37 загинати во експлозии на московското метро

На Путин и Медведев сега им тѕреба добра проценка на состојбата и да се удри силовито внатре и што е најважно во странство а на тие што се лојални граѓани да им се овозможи што е можно подобри услови за живот.Значи тактиката на морковот и стапот.
Да се предупреди секоја држава во светот дека толерирање на терористи кои работат на изведување терористички напади во Русија ќе биде цел на напад на руската војска.Друг спас за овие гадови нема.Еве сега и во Дагестан умало терористички напад
 
И јас така некаде прочитав, дека многу Ингуши од комшилук ги праќале децата да учат таму. Има логика, Ингушите кои живеат во близина се претежно Муслимани (над 90%). Како и Дагестанците кои 99 се борат против Чеченската инвазија на Руска страна.

У ствари Чеченија после првата рчка (околу 96-та) станува де-факто независна држава и Руската војска се повлекува. Арно ама тогаш Чеченците вршат инвазија на Дагестан со надеж дека Дагестанците ке им се приклучат и да почнат борба за Кавкаски Емират.

Е сега команданти се Шамил Басаев и Ибн Ал Катаб (Арап од Саудиска Арабија) кои пред тоа почнале во сега слободна Чеченија да воведуваат Шеријат со сите убавини (сечење раце, нозе, глави, каменување и слично) а се со благослов на Масхадов кој глумел прецедател. Тука ги прокоцкуваат симпатиите на светот кои ги имале.

Арно ама Дагестанците (Муслимани бај д веј) не им се допаѓа нешто посебно Шеријатот и сите Дагестански борци што се собрале ги напаѓаат Чеченците и ја предупредуваат Руската војска со која заедно ја уништуваат оваа „инвазија“. По ова следи повторен Руски напад на Чеченија и останатото го знаеме.

Инаку Шамил Басаев и Ибн Ал Катаб во пограничниот регион имат истребено неколку мали села со што за жал ги убиле последните членови на една мала етничка заедница кои биле последен остаток од една лингвистичко-етничка група во светот. Иако Муслимани, селаните не сакале да живеат во калифат и како верни на Русија и „предавници“ Чеченците ги убиваат до последен.

Ништо чудно нападот во Беслан да бил со цел да се „казнат“ непослушните.

Од 20 милиони Муслимани во Русија поголем дел се лојални граѓани, а инаку од бившите Советски републики што сум запознал луѓе, на пример од Казакстан и Азербејџан, им беше чудно кога видоа кај нас жени забулени, иако и самите се Муслимани, кај нив барем во градовите само кога одат на џамија се покриваат. Мене ми е сеедно, слобода на избор.
Еден од најдобрите постови на темава :bravo:
Со една мала забелешка околу болдираното: Не само Дагестанците, туку и голем дел од Чеченците се против таканаречен „Кавкаски Емират„.

Неколку, барем за мене најбитни работи во врска со случајов:

-Жално за жртвите од овој кукавички напад, и за загинатите и за повредените. Нема оправдување за ваков подмолен напад, секој што би се обидел евентуално да го оправда и релативизира преку израмнување со злосторствата од другата страна е зрел за лечење.

-Уште пожално ако овој случај послужи како изговор за „отворена сезона за лов„ на муслимани, особено Чеченци, а голем дел од нив не го заслужуваат тоа. Се створи некоја атмосфера во која највеќе ќе страдаат невини – само во Москва има милиони муслимани, да не збориме за цела Русија, а најголем дел од нив се лојални на Москва.


-Врзано со претходното, многу луѓе по инерција го сведоа ова на „добри Руси„ против „лоши Чеченци“ и обратно, оттаму и повици за срамнувања со земја,... и што не. Во стварноста, токму најголем дел на Чеченците беа против „увезениот„ радикален ислам. Вистината е дека 2ра Чеченска војна има повеќе елементи на граѓанска, меѓу-чеченска војна отколку на судир против Русите. Споредете ги само имињата во постот на Eisenhorn, ( Ибн Ал Катаб плус Абу Ал Валид, Абу Ал Урдуни, борци за Исламска Република Ичкерија) со Рамзан и Ахмад Кадиров, Руслан и Сулим Јамадаев и Самад Какиев(на страна на Русите) па лесно се гледа кои се правите Чеченци овде.

Муабетот ми беше, убаво е да размислат за овie работи сите што одма би активирале бомби и би ја срамнувале со земја цела Чеченија, освен ако не се работи за некои бомби кои прават јасна разлика меѓу овие луѓе.:toe:

 
Данкешен Заајварспремен.

Целта на нападите е да се направи раздор, т.е. како што велиш обичните Руси и други немуслимани да немаат веќе доверба во своите сограѓани и да почнат со „одмазда“ што само ке го продлабочи овој јаз. Иако јас лично не би можел да се „одмаздам“ на некој што ништо не ми направил. Да ги фатам на пример организаторите да, ке ги мачам дур не станат Будисти, па атеисти па Христијани па пак Муслимани, али да повредуваш човек само затоа што има иста вера како некој деген не ми е јасно и се надевам нема да се случи во Русија.

А супер ги примети имињата, Арапи борци за независност на Чеченија. Јас пак ке кажам, Вахабистите се најголеми непријатели на Муслиманите во цел свет.
 
Јас пак ке кажам, Вахабистите се најголеми непријатели на Муслиманите во цел свет.

Сите проблеми ќе ги снема кога самите Муслимани ќе го сфатат ова. Сега за сега не е така.
 
Ајде уште бомби (не во Москва) и уште 12 души оридоа јабана за ништо...

Како за ништо?
Убивање на неверници* за тебе е ништо?
Оди у една од трите скопски џамии во централното подрачје. Оџата све убаво ќе ти објасни.



*а ако имало и Муслимани така им треба, зашто се мешале со Каури
 
Нападот на московското метро го извршиле 18 - годишна и 20 – годишна жена

Руските истражни органи го утврдиле идентитетот на првата жена самоубиец во петочниот напад на метрото во Москва. Станува збор за 17-годишната Џенет Абдурахманова.
Весникот “Комерсант“ ја пренел потврдата на руските власти, дека првиот напад го извела малолетничка од Дагестан. Младата жена била вдовица на исламскиот екстремист Умалат Магомедов, убиен во 2009 година. Тој пред убиството бил прогласен за емир на северно кавкаската република.
Рускиот весник ја објавил фотографијата на која биле Абдурахманова и нејзиниот сопруг. Тие се запознале преку интернет, кога девојката стапила во контакт во бунтовниците.
Вториот напаѓач жена што се што се разнела на станицата Парк на културата се уште не е идентификувана, но постело сомневање дека станува збор за Чеченката Марки Устаранова, членка на “Црните вдовици“. 20- годишната жена била вдовица на чеченскиот бунтовник Саид Емин Кизриев, убиен ланскиот октомври.
 
Ги наговориле....им ги испрале мозоците и ги пратиле во смрт...лоботомија...
 
Ајде уште бомби (не во Москва) и уште 12 души оридоа јабана за ништо...

http://news.yahoo.com/s/ap/20100331/ap_on_re_eu/eu_russia_bombings


.


Doku Umarov, who leads Islamic militants in Chechnya and other regions in Russia's North Caucasus, said in a video posted on a pro-rebel Web site that Monday's twin suicide attacks were revenge for the killing of civilians by Russian security forces.
Нели овој ќе беше мртов наскоро?!По се изгледа нема да биде мртов наскоро, туку ќе биде мртов откако ќе му успеат уште неколку бомбашки напади.:wink:
 
Neznam kolku od vas imaat prochitano za karikaturniot skandal - koj za malku ne gi narushi odnosite megju Rusija i Koreja
Stanuva zbor za dve karikaturi objaveni vo anglojazichniot korejski vesnik The Korea Times

Untitled-2q.jpg


Untitled-1%282%29.jpg


http://www.aif.ru/society/article/33896
 
Веќе им се извинија...
 
Спречени 10 терористички напади

fsb_agenti.jpg
Москва, 13 април (МИА) - Руските безбедносни агенции од почетокот на годината спречија 10 терористички напади и уапсија 170 екстремисти, соопшти денеска директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников.

Во операциите на безбедносните служби се запленети и 150 килограми експлозив и 100 рачно изработени бомби, а е откриена и терористичката мрежа од над 40 лица, која го организирала нападот во возот на релација Москва-Санкт Петербург на 27 ноември 2009 година, при што загинаа 26 лица. Од членовите на оваа група 26 се ликвидирани, а 14 се уапсени.

Извор
 
за жал повторно Московско метро - 20 погинати и над 50 повредени
3 вагони излетале од шините - Ужас

1_74550322.jpg

[DOUBLEPOST=1405448927][/DOUBLEPOST]бројот на повредените се зголеми на 160:eek:
и после 10 часа спасувачите сеуште наоѓаат живи патници во метрото.[DOUBLEPOST=1405449073][/DOUBLEPOST]бројот на повредените се зголеми на 160:eek: а на погинатите -21
и после 10 часа спасувачите сеуште наоѓаат живи патници во метрото.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom