ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 62
Се почесто, кај нас секој што е поврзан на некаков начин со модата се нарекува стилист, почнувајќи од локалните бербери до штотуку промовираните модни креатори. Терминологијата на зборот е многу сложена, а самата професија уште повеќе. Стајлингот е можеби една од најнеразбраните професии. Не се потребни само ножици, материјал или пракса. Најпрвин е потребно разграничување на поимите, потоа разбирање на суштината и применување на истата во вистинска насока. Во модниот свет надвор од нашите граници стилистот претставува експерт кој го гради целокупниот стил на некој и нешто.
"Кај нас секој има право да се нарекува како што сака. Може некој да ти каже деа е астронаут или можеби марсовец, а тебе ти останува дали ќе го прифатиш како таков" - вели Томе Џамбазовски (македонски моден новинар) на оваа тема.
Во интернационалниот моден речник, името стилист се користи за оние што се квалификувани да го стилизираат изгледот на некој и нешто. Значи, тоа претставува професија за која е потребно соодветно образование и многу цврста основа за познавање на модата, во каква било форма.
Што мислите вие, што е уствари стилист, и дали кај нас има некој таков?
И секако, дали има таков кој се претставува како стилист, а нема поим од оваа професија?:wink: