се топлина, туку, во допир со материјата ( во конкретниов случај земјата и воздухот) ја побудуваат и материјата се загрева. Вселената е вогланом вакуум и поради тоа е ладна - нема никаква топлина.
2. Сончевите зраци не се светлина туку тие во допир со допир со материјата ( во конкретниов случај земјата и воздухот) ја побудуваат и така се раѓа светлината. Ова го објаснува фактот што вселената е темна.
Значи, без сонцето немаме ни светлина ниту топлина, светлината и топлината се создаваат на земјата под дејство на сончевите зраци, иако сончевите зраци самите по себе не се ниту светлина, ниту топлина.
До овде можам да најдам некако логика.
Понатака, самото сонце не ниту светло ниту топло - ни кажува др. Слаѓана.
Ако сонцето не е светло, тогаш астронаутите кои се наоѓаат во вселената - вакуум простор, не би требало да го гледаат - тоа би било црна маса која емитува невидливи зраци, нели? Досега не сум чул дека астронаутите кои биле во вселената, рекле дека не го гледаат сонцето. Затоа овдека не наоѓам логика во тврдењето на др. Слаѓана.
Дека самото сонце не е топло, вели др. Слаѓана Велков, науката кажува дека е топло. Како науката го докажува тоа - не знам. Но знам дека и најцврстите научни ставови и докази можат да подлежат на менување и побивање со текот на времето. Дури и горните слоеви на атмосферата се смрзнувачко ладни, додека во исто време долу на земјата температурата може да изнесува над 40 степени. Ти велиш дека тоа е поради гасовите и поради ефектот на стаклена градина, но и поради електромагнетното зрачење од сонцето, што донекаде оди во прилог на тврдењето на др. Слаѓана. Всушност ако сонцето директно емитува топлина каква што ние ја знаеме на земјата, тогаш приближувајќи му се на тој извор на топлина - сонцето, би требало да станува се потопло и посветло, а не се поладно и комплетен мрак како што е во вселената - што ќе рече др. Слаѓана.
Јас би прашал како науката го докажува фактот дека сонцето генерира топлина? -не земајќи ја во предвид земјата, зошто тука ќе речеме дека тука температурата се зголемува поради гасовите итн. Зошто навистина ако е така тогаш приближувајќи му се температурата треба да се зголемува, зар не? Истото важи и за светлината. Само тогаш ќе бидиме сигурни дека тоа е така. И се прашувам дали воопшто тоа може да се измери.
Не сакам да предјуцирам ниту едно тврдење, но морам да признам дека и одговорот што ти ми го даваш не ме убедува сосема дека баш тоа е вистината.
Вселената е воглавном мистерија и имаме уште многу да учиме за неа.