Касиљас : Мурињо има посебен однос со тимот
На свеченото доделување на наградите на МАРКА ,каде доби награда за најдобар играч на светското првенство , Икер Касиљас говореше за Жозе Мурињо.Марка вчера ги доделуваше наградите за најдобар напаќач,тренер,најдобар домашен напаѓач,најдобар голман и најдобар играч на Светското Првенство каде Шпанија го освои златниот медал.Една од тие награди , поточно за најдобар играч на Светското Првенство ја доби голманот на Реал Мадрид , Икер Касиљас кој беше еден од најзаслужните за освојувањето на златниот медал.На таа свеченост Касиљас говореше за Мурињо и неговиот однос со тимот.
Касиљас:Мурињо има еден посебен однос со сите играчи од тимот.Во нас всади мисла дека мораме да бидеме силни одбрамбено а се останатот ке дојде.Многу добро се снајде во новата екипа и докажа дека е голем тренер.Оваа сезона нема да биде борба помеѓу Реал и Барселона туку овде е и Валенсија,Виљареал,Севиља и Атлетико кои покажаа дека се добри и мислам дека мала разлика ке одлучува за шампионската титула во Шпанија.
Извор:
РеалМадрид-МК
------------------------------------------------------------------------
Педро Леон сака да се врати во тимот
Откако поради своите испади беше отстранет од првиот тим , Педро Леон сега сака да се врати во тимот свесен за грешките кои ги направил.Се чини дека овој играч ке здогледа светло на крајот од тунелот откако мина бурна недела во која имаше проблеми со Жозе Мурињо.Педро Леон не беше во комбинација за мечевите со Оксер од ЛШ и Депортиво од Ла Лига.Леон се осеќа крив и сака да се бори за да се врати во првиот тим.
Извор:
РеалМадрид-МК
------------------------------------------------------------------------
Хуан Карлос прва алтернатива на Мурињо
Хуан Карлос на натпреварот против Депортиво доби шанса да дебитира во дресот на Реал Мадрид на што е многу горд.Откако во 78.минута влезе во игра на местото на Ди Мариа , младиот Хуан Карлос покажа дека може да биде квалитетна замена и дека може да смета Мурињо на него.Хуан Карлос е првиот играч од младинската школа на Реал кој оваа сезона доби шанса да игра за првиот тим иако во тимот од почетокот на сезоната тренира и Матеос но тој досега не добил шанса за настап.Хуан Карлос е полн со оптимизам и изјави дека ке се бори за место во првиот тим.
Хуан Карлос:Им реков на играчите во моја близина , Кристиано и Марсело дека не треба да се грижат и дека сум сигурен во себе.На мечот со Депортиво , Мурињо не можеше да види многу од моите квалитети но ми вети дека ке ми даде шанса и на наредниот меч за да можам да се докажувам во дресот на Реал Мадрид.Разликата помеѓу првиот тим и Кастиља е во интезитетот , тактичката работа е многу слична помеѓу двете категории.
Извор:
РеалМадрид-МК
-------------------------------------------------------------------------
Озил и Кедира уживаат големо внимание во Германија
Во Германија ,Сами Кедира и Месут Озил стана големи ѕвезди, посебно што и двајцата преминаа во Реал Мадрид.Во Германија се прогнозираше пад во формата откако и двајцата преминаа во Шпанија,бидејки се мислеше дека нема да добиваат голема минутажа.Сепак и двајцата експресно до добрите игри ги демантираа нивните сонародници и најавуваат дека ке бидат едни од главните играчи во репрезентацијата.
Извор:
РеалМадрид-МК