Стилист - што е тоа?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
Се почесто, кај нас секој што е поврзан на некаков начин со модата се нарекува стилист, почнувајќи од локалните бербери до штотуку промовираните модни креатори. Терминологијата на зборот е многу сложена, а самата професија уште повеќе. Стајлингот е можеби една од најнеразбраните професии. Не се потребни само ножици, материјал или пракса. Најпрвин е потребно разграничување на поимите, потоа разбирање на суштината и применување на истата во вистинска насока. Во модниот свет надвор од нашите граници стилистот претставува експерт кој го гради целокупниот стил на некој и нешто.

"Кај нас секој има право да се нарекува како што сака. Може некој да ти каже деа е астронаут или можеби марсовец, а тебе ти останува дали ќе го прифатиш како таков"
- вели Томе Џамбазовски (македонски моден новинар) на оваа тема.

Во интернационалниот моден речник, името стилист се користи за оние што се квалификувани да го стилизираат изгледот на некој и нешто. Значи, тоа претставува професија за која е потребно соодветно образование и многу цврста основа за познавање на модата, во каква било форма.

Што мислите вие, што е уствари стилист, и дали кај нас има некој таков?
И секако, дали има таков кој се претставува како стилист, а нема поим од оваа професија?:wink:
 
Еднаш пишав на главна што е стилист, еве репринт:

Стилист е всушност моден креатор кој не креира ништо. Уште една од професиите кои немаат дефиниција. Сте се запрашале ли како изгледа работниот ден на стилистот? Дали мора да стане рано? Какво образование треба да поседува, дали плаќа пензиско и здравствено осигурување? Како би изгледал светот доколку стилистите би стапиле во генерален штрајк?
Најверојатно, многу од луѓето незнаат самите да се облечат, па се створила потреба од оваа благородна професија.
Првото прашање кое некако спонтано секогаш се поставува кога се дискутира за оваа професија е - дали секогаш стилистот мора да е од "оние"? Навистина, каде пишува дека личноста која знае добро да ги спари маицата и панталоните мора да биде хомосексуалец? Не. Првата причина зошто мнозинството стилисти се геј, е бидејќи нивната клиентела е претежно од женски пол. А на секоја жена и е непријатно да се соблекува во друштво на некој кој во секој момент би можел да и рипне, па да и ја расипе фризурата, или да и ја излиже штотуку нанесената шминка и помада.
Значи, ако сакаш да бидеш стилист, вежбај трпеливост и тренирај gay best friend. Биди онака лефтерно феминизиран, преправај се, па после некое време можеш да и кажеш дека си бил сигурен во својот избор се додека не си ја запознал неа. Која не би паднала на таа приказна?
Плус, дотогаш веќе сигурно ќе имаш собрано добар дел од нејзината кешарица.
 
Стилистот е експерт, го гради стилот и ги користи уметноста и науката за да ги направи луѓето и објектите поубави...
 
Стилистот обично го имаат холивудските ѕвезди и им помага да се облечат убаво и според последните модни трендови. Некои ѕвезди немаат време ни во продавница да одат и затоа тоа го прават тие, ама некои стилисти џабе ги плаќаат ( на пр. тој/таа на Бритни) кога некои луѓе се толку грдо и невкусно облечени да ти се згади животот.
 
Стилист е педеристично чоече кое се грижи за изгледот на шмизлите
 
Стилист е еден чичко кај кој идат девојки/дечковци со комплекси т.е. патат за да бидат у центарот на вниманието, фрлаат ненормално многу кеш на скратување на косата 2 до 5милиметри максимум и врз цела коса да ти стаи неколку тони некоја шкарт хемиска смеса на грди супстанци, од кои косата и кожата на главата ќе ти станат зависни и ќе бидеш приморан да одиш цело време кај тој стилист. Башка не користат фискални каси:pos:
 
цитат од кад порастем бичу кенгур, текст на Живац:

-Дај, ти кажи ми, што прават тие стилисти?
Градот е полн со стилисти. Воопшто не разбирам.
Што? Ако немаш стил, одиш кај стилистот и добиваш стил?
Да ти кажам кои се стилисти? Педери со вработување.
 
стилист е човек кој може да те посоветува околу твојот стил или да ти каже што најдобро ти стои...ама ако си знаеш шо да облечиш никој немора да те советува
 
Стилистот е експерт, го гради стилот и ги користи уметноста и науката за да ги направи луѓето и објектите поубави...

Да, и едноставно некои луге имаат навистина потреба од стилист.
 
Во контекст на темава еден виц...

Имала една мајка три сина, едниот фризер, другиот стилист, третиот исто така педер.

:toe:
 
Денес не се прави разлика помеѓу фризер и стилист. Сите се стручни стилисти и пуштаат реклами по ТВ како оној Сашо од Аеродром. Што е најтрагично, ние им веруваме на чинот што го краси нивното име додека не не ошурат и не ни направат некоја фризура па да изгледаме како печурка после дожд.
Среќа за мене што си најдов нормален фризер па не идам кај вакв ванаби фејмас.
 
Нешто како Боки 13 ама изгледа убаво...
 
стилист е човек кој знае кое со што најчесто се комбинира дава совети за како да бидеме поубави и средени за секоја прилика
 
За мене стилист е човек кој се разбира од облакање, може да те облече тип-топ, во стил, може да ти суреди супер флизура и има педерско понашање (немора да значи).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom