Нова економска теорија
НБРМ отстапува од сите можни модели за спроведување монетарна политика што теоријата и практиката ги познаваат и применуваат, особено во време на рецесија. Таквиот пристап, сигурно, ќе предизвика сериозни измени во наставните програми на економските факултети затоа што на студентите (а и на целокупната јавност) треба да им се објасни таа „најнова“ економска теорија која, очигледно, се претвора во ексклузивитет на РМ
Растежот на домашниот бруто-производ (БДП) на една земја е определен од личната, инвестициската и јавната потрошувачка, како и од потрошувачката на нејзиниот надворешнотрговски сектор. Веќе со месеци намалената ликвидност во економијата предизвикува личната и инвестициската потрошувачка во Република Македонија (РМ) да се движат по надолна или по стагнантна линија. Од разни причини, а најмногу поради намалување на странската побарувачка за домашни (македонски) производи, надворешнотрговската размена бележи намалувачки големини. Во такви услови, фискалната политика се најде во ситуација да дејствува осамено во обидите да се поттикне агрегатната побарувачка во земјата и економијата да се извлече од фазата на рецесија.
При реализацијата на таквата задача, фискалната политика е сериозно хендикепирана. Приливот на средства во буџетот на РМ не е на посакуваното ниво поради неликвидноста на економските субјекти и намалената агрегатна потрошувачка. За да го надомести недостатокот на средства, кои и се толку многу потребни за да ја придвижи економијата напред, државата се задолжува (иако во намалувачки обем и динамика) кај деловните банки. Тоа, во иднина, државата не ќе може да го прави во поголем обем од досегашниот. Поради тоа, како и поради потребата за спречување на натамошно влошување на состојбите во економијата, државата годинава ќе мора дополнително да се задолжува во странство со скапи кредити. Таа тоа ќе го прави во услови кога на сметките кај Народна банка на Република Македонија (НБРМ), во моментот, се имобилизирани 634 милиони евра на домашните економски субјекти. Се разбира, таквата состојба е нелогична и апсурдна. Зошто е тоа така?
Монетарната политика е вториот силен макроекономски инструмент за спротивставување на рецесијата. Меѓутоа, таа политика се наоѓа на маргините од случувањата во македонската економија во периодот откога и таа навлезе во вителот на светската економска криза. Се случува нешто сосема невообичаено. Наместо да се релаксира и во синхронизирано дејство со фискалната политика да дејствува во правец на зголемување на ликвидноста во економијата и за нејзино излегување од рецесијата, монетарната политика, од ден на ден, станува се порестриктивна.
Кај голем дел од јавноста преовладува впечатокот дека во последните неколку месеци НБРМ ја олабавила (релаксирала) монетарната политика со тоа што таа неколкупати ја намали референтната каматна стапка. Првпат тоа се случи кон крајот на ноември 2009 година кога каматната стапка по којашто НБРМ им пресметува и им плаќа камата на банките за запишаните благајнички записи ја намали од 9 на 8,5 отсто. Тоа, дури, и кај дел од стопанствениците (!?) предизвика нереални очекувања дека ете, стегите на НБРМ попуштаат и дека сега „полесно ќе се дише“. Ретко кој забележа дека само 2-3 дена по тогашното намалување на референтната каматна стапка, обемот на запишани благајнички записи на НБРМ се зголеми од 250 на 290 милиони евра! Тоа значеше натамошно „стегање“ на монетарната политика затоа што за дополнително зголемениот износ на благајнички записи (40 мил. евра) се намали обемот на расположливи средства на банките за кредитирање на претпријатијата и населението.
Таквата појава, во уште посилно изразена големина, се манифестира во почетокот на 2010 година. Паралелно со намалувањето на референтната каматна стапка на НБРМ (прво на 8, а потоа на 7,5 отсто годишно), обемот на запишани благајнички записи на НБРМ постојано се зголемува. На 10 март 2010 година нивниот износ достигна до, неверојатни, 397 милиони евра. Тоа се средства што се повлечени од сметките на банките и се имобилизирани (стерилизирани, замрзнати) на сметките на НБРМ. Истовремено, на сметките на НБРМ се издвоени 237 милиони евра врз основа на задолжителна резерва на банките. Тоа значи дека, на 10 март 2010 година кај НБРМ беа “стерилизирани” вкупно 634 мил. евра. Тие средства се надвор од процесот на економска репродукција!
Во исто време, забележлива е појавата државата да го намалува обемот на запишани државни записи и да ја намалува каматната стапка што ја плаќа за нив (таа стапка, моментно, изнесува 4,9 отсто). На 2 март 2010 година државата продаде државни записи (зеде пари од банките) во износ од 32 милиони евра. Следниот ден таа откупи државни записи (им врати пари на банките) во износ од 52 милиони евра. Тоа значи дека државата им врати на банките нето износ од околу 20 милиони евра. Во постојната состојба на неликвидност на стопанството, се очекуваше тие средства да останат кај банките и да се користат за одобрување кредити на економските субјекти. Меѓутоа, водејќи се од рационалноста во своето работење и во насока на зачувување на својата профитабилност, за истиот тој износ банките на 3 март запишаа благајнички записи на НБРМ на кои таа им плаќа камата од 7,5 отсто.
Банките тоа можат постојано да го прават затоа што НБРМ секоја среда им продава благајнички записи што тие можат да ги купуваат во неограничени износи. Со други зборови, во моментот, банките можат да ги пласираат сите свои слободни средства кај НБРМ по каматна стапка од 7,5 отсто годишно. Тие тоа ќе го прават и во случај НБРМ дополнително да ја намали референтната каматна стапка, затоа што “одобрувањето” кредити на НБРМ за нив е неризично и многу исплатливо. Поради тоа, нема да биде никакво изненадување ако Владата на РМ продолжи да го намалува обемот на продадени државни записи, а соодветно вратениот паричен износ банките да не го пласираат кај претпријатијата и населението, туку кај НБРМ. Ако НБРМ сака да го спречи тоа, тогаш таа ќе треба да го ограничи (намали) износот на благајнички записи што банките можат да ги запишуваат кај НБРМ, а нивната продажба да ја врши со примена на тендер со каматни стапки, каде што рангирањето за купување благајнички записи ќе се врши редоследно, од најдобриот (најниска понудена каматна стапка), до најлошиот понудувач (највисока понудена каматна стапка). Очигледно е дека во последните месеци НБРМ се претвори во складиште на неангажираните пари на банките. На тие пари таа плаќа камата. Бидејќи во оваа фаза од нејзиното работење НБРМ нема други позначајни извори на приходи, за плаќање камата на банките, таа ги користи средствата од добиената камата на државните девизни резерви што се чуваат во странски банки. Значи, не само што монетарната политика не се релаксира, туку таа секојдневно станува се порестриктивна. Тоа се случува во време кога состојбите во тековната сметка на платниот биланс се значително подобрени во однос на остваруваните во претходната година, кога девизните резерви растат и изнесуваат околу 1.650 милиони евра, кога стабилноста на девизниот курс на денарот воопшто не е загрозена, кога економијата е во рецесија со долготрајно присутни елементи на дефлација и кога неликвидноста на економските субјекти достигнува алармантни големини.
Со таквата поставеност, НБРМ отстапува од сите можни модели за спроведување монетарна политика што теоријата и практиката ги познаваат и применуваат, особено, во време на рецесија. Таквиот пристап, сигурно, ќе предизвика вршење сериозни измени во наставните програми на економските факултети затоа што на студентите (а, и на целокупната јавност) треба да им се објасни таа „најнова“ економска теорија која, очигледно, се претвора во ексклузивитет на РМ. Прашање е само, со кои аргументи ќе се оправдува практичната примена на таквата теорија, кога таа, очигледно, предизвикува негативни појави и тенденции во поголем дел од националната економија?
Томе Неновски
(Авторот е универзитетски професор)
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2CD0AC333495EE419758DF0593E7E0E2
Шамар за сите оние кои сметаат дека НБМ и Гошев добро си ја вршат работата!!:kesa: