Како ја замислувате вашата свадба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе одам домазет у Грција таму зетовите добиваат мираз.
 
Како поле за сватовско војување со големината на подароците...
 
свадба во колем ноќен факиќ, со гласна рок/транс/ музика и то ..скромно :wink:
 
Ако даде Господ мојата свадба ќе биде ќе биде ќе бидеееее...
Ќе биде во лето! Ќе биде со среден број на гости, значи нема да има луѓе што никогаш не сум ги видела нити сум слушнала за нив, но тоа не значи дека ќе поканам само 20 души :) Ќе бидам многу убава:pipi: Најубава!:pipi: Нема да бидам трудна!!! Тоа е сигурно :) :wink: Не знам во каков простор би сакала да биде прославата, но со оглед на тоа дека ќе биде во лето ќе имам повеќе опции на располагање :)
Не знам за музиката што како ќе правиме ама нема да помине без изворни народни песни и Продиџи! :pos2:Кога ќе дојде време ќе се договориме со младоженецот околу репертоарот. Сигурно нема да биде некој сељак па да сака Цеца на свадба!
Би сакала да се венчам во црква, но сепак за таков чекор потешко би се одлучила отколку само за во матично, значи ќе МОРА да бидам сигурна во мојата и неговата љубов!
Исто се надевам дека нема да имам ограничен буџет за свадбата:wink: Но и да имам ништо страшно. Да сме живи и здрави.
:salut:
 
PREKRASNO -
poubavo samo na son
 
Едноставна,скромна ама убава,традиционално македонска. И во црква и во матично.
Со малку гости,со убав,прост :icon_lol: невестински фустан,во некое убаво кафанче за едно 10 години во зима. :)
 
Страв ме фака од самата помисла ...затоа не и мислам многу шо биде нека биде :))
 
Што е до мене би си ја направила со околу дваесетина гости, без многу кичерај и лажни осмеси, без многу малтретирање и лица што не ги знам. Но (секогаш има едно големо но.), бидејќи треба и желбата на моите и неговите да се испочитува сепак ќе имам голема свадба, со над 200 (ако не и повеќе) гости - тетки, вујни, стрини што не ги ни знам, со сите тие обичаи и глупости.
 
во секој случај нема да бидам трезен па ке си ја видам на двд ден два покасно
 
:pos2::pos2: Само без таква музика!




Се шалам пу пу...а може и така ќе е, зависи до гостите :toe: xD
 
Јас ја замислувам, ја разбирам свадбата како дешавка за културен натпревар меѓу сватовите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom