Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

  • Креатор на темата Креатор на темата Hellz Guardian
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се изморих читајќи

Е, значи тва е битно... Да прочитате шо има напишано, има интересни факти и податоци шо секој фан на Јунајтед мора да ги знае. :smir:
 
Нека ни е честито новата тема.Секоја чест Хелз и Џену.Се наежив читајќи го воведот,коктел од чуства во мене.Најдобриот вовед за некој клуб на било кој форум во Македонија и пошироко.РЕСПЕКТ!

Се надевам дека што помалку оф топици ќе редиме во новата тема. :smir:
 
Sekoja cest za vovedot, jas sum nov na forumov ama u posledno vreme dosta citam. Vovedot mnogu mi se dopadna osobeno storijata za rajan gigs bravo........
 
Ајде нек се угоде...:je:

И секако денес одиме на победа против Пензионерос!
 
Прекрасно, феноменално, волшебно... немам зборови со кој би го опишал тоа што неколку минути го читав и што го има на почетната страна, иако скоро сите работи ми се познати, сепак воведот со задоволство го прочитав... прекрасен вовед, максимална заангажираност на неколку членови на форумот, пред се се мисли на HeLL'z и на Џену... уште еднаш Браво !!!

Нека ни е честита новата тема, која се надевам дека ќе ја испишуваме со коментари со кои ќе се радуваме на победи и на титули на нашиот клуб, клубот Религија !!! Се надевам дека во оваа тема нема да има расправии помеѓу членови, дека сите ќе бидеме сложни и заедно ќе се радуваме на успесите на Манчестер Јунајтед... Се надевам дека ќе можам да дојдам во Сабота во Скопје и заедно со вас да гледаме и да навиваме за Јунајтед против Лузерите :wink:

Утре, ПОБЕДА и ништо друго !!! Glory, Glory

158bmsw.jpg
 
Честито нова тема, да славиме многу успеси, титули, рекорди, индивидуалните награди на Вејн :), 12 ПЛ медаља на Гигс, 4ти ПЛ пехар у серија, елиминација на Милан и останатите во ЛШ и да го славиме прогласувањето на Ферги за крал на Велика Британија :pos2:

Воведот е феноменален, големо БРАВО за сите шо се потрудиле и одвоиле од своето скапоцено време :D за најголемиот клуб во светот, се гледаме највероватно у Шенклис, поздрав!
 
Дечки нека ни е со среќа новава тема за нашава религија.Како што и изминатите беа искористени за да ги споделиме и уживаме во успесите на најголемиот и најдоброит фудбалски клуб во светот,така и оваа нека биде уште поуспешна исполнета пред се со титули.
-Одлично сработена работа Хелз и Џену во врска со воведот и со тоа ја докажавте уште еднаш вашата лојалност кон Јунајтед!
Убеден сум дека вечерва ќе имаме прогрес во 1/4 финале на Шампионската лига па затоа останува на нас да ги поминеме како така овие останати 13тина часа(:vozbud:) а потоа заедно да уживаме во претставата што ќе се одигра на нашиот театар! Поздрав

:devil2::devil3:GLORY GLORY MAN UNITED:devil3::devil2:
 
Прво честитки за новата тема,одлично сработено со одличен вовед.Со среќе вечер на натпреварот со Милан,имате предност од 3-2 што е одлично но и немора да значи дека се е завршено,но мислам дека екипата на Манчестер е во предност со домашниот терен,влегува порелаксирано во овој реванш дуел бидејќи Милан е екипата која треба да брка резултат.Е сеа можеби лошо би влијаела оваа вест .Навивачите најавиле бојкот и празни трибини некаде околу 15-20 минути од почетокот на мечот,што би можело да влијае врз фудбалерите на Манчестер.Со среќа :wink:
 
Одличен вовед на Џену и Хелз навистина имаше информации кои првпат го дознав иако веќе 10+ години сум фан на Манчестер Јунајтед. Се надевам и оваа тема брзо ќе ја исполниме пред се поради успешни постигнувања на нашиот омилен клуб. Со среќа нека ни е вечер против Милан и конечно да ги скинеме тоа копилињата еднаш.:baeh:
 
Сонував како Милан имале 100% шанса во првите минути од натпреварот, Неста ја утнал, после ние сме презеделе иницијатива и сме дале гол во 20-23 минута.
Шо мразам кога сонувам победи, секогаш обратно излегуваат. :sram:
 
Е машки полов орган, кога можевме ја и Хелз ваква тема да отвориме, можат и они да потрчаат малце за победа :D
 
Кога ја отворих Првата тема за Јунајтед немав поим дека ке стане тоа што е денеска...
Би сакал Оваа тема да ја заокружиме со Титула во Премиер Лигата и Лига на Шампиони

One World One Love One UNITED!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom