Joy Division

  • Креатор на темата Креатор на темата DartWader
  • Време на започнување Време на започнување
large.png
 
Со овој бенд се сретнав дури откако го изгледав филмот, пред 3-4-5 години не знам точно, отсекогаш сум сакал вакви ликови кои се жртвуваат себе за музиката. Не жртва која овие нови лигави самонаречени музичари ни ја продаваат, 20 саати дневно крвава работа туку она вистинско жртвување, Ian Curtis. Колку поретка појава е талентот и она да се живее за музиката, колку повеќе денешната музика се сведува на профит, толку повеќе вреди Joy Division, барав нешто друго па случајно ја најдов темава и ја прочитав вака во ситни часови затоа што освен филмот не дознав ништо повеќе за дечките, останав само на музиката(на која едно време се прилично се навлеков и останав во таков mood со денови, секој ден навлегувајќи се подлабоко во текстовите, но не чепкајќи во биографиите на оние кои ги изведуваат, сметајќи дека може да наидам на сешто, а не сакам да ја рушам сликата што ја создадов преку музиката), а очигледно има што да се дознае.
Дискусијата за религиозната страна на музикава е bullshit, со сета почит кон учесниците во истата. Контрадикторноста е голем и неизбежен дел од денешново наше ебено општество како и глобално на ова време, точно е дека рисјаните само површно уживаат во музикава, но, од друга страна, освен добра анализа со цел да се извлече основата со цел што подобро да се доживее нивната музика, се подлабоко не носи никаква смисла. Дали треба да го сфатиме како грев уживањето во музика која го спомнува Бог во негативна конотација(иако само како создавател на реалноста-од која самиот Иан е разочаран)? Не би рекол.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom